Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
14. лекција Сабота, 31. декември 2022.

Наша последна шанса!

„Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи“ (Јован 9:4).

„Се приближуваме до крајот на историјата на оваа земја, и различните ограноци од Божјото дело треба да ги водиме со многу поголемо самопожртвување отколку што беше случај досега“. – Evangelism, p. 631.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   4 Сведоштво, 476-485; 
  6 Сведоштво, 445-453. 

Недела 25. декември

1. ПРЕД ИСТЕКОТ НА ЖИВОТОТ

а. На која реалност сите сме подложни? Евреите 9:27. За што треба да размислува секој од нас - без разлика дали е стар, млад, болен или здрав? Римјаните 12:11.

„Често се случува активен деловен човек да умре одненадеж, без никакви навестувања дека му претстои смрт и кога ќе се разгледа неговото водење на работите се испоставува дека сè е во крајна несреденост. Во настојување да се среди со неговиот имот, трошоците на адвокатските услуги однесуваат најголем дел, ако не и целиот имот, додека сопругата и децата, како и Христовото дело, се потполно запоставени. Верните повереници на Господовиот имот знаат како стои нивниот имот и како мудри луѓе, подготвени се на секакво изненадување. Ако нивното време на милост и проба нагло се прекине, тие нема да остават толкава заплетканост врз оние кои се повикани да го средат нивниот оставен имот по нив.

Многумина не одлучуваат да напишат тестамент додека уште се во здравје и сила. Меѓутоа, нашите браќа треба да ја преземат таа мера на претпазливост. Тие во секое време треба да знаат каква е нивната финансиска состојба, не дозволувајќи имотот да им остане несреден. Нивните имотно-правни работи треба секогаш да бидат така средени, што во секој момент можат мирно да ги остават“. – 4 Сведоштво, 482.

б. Што треба да земеме во предвид при изготвувањето тестаменти? Исаија 38:1.


Понеделник 26. декември

2. ПОДГОТОВКА ЗА КРАЈ

а. Бидејќи илјадници долари се изгубени затоа што луѓето умираат без напишан валиден тестамент, на која потреба треба да им се укаже на верниците? 1 Коринтјаните 4:2.

„Некои тестаменти се составени толку невешто и неодредено, така што законите за наследството ги прогласуваат невалидни и така Божјото дело губи илјадници долари. Нашите членови треба да се чувствуваат сериозно одговорни и како верни Божји слуги совесно и на време да го употребат своето знаење во тој поглед, така што тоа што Му припаѓа на Господа сигурно да оди во Неговата ризница.

Многумина покажуваат непотребна чувствителност во тој поглед. Тие сметаат дека да се испитуваат старите и изнемоштени за тоа каква намера имаат со својот имот значи да се стапи на забрането тло. Но ова претставува исто толку света должност колку што е и должност да се проповеда Божјата реч со цел на спасување на души. Мораме да го имаме на ум фактот дека овде се во прашање поединци кои во свои раце држат средства или имот кој Бог им го доверил и дека тие имаат намера својата должност во својство на повереници да ја пренесат на други. Треба ли да се дозволи средствата кои Бог им ги позајмил за да ги вложат во Неговото дело, да дојдат во рацете на неверниците само затоа што тие им се роднини? Зар христијаните, загрижени за идното добро на таквите свои браќа и за доброто на Божјото дело, не треба да им помогнат во правилна распределба на нивниот имот и во мудра употреба на талентите кои Господ им ги дал? Зар нивните браќа мирно да гледаат како тие го завршуваат својот живот, а не престанале навреме да го ускратуваат она што ѝ припаѓа на Божјата ризница? Тоа би преставувало страшна загуба и за нив самите и за Божјото дело; бидејќи оставајќи ги сите свои средства во рацете на оние на кои им е грижа за Божјата вистина, тие практично би направиле исто што и оној слуга во Христовата парабола кој го замотал својот талент во крпа и го закопал во земја“. – 4 Сведоштво, 479.

„Смртта нема да дојде ниту ден порано, браќа мои, само затоа што сте ја напишале својата последна волја. Кога им го оставате имотот на своите роднини, никако не заборавајте на Божјото дело. Бидејќи како Негови повереници го држите Неговиот имот, Неговите барања треба да ви бидат на прво место. На својата сопруга и деца, природно, не треба да заборавите; оставете им го делот кој им припаѓа ако тој им е потребен. Но не внесувајте во својот тестамент долг список на роднини на кои вашиот имот не им е потребен, туку тоа само се прави затоа што е таков обичајот“. – 4 Сведоштво, 482.

б. Без разлика дали живееме или умираме, што очекува Бог секој од нас да запомни? Римјаните 14:8,12.


Вторник 27. декември

3. ЗАВРШНО ДЕЛО

а. Која е нашата должност во овие последни денови? 1 Солунјаните 5:1-6; Захарија 10:1. Како можеме да го примиме доцниот дожд или „освежување“? Дела 3:19-21.

„Големото излевање на Божјиот Дух, кое ќе ја осветли целата земја со Неговата слава, нема да се случи додека не добиеме просветлен народ, кој од искуство знае што значи да се биде соработник на Бога. Кога со сето срце ќе се посветиме на Христовата служба, Бог ќе го потврди тоа со излевање на Својот Дух без мерка; но тоа нема да се случи додека поголемиот дел од црквата не соработува заедно со Бога. Бог не може да го излее Својот Дух кога себичноста и самоуживањето се толку очигледни; кога преовладува дух кој, ако се изрази со зборови, би го изразил одговорот на Каин: ‘Зарем јас сум чувар на брат ми?’ (Создавање 4:9)“. – Counsels on Stewardship, p. 52.

„Бог ги повикува луѓето да однесат опомена на светот кој спие и кој е мртов во престапот и гревовите. Тој бара доброволна жртва од оние чии срца се во делото, кои чувствуваат товар за душите за тие да не пропаднат, туку да имаат вечен живот“. – 6 Сведоштво, 446.

б. Што треба да биде на прво место во нашите умови денес, како поединци и како црковна организација? Проповедник 8:5; Јован 9:4.

„Сега треба да ги послушаме зборовите на нашиот Спасител: ‘Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват’ (Лука 12:33). Сега нашите браќа треба да ги смалуваат своите поседи, наместо да ги зголемуваат. Се наоѓаме пред преселба во една поубава земја – во небесната татковина. Според тоа, не треба да бидеме жители на оваа земја, туку стекнатото богатство да го направиме што е можно помало“. – 5 Сведоштво, 152.

„За што да собираме богатство? Да го збришат пламените јазици на последните денови? Дали треба да собираме злато и сребро за да сведочат против нас на судот - да го проголтаат нашето тело како оган? Дали ќе се држиме за нашите имоти додека не паднат во рацете на нашите непријатели? Доаѓа време кога оние што ги држат заповедите нема да можат ниту да купуваат ниту да продаваат. Од каква корист ќе ни бидат тогаш куќите и земјиштето, банкарските акции и имотот? Сега е време да ги сместиме нашите богатства таму каде што ќе бидат вечно безбедни“. – The Review and Herald, December 6, 1887.


Среда 28. декември

4. ПРАКТИЧНА ПОДГОТОВКА

а. Зошто Христос сè уште не се вратил? 2 Петрово 3:9. Како можеме да избегнеме да ги изгубиме сите наши средства во пророштвото кое наскоро треба да се исполни? Исаија 2:20; Езекиел 7:19; Псалм 96:4-8.

„Кога нашите браќа би ја дознале вредноста на душите во светлината на тоа колку нивното спасение го чинело Исуса, би знаеле дека душите имаат поголема вредност од куќите и земјиштето, златото и скапоцените камења или високите почесни позиции“. – The Review and Herald, February 5, 1884.

„Божјото дело ќе биде се пообемно, и ако Неговиот народ го следи Неговиот совет, нема да има толку многу средства во нивна сопственост што може да се уништат во последниот пожар. Сите ќе го положат своето богатство таму каде што молецот и 'рѓата не можат да ги расипат, и нема да има ништо што срцето би го врзало за оваа земја“. – Counsels on Stewardship, p. 60.

б. Што им ветува Христос на сите кои, преку верна жртва, сериозно се подготвуваат за Неговото враќање? Исаија 33:14-17.

„ Господ во повеќе наврати ми покажа дека создавањето на залихи за подмирување на нашите земски потреби во времето на неволјите е спротивно на учењето на Библијата. Всушност светиите и да сочуваат нешто од намирниците во својата куќа или поле, видов дека во времето на неволјите, кога на земјата ќе наиде меч, глад и помор, насилничките раце сето тоа ќе го однесат, и туѓинци би ги жнееле нивните полиња. Тоа ќе биде момент во потполност да се надеваме на Бога и Тој ќе нѐ прехрани. Видов дека во тоа време ќе биде обезбеден леб и вода, дека нема да трпиме ниту немаштија ниту глад, зашто Бог е во состојба во пустина да ни постави трпеза. Кога би било неопходно Тој би пратил гаврани да нѐ хранат, како што тоа го стори за Илија, или би ни пуштил мана од небото, како што направи за Израелците.

Во времето на неволјите, куќите и земјата нема да им бидат од никаква корист на светиите, бидејќи ќе мораат да бегаат од разбеснетата толпа; нивниот имот тогаш нема да може да се употреби за унапредување на делото на сегашната вистина. Покажано ми е дека Божја волја е светиите, пред да дојде времето на неволјите, да се ослободат од она што ги оптоварува и со Господа да направат завет на жртва. Ако сѐ што имаат го положат на олтарот и сесрдно го запрашаат Господа за својата должност, Тој ќе ги поучи кога треба да се ослободат од својот имот. Така во времето на неволјите ќе бидат слободни, без ништо што би ги оптоварувало и успорувало“. – Рани списи, 56.


Четврток 29. декември

5. ВИСОКО ПРОФИТНА ИНВЕСТИЦИЈА

а. Која е најдобрата инвестиција достапна денес - и зошто? Лука 12:32-34.

„Да бидеме искрени со Господа. Сите благослови во кои уживаме доаѓаат од Него; и ако Тој ни го доверил талентот на средствата, за да можеме да помогнеме во извршувањето на Неговата работа, дали можеме да ги задржиме? Дали ќе речеме: ‘Не, Господи, моите деца не би биле задоволни и затоа ќе се осмелам да не му се покорувам на Бога, закопувајќи го Неговиот талент во земјата?’

Не треба да има одложување. На Божјото дело му е потребна вашата помош. Ве молиме, како Господови управители, да ги ставите Неговите средства во оптек, за да обезбедите услови преку кои многумина ќе имаат можност да ја дознаат вистината“. – Counsels on Stewardship, pp. 44,45.

б. Каква изјава ќе даде Бог на крајот на времето? Псалм 50:3-5. Како сите што склучуваат завет преку жртва ќе бидат богато наградени? 1 Коринтјаните 15:51-58.

„Има награда за сесрдните и несебични работници кои влегуваат во ова поле, но и за оние кои доброволно придонесуваат за нивна поддршка. Оние кои се ангажирани во активна служба на теренот и оние кои даваат од своите средства за поддршка на овие работници ќе учествуваат во наградата на верниците...

Тие веќе не се сеќаваат на самоодрекувањето што го практикуваа како поддршка на делото. Додека гледаат во душите што ги придобиле за Исус и ги гледаат спасени, вечно спасени - споменици на Божјата милост и љубовта на Искупителот - низ небесните сводови одекнуваат извици на пофалба и благодарност“. – Counsels on Stewardship, pp. 348,349.


Петок 30. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кое суеверие за правењето тестаменти е штетно за Божјото дело?

2. Зошто не треба да занемариме да зборуваме за правење тестаменти?

3. Која е една од причините зошто многумина нема да го примат доцниот дожд?

4. За што треба да бидеме свесни пред да се приближи времето на неволја?

5. Како и кога се плаќа каматата за богатството сочувано на небото?

 <<    >>