Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
13. лекција Сабота, 24. декември 2022.

Завршување на делото

„Па им рече: ‘Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание’“ (Марко 16:15).

„Оние кои се радуваат на драгоцената светлина на вистината треба да почувствуваат горка желба да ја шират насекаде“. – Counsels on Stewardship, p. 42.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   9 Сведоштво, 51-60; 
  3 Сведоштво, 382-385. 

Недела 18. декември

1. ОДГОВОР НА МАКЕДОНСКИОТ ПОВИК

а. Иако литературата е моќно средство за мисионирање, кои чекори мора да се следат за да се исполни евангелскиот налог? Матеј 28:18-20. Како може да се исполни оваа потреба од вредни работници на евангелието? Исаија 52:7,8.

„Оваа работа на верно собирање на сите десетоци за да има храна во Божјиот дом, ќе обезбеди работници и за домашните и за странските полиња. Иако книгите и публикациите за сегашната вистина ги излеваат своите богатства на знаење во сите делови на светот, сепак мора да се воспостават мисионерски места на различни точки. Живиот проповедник мора да ги објавува зборовите на животот и спасението. Има отворени полиња кои ги повикуваат работниците да влезат. Жетвата е зрела, а сериозниот македонски повик за работници се слуша од сите страни на светот“. – Counsels on Stewardship, p. 39.

б. Која итна работа мора да се изврши? Марко 16:15.

„Големината на нашето дело бара Божјиот народ да биде дарежлив. Во Африка, во Кина, и Индија постојат илјадници, милиони луѓе кои не ја слушнале пораката на вистината за ова време. Тие мораат да бидат предупредени. Морските острови чекаат да го примат сознанието за Бога“. – 9 Сведоштво, 51.


Понеделник 19. декември

2. ВАЖНОСТА НА БОЖЈИОТ ДЕСЕТОК

а. Како вдахновението го нагласува личниот, човечки елемент во спасението на душата? Римјаните 10:13-15. Како можеме сите да бидеме вклучени во ова дело? Откровение 22:17.

„Проповедањето на Евангелието е од Бога одреден начин за преобраќање на човечките души. Луѓето мора да ја слушнат веста за да се спасат. Тие за неа не можат да слушнат без проповедник, а проповедникот мора да биде испратен. Затоа е потребно да има средства во благајната, за да се обезбедат средства за мисионерите да стигнат до сиромашните области. Во светлината на овој факт, како можат оние што тврдат дека се Христови следбеници да го лишат Бога од талентите што Тој ни ги доверил во форма на десеток и принос? Зарем ова не е скратување леб на гладните души? Задржувањето на средствата кои Бог ги прогласил за Свои и преку кои Тој го овозможил спасението на душите, сигурно ќе им донесе проклетство на оние кои на тој начин го ограбуваат Бога“. – The Home Missionary, April 1, 1895.

б. Што бара Бог ако пропуштиме да Му го вратиме десетокот навреме? Левитска 27:31. Кое искуство на една локалната црква во 1889. година може да ги охрабри сите денес?

„Последната сабота од старата година, ги поканивме оние што чувствуваат потреба да ги признаат гревовите да дојдат во една од црквените простории каде им се даде посебна можност за тоа. Јас зборував од последната глава од книгата на пророкот Малахија: ‘Смее ли човек да краде од Бога’. ‘Донесете ги сите десетоци во ризницата, па да има храна во Мојот дом, и потоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?’ (Малахија 3:8,10). Во врска со ова прашање беа направени многу исповеди.

Некои што не постапувале чесно со своите ближни ги признаа своите гревови и ја надоместија штетата. Во следните неколку седмици некои што не беа исправни во своите должности кон Бога заради што се одвоиле од Него, почнаа да го надоместуваат она што го ускратувале. Еден брат не давал десеток две години. Тој на секретарот на Областа му дал чек за десетокот што го задржувал и за каматата во износ од 571.50 долари. Му благодарам на Господа што тој брат имаше храброст да го направи тоа. Другиот брат даде чек од 300 долари. Еден човек кој толку отпадна од Бога што имаше малку надеж дека повторно ќе тргне по исправниот пат, даде чек од 1.000 долари. Беше предложено тие десетоци и дарови, кои долго биле задржувани, да се посветат за мисијата во Централна Европа. Така со тие дарови и со молитвените дарови таа црква во благајната приложи близу 6.000 долари да се употребат за мисионерска работа“. – 5 Сведоштво, 643,644.


Вторник 20. декември

3. ДА СЕ НАУЧИМЕ НА ВЕРНО ПЛАНИРАЊЕ

а. Каков приговорот бил упатен против великодушноста на Марија кон Исус? Јован 12:3-6. Како Христос ја пофалил Марија, и како сме предупредени да не даваме слични приговори денес? Марко 14:7-9.

„Правиме прогресивни движења; но на секој чекор мораме да ги отстраниме предрасудите и лажните идеи. Ова беше случај со секое реформско движење што светот го видел. За некои луѓе со слаба вера и себични, кои негуваат љубов кон пари, секој чекор напред им навестува општа катастрофа и расипничко трошење на средства. Тие се чувствувале како несреќниот Јуда кога скапиот мирис бил истурен врз главата на Исус. ‘Какво е тоа растурање? – рекол тој; ‘зашто тој мирис можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси’. Одново и одново, кога ќе се направи некој чекор напред, себичните и претпазливите луѓе мислат дека сѐ ќе пропадне; но кога, спротивно на сите изгледи, победата е извојувана, тие ја поздравија победата како знак дека Бог е во движењето. Кога толку целосно се покажа дека делото е од Бога, дека нема повеќе простор за неверување, на луѓето што го водеа, чии предвидувања и планови беа подобри од плановите на другите луѓе, кои работеа и покрај сите противења, сега им се оддава признание како луѓе кои се пред своето време, кои ги води Светиот Дух. Дали луѓето кои го блокираа патот ја сфаќаат работата што ја направиле? Дали гледаат дека со своите пари, сила, верба и храброст би придонеле работата да биде извршена со поголема сила и влијание и дека нивното занемарување да го направат она што можеле е грев?...

О, кога би живееле толку блиску до крстот за да можеме да гледаме како што Бог гледа и да работиме како што Тој би сакал да работиме“. – The Review and Herald, Febru­ary 5, 1884.

б. Која реалност треба да нѐ потресе и разбуди сега? Јован 4:35,36.

„Парите не треба да се користат за извршување на делото на Евангелието на некој мистериозен начин и преку невидливи, мистериозни орудија. Бог нема да истури пари од небесните прозорци за да ја изврши Неговата назначена работа, да ја шири вистината во нашиот свет и да спаси души за вечен живот. Тој го направи Својот народ управител на Неговите средства кои треба да ги користат за Неговата слава и за благослов на човечкиот род!“ – The Home Missionary, April 1, 1895.


Среда 21. декември

4. ВКУСНА СОЛ

а. Какви опомени им се даваат на сите што се трудат да Му оддадат чест на Христос? Матеј 5:13.

„Колку повеќе ќе сака секој верен управител да го зголеми делот од даровите што треба да се стават во Господовата ризница, отколку да го намали својот придонес за една јота или цртичка? На кого му служи? За кого ја подготвува понудата? За Оној од кого зависи секое добро во кое ужива. Затоа, никој од нас, кој ја прима Христовата благодат, нека не им даде причина на ангелите да се срамат од нас, а на Исус да се срами да нѐ нарекува браќа...

Оние кои се приматели на Неговата благодат, кои размислуваат за крстот на Голгота, нема да се распрашуваат за пропорцијата што треба да се даде, туку ќе чувствуваат дека дури и најбогатиот принос е премногу скуден, непропорционален со големиот дар на Единородниот Син на бесконечниот Бог. Со самоодрекување, дури и најсиромашните ќе најдат начини да добијат нешто за да му вратат на Бога“. – Counsels on Stewardship, p. 200.

б. Како сегашната вистина да се рашири по земјата? Проповедник 11:1,6.

„Пустите места на земјата треба да се обработуваат. Понизно потпирајќи се на Бога, семејствата треба да излезат и да се населат во необработените места на Неговото лозје. Како награда за нивната самопожртвуваност да го посеат семето на вистината, тие ќе жнеат богата жетва“. – The Review and Herald, August 26, 1902.

в. Кој е најитниот повик денес и зошто? Матеј 9:36-38.

„Кој е виновен за загубата на душите кои не го познаваат Бога и немале можност да ги слушнат причините за нашата вера? Каква обврска има црквата кон светот кој пропаѓа без евангелието? Ако нема порешително самоодрекување од страна на оние кои тврдат дека веруваат во вистината, ако нема порешителна верност во давањето десеток и приноси во ризницата, ако не се постават поголеми цели од оние што се постигнати, ние нема да го исполниме евангелскиот налог да одиме по целиот свет и да го проповедаме Христа на секое создание“. – The Home Missionary, April 1, 1895.


Четврток 22. декември

5. ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СЕКОЈ АГОЛ

а. Каков ќе биде славниот резултат од евангелскиот налог, и како можеме да бидеме благословени ако учествуваме во него? Откровение 18:1.

„Целото небо гледа со голем интерес кон црквата, за да види што прават нејзините членови како поединци за да ги просветлат оние што се во темнина. Полето е светот, а можностите за работа се толку големи што не можеме да ги задоволиме сите потреби со средствата со кои располагаме. Господ со години го предупредува Својот народ да ги ограничи своите желби, да не троши пари непотребно. Но, и покрај советите на Оној кој од почеток го знае крајот, многу пари залудно се потрошени. На дадените предупредувања не се обрнуваше многу внимание, а луѓето во својот ум погрешно ги толкуваа, отфрлаа или го извртуваа Божјиот совет, за да можат да ги остварат своите амбициозни планови, иако на тој начин, ги трошеа средствата со кои Бог можеше да биде прославен и почестен во ширењето на Неговата вистина. Господ милостиво го почестил човекот користејќи го како човечко орудие кое ќе соработува со небесните суштества, за да може светлината на вистината да свети во сите делови на земјата. Господ има Свои претставници кои ќе учествуваат во најмоќниот конфликт што светот некогаш го видел. Ако работниците останат понизни, учејќи се секојдневно во Христовата школа на кротост и понизност на срцето, Господ Исус ќе работи со нив. Оној кој соработува со Христа ќе сфати дека со тоа што ќе им даде на другите небесни добра, тој самиот ќе има корист. Тој ќе знае дека ‘кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен’ (Изреки 11:25)“. – The Review and Herald, February 27, 1894.


Петок 23. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Во која смисла литературата е ограничена во својата моќ да ја спаси душата?

2. Што открива важноста на точноста во давањето десеток?

3. Како можеме да бидеме во опасност да го повториме гревот на Јуда?

4. Што треба да имаме на ум кога одлучуваме колку да дадеме за Христос?

5. Како ќе се просветли светот - со нас или без нас?

 <<    >>