Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
  Сабота, 1. октомври 2022.

Дар во првата сабота за седиштето на Боливиската Унија

Боливија е земја без излез на море која се наоѓа во централно-западниот дел од Јужна Америка; на север и исток се граничи со Бразил, на југ со Парагвај и Аргентина, а на запад со Чиле и Перу. Бидејќи се наоѓа во тропската област, Боливија има широк опсег на температури поради различни надморски височини - температури кои се движат од оние кои често можеме да ги најдеме во екваторијалните низини пa сѐ до арктичкиот студ.

Овде живеат над 11,5 милиони жители на површина од околу 1,099 милиони км².

Населението на Боливија е мултикултурно; главен јазик што се зборува е шпанскиот (88,4%) како мајчин јазик, а зад него следат некои од домородните јазици: кечуа (25%), ајмара (11%), гуарани (1%) и други (4%) - вклучувајќи уште 34 домородни јазици.

Боливија во моментов е секуларна држава која на своите жители им гарантира слобода на вероисповед. Пораката на Реформното движење на АСД пристигна овде во четириесеттите години на дваесеттиот век. Со текот на годините делото брзо се развиваше, како дел од Јужноамериканската унија, заедно со Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај.

До 1994. година, делото во Боливија беше доволно напреднато за да се формира посебна Унија - Боливиска Унија - која започна со работа во градот Санта Круз де ла Сиера. Како што делото продолжи да напредува, ние сега ја увидуваме потребата да изградиме ново седиште во градот Кочабамба. Со оваа цел на ум, браќата заедно со Одборот на Боливиската Унија, набавија голема парцела земја која еден од нашите браќа великодушно ја донираше специјално за оваа намена.

За да почнеме да градиме, потребна ни е љубезна помош од нашите браќа ширум светот. Однапред ви благодариме за вашиот љубезен придонес за развојот на Божјото дело овде во Боливија. Тие се меѓу оние за кои е напишано: „Во католичките земји на Европа и Јужна Америка, во Кина и Индија, на морските острови, во сите мрачни делови на земјината топка, Бог има во резерва мноштво избрани ѕвезди кои ќе блескаат среде мракот и јасно ќе му покажат на отпадничкиот свет колкава моќ на преобразување има покорувањето на Неговиот закон“ – Пророци и цареви, 188,189.

Ве молиме подадете ја вашата рака за помош денес. Господ нека ве благослови!

Вашите браќа и сестри од Боливиската унија

 <<    >>