Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 17. декември 2022.

Библиски финансиски принципи

„И ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог“ (Второзаконие 28:2).

„Никој не може да собира богатство на Небото, а да притоа неговиот живот на оваа Земја не е збогатен и облагороден“. – Воспитување, 145.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 70-76; 
  Воспитување, 135-145. 

Недела 11. декември

1. ЛИЧНИ ФИНАНСИИ

а. Какви последици за сегашноста и за вечноста може да ни донесе занемарувањето на Божјото дело? Агеј 1:5-11.

„Оние кои себично го држат своето богатство нека не се чудат ако Божјата рака го растури. Ќе се случи на неразумниот син да му го дадат она што требало да го посветат на ширење на Божјото дело, но не било дадено, и тој син ќе го потроши тоа. Можеби во шталата ќе го најде мртов својот најдобар коњ, гордоста на суетното срце. Може од време на време ќе загине некоја крава. И жетвата може да изневери. Бог може да го растури богатството кое им го дал на Своите повереници, ако не сакаат да го употребат на Негова слава. Можеби некои нема да ги имаат тие загуби кои би ги потсетувале на должностите кои не ги извршиле, но видов дека токму тие можат да бидат во побезнадежна положба“. – 2 Сведоштво, 661.

„Занемарувањето да го признаете Христа во вашите сметководствени книги, ве лишува од големата привилегија вашето име да биде запишано во книгата на животот на Јагнето“. – Our High Calling, p. 192.

б. Што треба да имаат на ум сите оние кои вообичаено имаат тенденција да бараат помош, наместо да ја понудат? Второзаконие 28:12,13.

„Оние кои учествуваат во Христовата слава мора да учествуваат и во Неговата служба, помагајќи им на слабите, несреќните и очајните“. – Counsels for the Church, p. 60.


Понеделник 12. декември

2. УСЛОВНИ ВЕТУВАЊА

а. Каква желба Бог дури и денес има за Својот народ? Второзаконие 28:1-6.

„На секој верник му се упатува зборот: ‘Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог’ (Исаија 40:3). Бидете штедливи во трошењето на себе. Првиот чекор на самоодрекувањето е обично најтежок, но започнете без одлагање. Вашите дарови полни со самопожртвување ќе се користат за издржување на работниците во ова поле кои треба на паднатиот свет да му ја донесат последната порака на милост“. – The General Conference Bulletin, April 1, 1899.

„Според божествената намера, и христијаните, кои уживаат многу поголеми предимства отколку Евреите, не би смееле да бидат помалку дарежливи од нив. ‘Од секој, кому му е дадено многу, многу ќе се бара’ (Лука 12:48), рекол Спасителот. Дарежливоста што се барала од Евреите, во голема мера ја користел само еврејскиот народ. Денеска Божјото дело се раширило низ цел свет. Богатството на евангелието Христос го ставил во рацете на Своите следбеници и ги задолжил таа добра и радосна порака на спасението да ја носат низ цел свет. Затоа ние имаме многу поголеми обврски од стариот Израел“. – Делата на апостолите, 337,338.

б. Кои ветувања им се гарантирани на сите што го следат Божјиот финансиски план? Малахија 3:11,12.

„Секој може да има удел во ширењето на драгоценото дело на спасението. Без разлика на возраста или полот, секој може да стане Божји благајник и снабдувач на ризницата. Апостолот рекол: ‘Секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може’ (1 Коринтјаните 16:2).

Благодарение на овој план, постигнати се големи успеси. Кој ќе го прифати овој план, станува грижлив и верен Божји благајник. Кога сите би се држеле до овој план, тогаш немаше да има недостиг на средства, а последната вест на предупредување би можела да му се објави на светот. Ако сите го прифатат овој план, касата ќе биде полна, а оние што даваат нема да бидат посиромашни. Колку повеќе даваме за сегашната вистина, толку повеќе се приврзуваме кон неа“. – Messages to Young People, pp. 304, 305.


Вторник 13. декември

3. ПОУКИ ОД ХРИСТОВИТЕ ДЕНОВИ

а. Како може посветеноста на мудреците кон детето од Витлеем да ни послужи како охрабрување? Матеј 2:1,2,11.

„Мудреците биле меѓу првите што го поздравиле Откупителот. Нивните подароци биле први, кои биле положени пред Неговите нозе. Каква привилегија на служење стекнале тие со своите дарови! Бог радосно го почитува дарот што доаѓа од срцето кое љуби, правејќи го најуспешно во службата за Него. Ако сме го дале нашето срце на Исуса, тогаш ќе му ги донесеме и нашите дарови. Нашето злато и сребро, нашиот нај драгоцен земен имот, нашите највозвишени умствени и духовни дарови сето тоа радосно ќе му го посветиме на Оној, Кој не љуби и Кој се дал Себеси заради нас“. – Копнежот на вековите, 65.

б. Што треба да научиме од Марииното помазание на Исус? Марко 14:3.

„Кога одлучувате за износот кој ќе го дадете за Божјото дело, бидете сигурни дека секогаш е подобро тоа да биде повеќе, а не помалку од она што го бара должноста. Размислувајте кому вие давате, и таа мисла ќе го отстрани духот на алчност и себичност. При самата помисла за толкавата Христова љубов која Го навела на сè што направил за нас, ќе ни се пристори дека и нашите најголеми дарови не се вредни за Тој да ги прифати. Кога Христос е предмет на нашата љубов, свесни колку ни простил токму затоа што нè љуби, нема да застануваме да ја проценуваме вредноста на садот од алабастер во кој се наоѓа драгоценото миризливо масло. Тоа го правел лакомиот Јуда; додека оној кој го цени и прифаќа дарот на спасението ќе жали што мирисот на неговиот прилог не е за Бога уште поскапоцен и со поголема вредност“. – 4 Сведоштво, 485.

в. Како можат оние кои вообочаено зависат од милосрдието да станат како Марија - даватели на милостина? Дела 20:35.

„Кога оние кои во животот немале многу успех би биле подготвени да ги прифатат поуките, би можеле да стекнат навики на самооткажување и штедење, како и предност да уживаат во давањето, а не во примањето на милосрдие. Многумина всушност се мрзливи слуги. Кога трудољубиво би преземале сè што е во нивна моќ, многумина би искусиле големи благодати на укажување на помош на другите и би увиделе дека навистина ‘поблажено е да се дава, отколку да се прими’ (Дела 20:35)“. – 3 Сведоштво, 400,401.


Среда 14. декември

4. ВО ВРЕМЕТО НА АПОСТОЛИТЕ

а. Во објавувањето на Евангелието, каква ревност за таа цел треба да споделуваме со првите христијани? Дела 4:32-37.

„Таа великодушна дарежливост на верниците била последица од излевањето на Светиот Дух. Оние што го прифатиле евангелието биле ‘едно срце и една душа’. Нив ги раководела една заедничка желба - успехот на мисијата што им била доверена, и алчноста немала место во нивниот живот. Големата љубов кон браќата и кон делото што го прифатиле била многу поголема од љубовта кон парите и имотот. Со своите дела тие сведочеле дека вредноста на човечката душа ја ценат повеќе од секое земно богатство.

Така е секогаш кога Божјиот Дух владее со човечкото срце и живот. Оние, чиишто срца ги исполнува Христовата љубов, ќе го следат примерот на Оној кој осиромашил за ние да се збогатиме со неговото сиромаштво. Парите, времето, угледот и влијанието - сите дарови што ги примиле од Божјите раце - тие ќе ги ценат само како средство за напредок на неговото дело. Така било во првата црква. А кога во црквата на нашите денови ќе се покаже дека верниците, благодарение на силата на Духот, се одвратиле од земните работи и дека се подготвени да поднесат жртва за нивните ближни да можат да го слушнат евангелието, тогаш објавувањето на вистината ќе има силно влијание врз слушателите“. – Делата на апостолите, 70,71.

б. Што можеме да научиме од лукавата измама на Ананија и Сапфира и нејзините страшни последици? Дела 5:1-11.

„Сакајќи да се здобијат со репутација на самопожртвуваност, великодушност и посветеност на христијанската вера, Ананија и Сапфира го продале својот имот и дел од приходот го приложиле пред нозете на апостолите, преправајќи се дека дале сѐ. Од нив не било побарано да дадат сѐ што имаат за Божјото дело. Бог би прифатил дел од нив. Но тие сакале другите да мислат дека дале сѐ од себе. На овој начин имале намера да ја стекнат репутацијата што ја посакувале и во исто време да задржат дел од своите пари. Тие мислеле дека успеале во својот план; но го мамеле Господа и Тој веднаш се справил со овој прв случај на измама и лага во новооснованата црква. И двајцата ги убил, како предупредување до сите кои се наоѓаат во опасност да ја жртвуваат вистината за да се добие наклоност“. – Medi­cal Ministry, pp. 126, 127.


Четврток 15. декември

5. СИСТЕМАТСКО САМООДРЕКУВАЊЕ

а. Што треба да сфатиме за водењето и финансиската поддршка на Божјото дело на оваа земја? 1 Коринтјаните 14:33.

„(Бог) сака Неговото дело да се извршува темелно и исправно за да може да му стави печат на свое одобрување. Христијанинот мора да се соедини со христијанинот, црквата со црква“. – Делата на апостолите, 96.

б. Што треба да научиме од начинот на кој Божјиот верен народ покажал пример на самоодрекување? Евреите 11:8-10,24-26,37-40.

„Постоеше време кога имаше малкумина кои ја слушаа и ја прифаќаа вистината, а немаа многу од добрата на овој свет. Тогаш било потребно некои да ги продадат своите куќи и земјиштето и да купат поевтини, а нивните средства доброволно му биле позајмени на Господа за објавување на вистината и на друг начин да се помогне во унапредувањето на Божјото дело. Овие самопожртвувани издржаа немаштија, но ако издржат до крај нивната награда ќе биде голема.

Бог работи на многу срца. Вистината, за која малкумина се жртвуваа толку многу, триумфираше, и многумина ја прифатија. По Божја промисла оние кои имаат средства се доведени во вистината, така што, како што делото се зголемува, тие ќе ги задоволат потребите на Неговото дело. Сега Бог не бара куќи во кои треба да живее Неговиот народ, но ако оние што имаат изобилство не го слушнат Неговиот глас и не се одвојат од светот и не се жртвуваат за Бога, Тој ќе помине покрај нив и ќе ги повика оние кои се подготвени да направат сè за Исус, дури и да ги продадат своите домови за да ги задоволат потребите на делото. Бог секогаш ќе има доброволни приноси. Оние што даваат мора да го сметаат тоа како привилегија“. – Counsels on Stew­ardship, p. 215.


Петок 16. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како може примателот на милосрдието да биде негов дистрибутер?

2. Како нашето милосрдие треба да наликува на милосрдието на старите Евреи?

3. Кои примери на великодушност во Христовото време треба да нѐ инспирираат?

4. Што можеме да научиме од духот на ранохристијанската црква?

5. Како самоодрекувањето што го покажале пионерите на сегашната вистина може да се оживее и денес?

 <<    >>