Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
  Сабота, 3. декември 2022.

Дар во првата сабота за црквата во Кастељон, Шпанија

Шпанија, позната и како Кралство Шпанија, е суверена членка на Европската Унија. Нејзиниот облик на владеење е парламентарна монархија. Оваа сончева, климатски разновидна земја го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија. Нацијата зафаќа површина од 504.645 км², со население над 47 милиони. Кастиљскиот или шпанскиот е официјален јазик. Околу 96% се изјаснуваат дека се римокатолици, но само околу 20% од нив тврдат дека ја практикуваат својата вера.

Во 1958. година, во Барселона беше организирана првата група на РДАСД. Тогаш немаше слобода на совеста во нашата земја, но денес сме благодарни што уживаме во овој благослов. Градот Малага наскоро стана центар на нашата работа, а подоцна Мадрид, главниот град. Развојот на црквата беше бавен, но со Божјо водство беше поставен цврст темел.

Почнувајќи од 2000. година, Шпанија ги отвори вратите за имигрантите, и браќата од Романија, Украина, Молдавија и од Америка почнаа да пристигнуваат. Беше убаво да се видат верници од различни земји и јазици кои доаѓаат тука да заработат за живот. Тие го носеа во нивните срца богатството на сегашната вистина во оваа католичка земја.

Набрзо се соочивме со проблемот да најдеме доволен простор за сите верници. Изнајмувањето на простории беше првото решение, но тие простории набрзо станаа мали со континуирано доаѓање на десетици, дури и стотици браќа, особено во главниот град. Се соочивме со голем предизвик.

Потоа, во 2019. година, службениците во Шпанското поле, во целосна хармонија со црквата во градот Кастељон де ла Плана – град на источниот брег - одлучија да купат имот приспособен на сегашните и идните потреби на црквата. Овој имот е веќе купен, но има потреба од голема реконструкција - за што е потребна голема сума пари - а нашите средства се ограничени. Поради оваа причина, апелираме до нашите браќа, сестри и пријатели кои посетуваат саботно училиште ширум светот да дадат великодушно за црквата во Кастељон.

„Кој дели изобилно, сè повеќе има“ (Изреки 11:24). Ви благодариме однапред.

Вашите браќа и сестри од Шпанија

 <<    >>