Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 9. октомври 2022.

Врховен Дародавец

„Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена“ (Јаков 1:17).

„Бог е љубов. И како што сонцето ги праќа сончевите зраци, така и љубовта, светлината и радоста се излеваат од Него врз сите Негови созданија. Во Негова природа е да дава. Самиот Негов живот претставува излевање на несебична љубов“. – Мисли од гората, 77.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Counsels on Stewardship, p. 72
  God’s Amazing Grace, p. 62

Недела 2. октомври

1. ОДЛИКИ НА БОЖЈИОТ КАРАКТЕР

а. Откако му дал живот на човечкиот род, што уште Бог му обезбедил? Создавање 2:7,15. Зошто е ова благослов за нас? Проповедник 5:12,18.

„Адам не требал да биде неактивен. Веднаш штом бил создаден, му била доделена работа. Тој требал да најде работа и среќа во грижата за работите што Бог ги создал, а како одговор на неговата работа, неговите потреби требало да бидат обилно снабдени со плодовите на рајската градина“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, pp. 273, 274.

б. Кои секојдневни докази ја откриваат Божјата изобилна љубов кон нас? Псалм 36:5-9; Плачот на Еремија 3:22,23; Дела 14:17.

„Ние сме должни (на Бога) за секој момент од постоењето и за сите удобности на животот“. – Counsels on Stewardship, p. 17.

„Самиот Господ за време на создавањето им дал живот на дрвјата и лозите. Неговиот збор може да ги зголеми или намали плодовите на земјата. Кога луѓето би го отвориле своето разбирање за да ја видат врската помеѓу природата и Богот на природата, би се слушнале верни признанија за моќта на Создателот. Без Божјиот живот, природата ќе пропадне. Делата што ги создал зависат од Него. Тој дава животворни својства на сè што природата произведува. Треба да ги сметаме плодоносните дрвја како дар од Бога, исто како да ги ставил плодовите во нашите раце“. – Lift Him Up, p. 62.


Понеделник 3. октомври

2. НАЈГОЛЕМИОТ ДАР

а. Кој е најголемиот од сите Божји дарови? Јован 3:16; Ефесјаните 2:4-7.

„Ризницата на евангелието, Патот, Вистината и Животот, била меѓу (еврејскиот народ), но тие го отфрлиле најголемиот дар што небото можело да им го подари“. – Христовите поуки, 105.

„Божјото срце копнее по Неговите деца на земјата со љубов, која е посилна од смртта. Давајќи го Својот Син, во тој еден дар Тој ни го подарил целото Небо. Животот на Спасителот, Неговата смрт и посредувањето, службата на ангелите, заземањето на Духот, делувањето на Отецот над и преку сите, постојаниот интерес на небесните суштества - сето тоа е ставено во служба за откуп на човекот“. – Патот кон Христа, 21.

„Христос нè купил со цената на сопствената крв. Тој ја исплатил неизмерната цена за нашето откупување и Бог бесплатно ни го дава ова богатство, само ако посакаме тоа да стане наше“. – 9 Сведоштво, 245.

б. Кога го следиме Христа, каков дар му ветува Отецот на својот Син? Јован 6:37-39; 17:24. Зошто овој факт треба сите да нѐ охрабри? Јаков 1:17,18.

„Колку Бог ги сака луѓето никогаш нема да можеме да пресметаме. Универзумот е полн со докази за Неговата неизмерна добронамерност“. – Battle Creek Letters, p. 65.

„Христос има право на сè што се наоѓа во овој свет. Тој вели: ‘Сè Ми предаде Мојот Отец’ (Лука 10:22). ‘Сè што има Отецот, Мое е’ (Јован 16:15). ‘Ми се даде секаква власт на небото и на земјата’ (Матеј 28:18). Сè што е на небото и на земјата е во Негова служба. Големиот дар на небесната љубов не требаше да се затвори во пазувите на Отецот; Христос требаше да им го даде на сиромашните човечки суштества.

Христос е полн со благодат и вистина. Тој е сè и во сите. Тогаш ниедно човечко суштество нека не се слави себеси. Славата треба да му се даде на Божјиот Син. Сега и засекогаш Тој треба да добива секаква пофалба“. – Battle Creek Letters, 65.

„Исус нѐ љуби бидејќи ние сме дар од Неговиот Отец и награда за Неговото дело. Тој нѐ сака како Свои деца. Читателу, Тој те љуби тебе. Ни самото Небо не може да ти даде ништо повеќе, ништо подобро. Затоа имај доверба“ – Копнежот на вековите, 483.

„Ваша привилегија е да верувате во љубовта на Исус за вашето спасение на најцелосен, најсигурен и најблагороден начин; да кажеш: Ме сака, Ме прифаќа; ќе Му верувам, бидејќи Тој го даде својот живот за мене. Ништо не ги отфрла сомнежите толку многу како доаѓањето во контакт со Христовиот карактер”—Testimonies to Ministers, p. 517.


Вторник 4. октомври

3. КОЈ Е ХРИСТОС?

а. Додека покажуваме почит кон Небесниот Отец како Творец, што треба да разбереме и за Исус Христос? Евреите 1:1-3; Јован 1:1-3.

„Ако Христос создал сè, Тој постоел пред сè. Зборовите кажани во овој поглед се толку децидни што никој не треба да се сомнева. Христос бил Бог во суштина, и во највисока смисла. Тој беше со Бога од вечноста, Бог над сите, благословен засекогаш“. – Lift Him Up, p. 16.

„Христос, Словото, единствениот роден од Бога, бил едно со вечниот Отец - едно во природата, во карактерот и во намерите - единствено суштество во целата вселена кое можело да навлезе во сите Божји совети и намери. Отецот преку Христа ги создал сите небесни суштества. ‘Бидејќи преку Него е создадено сè што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти - сè е преку Него и за Него создадено’ (Колосјаните 1:16). И на Христа, како и на Отецот, цело небо му укажувало преданост“. – Големата борба, 493.

б. Врз основа на што Христос има право на нашето обожавање и следбеништво? Ефесјаните 3:9; Филипјаните 2:5-10.

„Најголемиот дар што Бог можел да им го даде на луѓето го дал во дарот на Неговиот сакан Син. Апостолот вели: ‘Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сè друго со Него?’ (Римјаните 8:32). Немаше ништо во резерва. Никогаш нема да ни се даде друго време на милост. Ако неискажливиот Божји дар не го наведе човекот на покајание, нема ништо што може да го трогне неговото срце. Не постои дополнителна сила која би делувала на неговиот ум и би ја разбудила неговата чувствителност. Божјиот карактер е целосно откриен во Неговиот Син, целиот опсег на небесни можности ни е даруван за човекот да биде прифатен во Синот на Бесконечниот. Патот за враќање на човекот кон Бога и небото е без бариери. Покажана ни е неспоредливата длабочина на љубовта на Спасителот; и ако оваа манифестација на Божјата љубов кон синовите човечки не надвладее за да ги привлече луѓето кон Него, нема ништо друго што ќе го направи тоа“. – The Signs of the Times, December 30, 1889.

„Апостол Павле, пишувајќи под влијание на Светиот Дух, за Христа изјавува дека ‘преку Него е создадено сѐ... сѐ е преку Него и за Него создадено. И Тој е пред сѐ, и сѐ е во Него’ (Колосјаните 1:16,17). Раката која ги одржува световите во вселената, раката која одржува сѐ по целата Божја вселена во уреден поредок и неуморна активност, тоа е раката што била прикована на крстот за нас“. – Воспитување, 132.


Среда 5. октомври

4. НЕБЕСЕН ПРИНЦИП

а. Кој фундаментален концепт треба да го научиме од Христовиот пример додека Тој живеел на оваа земја? Лука 22:27 (последен дел); Евреите 5:8; 12:2,3.

„Планот на спасение е заснован и втемелен на жртвата. Исус ги напуштил царските дворови на небото и станал сиромав поради нас за ние да се збогатиме со Неговото сиромаштво. Сите кои учествуваат во процесот на спасување овозможен со непроценливата жртва на Божјиот Син се обврзани да го следат Неговиот совршен пример. Христос е аголен камен темелник и на тој темел сите треба да ѕидаме. Сите мораме да манифестираме дух на самооткажување и подготвеност на жртва. Несебичноста, понизноста и пожртвувањето биле обележје на Христовиот живот на Земјата. И зар луѓето како наследници на вечното спасение кое им го овозможил Христос, напуштајќи го и небото поради тоа, ќе одбијат да го следат својот Господ во Неговото самооткажување и пожртвуваност“. – 3 Сведоштво, 387.

б. Во која смисла треба радосно да го следиме Христовиот пример на пожртвуваност? 1 Петрово 2:21; Римјаните 12:1,2.

„Христос жртвувал сè за да му пружи можност на човекот да стекне спасение. Сега е ред на паднатиот човек да покаже што е подготвен да направи од своја страна поради Христа за да стекне бесмртна слава. Оние кои имаат правилна претстава за големината на сè што е жртвувано за нашето спасение никогаш нема да мрморат што мораат да сеат со солзи и што борбите и самооткажувањето се составен дел од христијанскиот живот на овој свет“. – 3 Сведоштво, 481.

„(Христос) ја оставил настрана Својата слава, царство и богатство и ги побарал оние кои пропаѓале во грев. Тој се спуштил до нашите потреби, за да нè воздигне до небото. Пожртвуваноста, самооткажувањето и несебичната добрина биле одлики на Неговиот живот. Тој е наш Пример. Дали ти... се угледа на тој пример?“ – 2 Сведоштво, 549.

„Зборовите: ‘Не припаѓате само на себе? Зашто скапо сте платени’ (1 Коринтјаните 6:19,20), треба да се чуваат во одаите на нашето сеќавање, за да можеме секогаш да го препознаеме Божјото право на нашите таленти, нашиот имот, нашето влијание, нашата личност. Мораме да научиме како да се однесуваме кон овој Божји дар во умот, во душата, во телото, за да можеме, како Христов откупен имот, за Него да вршиме правилна, угодна служба“. – Medical Ministry, p. 276.


Четврток 6. октомври

5. ПОНУДЕНА БЛАГОДАТ

а. Што е благодат - и зошто таа е од суштинско значење за нашето спасение? Римјаните 5:6-9; Ефесјаните 2:8,9.

„Благодатта е незаслужена наклонетост, а верникот е оправдан без никаква лична заслуга, без никакви права со кои би можел да дојде пред Бога. Тој е оправдан со откупот што е во Христос Исус, кој стои на небесните дворови како замена и гаранција на грешникот“. – Selected Messages, bk. 1, p. 398.

„Благодатта (на Спасителот) е доволна за да се покори гревот“. The Faith I Live By, p. 87.

б. Како треба да одговориме на Божјата изобилна благодат? Ефесјаните 2:10; Тит 2:11-14.

„Дали добрите дела немаат вистинска вредност? Дали грешникот кој секојдневно прави гревови неказнето, ја ужива истата Божја наклонетост како и оној кој со вера во Христа се труди да живее чесно? Писмото одговара: ‘Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив’.

Во Својот божествен поредок, во Својата незаслужена наклонетост кон нас, Господ одредил добрите дела да бидат наградени. Ние сме прифатени само благодарение на Христовите заслуги, а делата на милосрдието, делата на љубовта што ги правиме се плодови на верата и тие стануваат благослов за нас; луѓето треба да бидат наградени според нивните дела.

Мирисот на Христовите заслуги ги прави нашите добри дела прифатливи за Бога, а благодатта е тоа што ни овозможува да ги правиме делата за кои Тој нѐ наградува“. – Selected Messages, bk. 3, p. 199,200.

„Сите ваши добри дела не можат да ве спасат; но сепак е невозможно да се спасите без добри дела. Секоја жртва направена за Христа ќе биде за ваша вечна добивка“. – Selected Messages, bk. 3, p. 147.


Петок 7. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведете неколку едноставни Божји дарови дадени уште од деновите на Едем.

2. Како најголемиот Божји дар вклучува реципрочна врска?

3. Зошто е важно да разбереме кој е навистина Христос?

4. Кој фундаментален принцип лежи во основата на целиот план за спасение?

5. Како Божјата благодат влијае на нашата подготовка за небото?

 <<    >>