Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 26. ноември 2022.

Дарови на благодарност и грижа за сиромашните

„Што да Му дадам на Господ за сите негови добрини што ми ги направи мене“ (Псалм 116:12)?

„Нашето несебично добродетелство, нашите доброволни дарови, треба да биде доказ дека вистината делува на нашето срце“. The Review and Herald, July 14, 1904.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   3 Сведоштво, 390-399; 
  4 Сведоштво, 462-476. 

Недела 20. ноември

1. СЀ МУ ПРИПАЃА НА ТВОРЕЦОТ

а. Што треба да имаме на ум кога размислуваме кој поседува сè што постои на овој свет? Псалм 95:3-5; Изреки 3:9; 1 Коринтјаните 6:19 (последен дел), 20.

„Бог ја ставил раката на сè, и на човекот и на неговиот имот, бидејќи сè му припаѓа Нему. Тој вели: ‘Јас сум сопственик на светот, универзумот е Мој, и барам од тебе да ги посветиш на Мојата служба првите плодови од сето она што Јас, преку Мојот благослов, го направив да дојде во твоите раце’“. – Counsels on Stewardship, p. 72.

„Кога нашиот народ би го вложил во Божјото дело оној дел на парите кој му е доверен, а кој го троши за остварување на своите себични желби во идолопоклонство, тој би собрал богатство на небото и би го извршил делото што Бог го очекува од него. Меѓутоа, како и оној богат од приказната, тој живее раскошно. Парите што му ги доверил Бог да ги употреби за Негова слава, тој ги троши во расипништво. Тој не застанува да размисли за своите одговорности кон Бога. Тој не размислува дека судниот ден е блиску во кој мора да ја даде сметката за своето управување“. – Адвентен дом, 367.


Понеделник 21. ноември

2. БЛАГОДАРНИ, ДОБРОЛОВНИ И ЖРТВИ ЗА ПРЕСТАП

а. Што нѐ учи Библијата за давањето? Псалм 50:14; 116:12.

„Јаков чувствувал дека Бог му поставил извесни барања што мора да ги исполни и дека треба со нешто да возврати за посебните знаци на Божјата наклоност кон него. Така и секој благослов што ни е подарен нам бара со нешто да му одговориме на Оној од кого потекнува секој добар дар и секоја благодат што ја примаме...

Нашето време, нашите способности и нашиот имот треба да му ги посветиме на Оној што ни ги дал тие благодати. Во секое ослободување од некоја неволја, во секоја нова и неочекувана примена благодат и милост, треба да ја видиме Божјата добрина; и нашата благодарност треба да ја покажеме не само со зборови туку, како Јаков, со дарови и со жртви наменети за напредок на Неговото дело. Како постојано што ги примаме Божјите благослови, така постојано треба и да даваме“. – Патријарси и пророци, 187,188.

б. Зошто Езекија видел потреба од реформа во Јуда? 2 Летописи 29:1-7,27-33. Каква реформација ни е потребна и денес?

„Меѓутоа, постои голема немарност во поглед на оваа должност. Многумина ги ускратуваат средствата кои Бог со право ги очекува и на тој начин Го крадат Бога. Раководејќи се според себичноста на своето срце, тие не даваат десеток од сè, што Господ со право го бара. Тие дури на годишните собири не ги принесуваат своите дарови на благодарност, доброволни прилози и жртви за престап. Многумина излегуваат пред Господа со празни раце. ‘Смее ли човекот да Му задржува на Бога? А вие Мене ми задржувате и потоа прашувате: во што Ти задржуваме? Во десетокот и во приносот’ (Малахија 3:8)“. – 3 Сведоштво, 510.

„Донесете ги вашите жртви за престап, вашите жртви за благодарност и вашите доброволни прилози; понижете ги вашите срца пред Господа, и Тој секогаш ќе биде подготвен да ве прими и да ви прости“. - The Review and Herald, July 8, 1880.

„(Господовите) гласници не смеат на тој начин да бидат попречувани во својата работа на проповедање на Речта на животот. Во проповедање на вистината тие треба да имаат средства кои ќе ги вложат за ширење на делото во вистинско време, за да се постигне најдобро и најспасоносно влијание. Мораат да се вршат дела на милосрдие, мора да им се помогне на сиромашните и напатените. За таа цел треба да се наменат даровите и прилозите. Ова мора да се прави посебно во новите полиња каде сè уште не е издигнато знамето на вистината“. – 6 Сведоштво, 384.


Вторник 22. ноември

3. ЛЕВИТСКА ДАРЕЖЛИВОСТ

а. Како Бог ги споил должноста и благословот? Изреки 11:24,25.

„Левитскиот систем се одликувал со посветување на имотот. Кога за десетокот зборуваме како за критериум на еврејските давања за верски цели, ние не зборуваме со доволно разбирање. Господ ги ставал Своите барања над сè друго. И речиси во секоја поединост тие се потсетувани на Дародавецот да му го вратат она што Тој го бара...

Некои совесни поединци Му враќале на Бога третина од сите свои приходи за верски цели и за сиромашните. Прилози се барани не само од посебните слоеви на општеството туку од сите, во сооднос со она што го поседувале“. – 4 Сведоштво, 467,468.

„Секогаш, во било кој период од земската историја, кога припадниците на Божјиот народ со задоволство и доброволно го манифестирале Неговиот план на систематско добродетелство во своите дарови и прилози, би можеле да се осведочат дека ветениот напредок ги следи нивните напори токму во сооднос со нивната послушност. Секогаш кога ги признавале Неговите барања и ги извршувале, славејќи Го со сè што имале, нивните амбари биле полни со изобилство“. – 3 Сведоштво, 395.

б. Што никогаш не треба да заборавиме кога даваме парични ветувања и завети? Проповедник 5:4,5; Псалм 66:13,14.

„Господ сака членовите на Неговата црква своите обврски кон Него да ги сметаат исто толку задолжителни како и своите долгови кон некој трговец или кон било кој. Секој нека го преиспита својот живот за да види да не занемарил да исполни некој свој завет; и тогаш нека вложи краен напор за да плати сè ‘до последен денар’, зашто на крајот сите ќе мораме да се најдеме пред судот на кој ќе може да се одржи само исправноста и вистината“. – 4 Сведоштво, 476.

„Бог целосно издвоил одреден дел од нашето време и нашите средства за Себе. Да се ​​игнорираат овие барања значи да се ограби Бог. Христијаните се фалат дека нивните привилегии далеку ги надминуваат оние од еврејската ера. Дали тогаш треба да бидеме задоволни да даваме помалку за Божјото дело од Неговиот древен народ? Десетокот бил само дел од она што го давале. Од нив се барало бројни други дарови, освен доброволниот дар или дарот на благодарност, кој тогаш, како и сега, беше трајна обврска“. – The Review and Herald, May 16, 1882.


Среда 23. ноември

4. ВТОРИОТ ДЕСЕТОК

а. Кој бил вториот десеток во еврејската економија - и која била неговата цел? Второзаконие 14:22,23,27-29; 26:12,13.

„За да се поттикне народот да доаѓа на богослуженијата и да им се помогне на сиромасите, бил заведен уште еден десеток од целокупниот приход. Во врска со првиот десеток, Господ рекол: ‘А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сè, што има Израел’ (Броеви 18:21). А за вториот десеток Тој наредил: ‘Пред Господ, твојот Бог, во место, што Тој ќе го одбере, за да престојува името Негово; таму јади од десетокот од пченицата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првородените од крупниот и од ситниот твој добиток, за да се научиш да се плашиш од Господ, твојот Бог, во сите денови’ (Второзаконие 14:23,29; 16:11-14). Тој десеток, или соодветна вредност во пари, морале секоја втора година да го донесат во местото каде што се наоѓало Светилиштето. Откако на Бога му е принесена жртва благодарница и одреден дел му е даден на свештеникот, поклониците од преостанатиот дел приредувале верска гозба на која биле повикувани Левитите, странците, сирачињата и вдовиците. На тој начин на годишните празници се водела грижа за жртвите благодарници и за гоштавање на присутните, а народот бил привлечен во друштво на Левитите и свештениците да ги упатат и да ги охрабрат да му служат на Бога.

Меѓутоа, секоја трета година овој друг десеток е употребуван дома за гостење на Левитите и сирачињата... (Второзаконие 26:12). Тој десеток претставувал фонд за добротворни цели и за негување на гостољубивост“. – Патријарси и пророци, 530.

б. Како вториот десеток му користел на давателот во духовна смисла, и на кој начин може да биде благослов денес? Изреки 19:17.

„Посветувањето на десеттиот дел од сиот приход на Бога, било од овоштарникот или од жетвата, од крупниот или ситен добиток, од умствената или физичка работа, посветувањето на втор десеток за помош на сиромасите или некоја друга добротворна цел, имало за цел да го потсетува народот на вистината дека Бог е сопственик на се и дека луѓето имаат предимство да бидат канали на неговите благослови. Со таквото воспитување се искоренувала секоја теснограда себичност, а се развивале широкоградост и благородност на карактерот“. – Воспитување, 44.

„Ќе има многу можности да се користи вториот десеток за сериозна мисионерска работа на нови места“. – Manuscript Releases, vol. 7, p. 139.


Четврток 24. ноември

5. ДАВАЊЕ ВО ВИСТИНСКИОТ ДУХ

а. Што треба да сфатиме кога даваме средства за Божјото дело? Марко 12:41-44. Како можеме да ја одредиме сумата за првините (првите плодови) и другите дарови? Второзаконие 16:17.

„’Колку му должиш на мојот Господар?’ (Лука 16:5). Невозможно е да се каже. Сè што имаме е од Бога. Тој става рака на нашиот имот и кажува: ‘Јас Сум вистинскиот Сопственик на целата вселена; сето ова е Мое. Посветете ги на Мене десетоците и даровите. Кога тоа ќе го донесете како гаранција за вашата верност и покорност на Мојата суверена моќ, Моите благослови ќе го зголемат вашиот имот и ќе имате во изобилие’“. – 9 Сведоштво, 245.

„Прилозите што се барале од Евреите за верски и доброволни цели изнесувале полна четвртина од целокупните нивни приходи. Можело да се очекува толку високите дажбини да го осиромашат народот; но напротив, верното исполнување на овие прописи всушност претставувало еден од условите на нивниот напредок и благосостојба“. – Патријарси и пророци, 527.

б. Каков став би сакал Господ секој од нас да покаже кога дава? 2 Коринтјаните 9:6,7; Матеј 6:1-4.

„На Бог не му требаат нашите приноси. Не можеме да Го збогатиме со нашите дарови. Псалмистот вели: ‘Но од Тебе е сè, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме’ (1 Летописи 29:14). Сепак, Бог ни дозволува да го покажеме нашето ценење на Неговата милост со самопожртвувани напори да го пренесеме истото на другите. Ова е единствениот начин на кој можеме да ја покажеме нашата благодарност и љубов кон Бога. Тој не предвидел друг начин“. – Counsels on Stewardship, pp. 18, 19.


Петок 25. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Господ бара од нас да Му ги дадеме нашите првини?

2. Какви видови дарови ни пропишува Господ денес?

3. Што можеме да научиме од примерот на Евреите во врска со давањето?

4. За какви цели може да се користи вториот десеток денес?

5. Како се мери вредноста на дарот во Божјите очи?

 <<    >>