Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 3. декември 2022.

Божјото складиште: Неговата црква

„Вие кои како живи камења сте вградени во духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос“ (1 Петрово 2:5).

„Христовата црква е многу драгоцена во Неговите очи. Таа е ризница што ги содржи Неговите драгоцености, трло што го опкружува Неговото стадо”. – The Faith I Live By, p. 280.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 9-16. 

Недела 27. ноември

1. ТРЛО ЗА ХРИСТОВОТО СТАДО

а. Зошто Бог има црква на земјата? 1 Петрово 2:5,9.

„Црквата е Божјо орудие за спасение на луѓето. Таа е организирана да служи и нејзина задача е да му го објави евангелието на светот. Божја намера уште од почеток е светот преку Неговата црква да го спознае совршенството на Неговата добрина, милост и моќ. Членовите на црквата, што Тој ги повикал од темнината во Неговата чудесна светлина, треба да ја одразуваат Неговата слава. ‘Црквата е ризница на богатството на Христовата благодат; и преку црквата Божјата љубов конечно ќе им се открие дури и на „на началствата и властите небесни’ (Ефесјаните 3:10)“. – Делата на апостолите, 9.

б. Кои особини се неопходни во Божјата вистинска црква? Откровение 14:12; Ефесјаните 4:4-6.

„Ние треба да се обединиме, но не на платформа на заблуда“. – Manuscript Releases, vol. 15, p. 259.


Понеделник 28. ноември

2. СИГУРНО ПРИБЕЖИШТЕ

а. Бидејќи само Христовото присуство (Јован 15:4,5) во нашето срце може да нè обедини во вистината, кој пример на првите ученици никогаш не треба да го заборавиме? Дела 1:13,14; 2:46; 4:32.

„(Дванаесетте апостоли) биле собрани заедно со своите мани, со сите наследени и стекнати склоности кон злото, но Сепак, во и преку Христа тие требало да живеат во Божјото семејство, учејќи да станат едно во верата, учењето и духот. Тие ќе имаат свои проби, свои навреди и различни мислења, но меѓу нив не можело да има неслога, додека Христос бил во нивното срце. Неговата љубов би ги навела да се љубат еден со друг; поуките на Учителот би ги воделе да ги усогласат сите разлики, донесувајќи ги учениците во единство, така што на крај биле еднодушни и истомисленици“. – Копнежот на вековите, 296.

б. Какви одговорности има секој од нас кога го посветува својот живот на Христа? 1 Тимотеј 3:15.

„Мошне е тесна и света врската помеѓу Христа и Неговата Црква - Тој е младоженец, а Црквата невеста; Тој е глава, а Црквата тело; врската со Христа, според тоа, вклучува и врска со Неговата Црква.

Црквата е организирана да служи; и во животот кој е посветен на службата за Христа, врската со Црквата е еден од првите чекори. Предаденоста на Христа бара верно исполнување на должностите во Црквата“. – Воспитување, 268,269.

в. Каква привилегија му се дава на секој член на вистинската Божја црква? 1 Јованово 1:7; Евреите 10:24,25.

„Проповедањето е само мал дел од работата што треба да се направи за спасение на душите. Божјиот Дух го убедува грешникот во вистината и го става во рацете на црквата. Проповедниците можат да го направат својот дел, но тие никогаш не можат да ја вршат работата што треба да ја врши црквата. Бог бара Неговата црква да се грижи за оние кои се млади по вера и искуство, да ги посетува, да не води празни разговори со нив, туку да се моли со нив и да им упатува зборови кои се како ‘златно јаболко во сребрена кошничка’ (Изреки 25:11)“. – Evangelism, p. 352.


Вторник 29. ноември

3. ПОВИКАНИ ДА СЛУЖИМЕ

а. Која должност на верниците често се занемарува? Псалм 60:4.

„Во многу наши организирани цркви, знамето на вистината се влече во прашина затоа што членовите не му служат на Бога, туку на сопственото задоволство. Тие работат преку влијанието што ја опкружува душата. Со поука и пример, во самозадоволување, во своите световни навики на облекување, со зборовите и постапките, тие сведочат против вистината, против самоодрекувањето, против Христовата кротост. Тие се духовно студени и далеку од Христа. Доколку одеа по Христовите стапки, тие би биле учесници во Неговото самоодрекување, во Неговото самопожртвување, со цел да ги подигнат и спасат душите кои се подготвени да загинат“. – Manuscript Releases, vol. 19, p. 173.

б. Каков е повикот на секој Христов следбеник? 2 Тимотеј 2:1-4.

„Христовата црква е организирана да служи; нејзината лозинка е: ‘Да се служи’. Нејзините членови се војници, кои мораат да бидат обучени за борба под раководство на Капетанот на нашето спасение. Христијанските проповедници, лекарите и учителите, имаат задача поголема отколку што многумина воопшто сфаќаат. Тие не треба само да им служат на луѓето, туку да ги поучуваат како и тие да им служат на другите. Не е доволно само да дадат инструкции за правилните принципи, туку треба да ги воспитуваат своите слушатели да ги пренесуваат тие принципи и на другите. Доколку не се спроведе во животот и не се пренесе на другите, вистината ги губи својата животворна моќ и исцелувачка сила. Нејзиниот благослов ќе биде задржан единствено, доколку таа биде споделена“. – Здравје и среќа, 148,149.

в. Што помага за обединување на црквата? Галатјаните 6:2; Ефесјаните 4:1-3.

„Црквата никогаш не може да ја достигне позицијата што Бог сака да ја достигне, сѐ додека нејзините членови не се обединат со врски на сочувство со своите мисионерски работници. Никогаш нема да постои единство за кое се молел Исус додека не постои духовност во мисионерската работа и додека црквата не стане агенција за поддршка на мисијата. Напорите на мисионерите нема да успеат додека членовите на локалната црква не ја сфатат обврската што лежи врз нив да им дадат на тие мисионери срдечна поддршка, не само со зборови, туку и со дела“. – Counsels on Stewardship, pp. 47, 48.


Среда 30. ноември

4. РАСТ И РАЗВОЈ

а. Како вдахновението го прикажува растот и развојот на верникот и црквата? Ефесјаните 2:19-22; 4:14-16; 1 Коринтјаните 3:9-13.

„Бог ја става на проба секоја душа која тврди дека верува во Него. На сите им се доверени таланти. Господ им ги дал Своите добра на луѓето да тргуваат со нив. Тој ги направил Свои повереници и им дал пари, куќи и земја. И сето тоа треба да се смета за Господов имот и да се употреби за напредок на Неговото дело, за подигање на Неговото царство во овој свет. Тргувајќи со Господовите добра, мораме да бараме мудрост од Него за Неговиот свет имот да не го употребуваме за издигнување на самите себе и за задоволување на своите себични желби. Големината на доверениот имот е различен; меѓутоа, тие што добиле најмалку дарови не би смееле да помислат заради тоа што даровите им се мали, дека не треба да дадат ништо“. – 9 Сведоштво, 245,246.

„Нашето дело не се издржуваше со големи дарови или наследства, бидејќи меѓу нас имаше малку богати. Која е тајната на нашиот напредок? Ние напреднавме под команда на Капетанот на нашето спасение. Бог ги благослови нашите здружени напори. Вистината се прошири и процвета. Институциите се намножија. Семето од синап порасна во големо дрво. Организацискиот систем се покажа како голем успех. На систематската дарежливост се пристапи во согласност со библискиот план. Телото на црквата беше ‘составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски’ (Ефесјаните 4:16)“. – Testimonies to Ministers, p. 27.

б. Што овозможува талентите и средствата кај верниците да се искористат на најефикасен начин? 1 Коринтјаните 1:10; 14:40. Од друга страна, што е тоа што предизвикува големи загуби кај многумина што ја празнуваат саботата?

„О, колку сатаната би се радувал да влезе меѓу Божјиот народ и да се деорганизира работата во време кога внимателната организација е толку битна; бидејќи во неа ќе има сила која ќе го спречи раѓањето на бунтот и ќе може да ги побие сите тврдења и мислења кои не можат да бидат поткрепени со Божјата реч. Да се ​​стремиме да бидеме единствени за да не се урне системот на организацијата и редот кој бил изграден со внимателна и мудра работа. На овој начин нема да им се дозволи на неуредните елементи да ја контролираат работата во овој момент. Живееме во време кога редот, системот и единството на дејствување се најважни“. – Testimonies to Ministers, p. 228.


Четврток 1. декември

5. НАЈДОБРА СЛУЖБА И СИГУРНОСТ

а. Опишете ја состојбата што мора да постои меѓу Христовите следбеници за да се обезбеди успех во нашите мисионерски потфати. Јован 10:16; 13:35; 17:18-23.

„Како што растеше бројот на членови, очигледно беше дека без некаков облик на организација ќе дојде до голема конфузија, а работата нема да може успешно да продолжи. Организацијата беше многу потребна за да се обезбедат средства за проповедниците, за работа во нови полиња, да се заштитат црквите и проповедниците од несовесните членови, да се зачува црковниот имот, да се објавува вистината преку печатот и од многу други причини“. – Testimonies to Ministers, p. 26.

„(Ангелот) рече: ‘Црквата мора да се обрати кон Божјата Реч и да се придржува кон евангелскиот ред кој беше лесно сфатен и занемарен’. Ова е неминовна потреба за црквата да дојде во единство на верата“. – Рани списи, 100.

„Исус се молел сите Негови ученици да бидат едно... Преку ова единство треба да го убедиме светот во Христовата мисија и нашата божествена легитимација во светот“. – The Review and Herald, March 11, 1890.

„Браќа и сестри, ако имало проблеми меѓу вас - завист, злоба, огорченост и лоши претпоставки - исповедајте ги овие гревови, не воопштено, туку одете лично кај вашите браќа и сестри. Бидете конкретни. Ако си направил една грешка, а тие дваесет, признај ја таа една, како ти да си најголемиот престапник. Земете ги за рака, нека вашето срце омекне под влијание на Божјиот Дух и кажи: ‘Ќе ми простиш ли? Не се однесував добро кон тебе. Сакам да ја исправам секоја грешка, за да не стои ништо запишано против мене во небесните книги. Морам да имам чисто досие’. Што мислите, кој би одолеал на ваков гест?“ – The Review and Herald, December 16, 1884.


Петок 2. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да ја препознаеме вистинската Божја црква?

2. Зошто членството во црква е важно за секој верник?

3. На кој начин можеме да бидеме во опасност да сведочиме против вистината?

4. Наведете некои фактори кои ќе го придонесат за негување единство во црквата.

5. Како треба да му го докажеме нашиот божествен авторитет на светот?

 <<    >>