Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
4. лекција Сабота, 22. октомври 2022.

Како на Господа

„Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се“ (Откровение 3:19).

„Сите предимства што ни ги дал Бог служат само како Негови помошни средства да внесат жар во нашиот дух, верност во нашите напори и енергија во нашите настојувања да ја исполниме Неговата света волја“. ­– Патријарси и пророци, 360.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Colporteur Ministry, pp. 154, 155. 

Недела 16. октомври

1. ПОТРЕБЕН Е НОВ СТАВ

а. Што треба да научиме од Христовото предупредување против мрморењето и половичното служење? Матеј 25:14,15,18,24-30.

„Колкумина мислат, како и слугата со еден талант, дека господарот е жесток човек, кој жнее каде што не посеал и собира каде што не веел. Ваквото гледиште на нештата е илузија на злите; бидејќи што е наше, а тоа да не сме го примиле? ‘Од Тебе е сè, и откако примивме од Твоите раце, Ти дадовме Тебе’ (1 Летописи 29:14), треба да биде јазикот на нашето благодарно срце“. ­– The Review and Herald, June 12, 1888.

б. Кои Христови опомени со особена сила можат да се применат во овие последни денови од земната историја? Матеј 24:12; Откровение 2:4.

„Членовите на црквата треба ревно да настојуваат со голема грижа да не им даваат прилики на непријателите на нашата вера да триумфираат заради мртвилото и отпаѓањето на нејзините членови. Мнозина беа немарни во овој поглед, иако со малку самоодрекување и ревност можеа да бидат сила на страната на доброто. Оваа ревност не доаѓа без напори, без сериозна борба“. – 5 Сведоштво, 287.


Понеделник 17. октомври

2. РЕВНОСТ: ОСОБИНА КОН КОЈА ТРЕБА ДА ТЕЖНЕЕМЕ

а. Како Библијата ја опишува суштинската важност на ревноста за Бога? Псалм 42:1; 84:2. Ако ни недостасува оваа особина, како можеме да ја стекнеме? Еремија 29:13.

„Има мнозина што не даваат очигледни докази дека се верни на заветот направен при крштавањето. Формализмот, стремежот за почести во светот, гордоста и самољубието ја ослабнале нивната ревност. Нивната свест повремено се буди, но тие не паѓаат на Карпата - Исуса Христа. Тие не му приоѓаат на Бога со скршени срца во покајание и признавање. Тие што во срцето ќе го почувствуваат делувањето на вистинско обратување, во својот живот ќе покажуваат плодови на Духот“. ­– 9 Сведоштво, 155.

„Навистина е потребно во пост и сесрдна молитва длабоко да се понизиме пред Бога поради толкаво опаѓање на ревноста и исчезнувањето на духовноста меѓу нас“. – 4 Сведоштво, 535,536.

б. Какво ветување им е дадено на сите кои се стремат да станат слични на Христа? Матеј 5:6. Зошто искуството на Јаков е толку значајно за нас? Создавање 32:24-30.

„Бог бара побожност, самоодрекување, самопожртвуваност, сочувство кон човекот и ревност кон Бога. Тој копнее да види во човекот длабока желба да го спаси својот ближен од неверување и пропаст“. ­– The Signs of the Times, February 15, 1899.

„Со помош на големата вистина што имавме привилегија да ја примиме, треба и со силата на Светиот Дух можеме да станеме живи канали на светлината. Тогаш би можеле да се приближиме до престолот на милоста и, гледајќи го виножитото на ветувањето, да клекнеме со скрушени срца и да го бараме царството небесно со духовна ревност која ќе биде наградена. Ќе го земеме со сила, како Јаков. Тогаш нашата порака ќе биде сила Божја за спасение“. – Reflecting Christ, p. 217.

„Оди во својата тајна соба и таму во осаменост моли му се на Бога: ‘Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене’ (Псалм 51:10). Бидете сериозни, бидете искрени! Огнената молитва носи многу придобивки. Борете се во молитва како Јаков. Мачете се! Во Гетсиманската градина, крвави капки пот капеа од челото на Исус; треба да се потрудите. Не ја напуштајте вашата соба додека не се почувствувате силни во Бога; потоа бдеј, и сѐ додека бдееш и се молиш, можеш да ги држиш под контрола овие зли неволји, а благодатта Божја може и ќе се појави во тебе“. – Messages to Young People, pp. 131, 132.


Вторник 18. октомври

3. РЕВНОСТ НА ДЕЛО

а. Што можеме да научиме од претрпените борби и од победите што ги постигнале верните сведоци за Бога? Еремија 20:8-11; Дела 4:14-20.

„Противењето на пораката на Еремија било толку силно, што тој бил изложен на подбив и потсмев до таа мера што бил принуден да рече: ‘Нема веќе да спомнувам за Него, ниту ќе зборувам во Негово име’ (Еремија 20:9). Така било отсекогаш. Поради горчината, омразата и противењето што се манифестираат против Божјото слово изговорено во форма на укор, многу други Божји гласници решиле да постапат како што одлучил Еремија. Но, што направил овој Господов пророк по неговата одлука? Колку и да се трудел, не можел да молчи. Штом дошол пред насобраниот народ, открил дека Духот Господов е посилен од него“. ­– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1156.

„Ревноста за Бога и за Неговото дело ги поттикнала учениците со голема сила да сведочат за евангелието. Не треба ли иста таква ревност и нашето срце да го проникнува со решителност да зборуваме за историјата на таа љубов која спасува, за распнатиот Христос? Привилегија на секој христијанин е не само да го очекува, туку и да го забрза доаѓањето на Спасителот“. – Делата на апостолите, 600.

б. Какво искуство треба да се рефлектира во нас? Псалм 119:137-140; 1 Јованово 3:1-3.

„Старешината Loughborough бил ревносен работник во делото. Тој со сето срце бил во делото. Тој влегол... во новото поле на работа и бил подготвен да се стави во најскромна положба, да издржи секаква немаштија, да штеди, да живее евтино и сиромашно, да работи дење и ноќе во делото што било во повој“. – Manuscript Releases, vol. 21, p. 246.

„Црквата ако се облече во облеката на Христовата праведност и ако се ослободи од секоја приврзаност кон овој свет, пред неа ќе осамне зора на светол и величествен ден. Божјото ветување што ѝ е дадено ќе остане сигурно за навек. Тој ќе ја стори вечно извишена, радост за многу поколенија. Вистината триумфално ќе помине крај оние што ја презреле и ја отфрлиле. Иако понекогаш се чини забавено, нејзиното напредување никогаш нема да биде запрено. Кога Божјата порака ќе наиде на противење, Тој ѝ додава нова сила за да го засили нејзиното влијание. Надарена со божествена сила, таа ќе си расчисти себеси пат низ најсилните бариери и триумфално ќе совлада секоја пречка“. – Делата на апостолите, 601.


Среда 19. октомври

4. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА НЕЗДРАВА РЕВНОСТ

а. Кои се некои од начините поради кои можеме да бидеме во опасност да залутаме поради нездравата ревност? Римјаните 10:1-3; 1 Коринтјаните 10:23.

„Кога во недостаток на Дух и Божја сила ќе влезат во нови полиња, некои од нив веднаш почнуваат да ги напаѓаат другите верски заедници, мислејќи дека своите слушатели ќе ги осведочат во вистината, укажувајќи им на недоследностите на популарните цркви. Во некои случаи можеби е неопходно да се зборува и за тоа, но со тоа најчесто само се продлабочуваат предрасудите против нашето дело и се затвораат душите на многумина кои инаку би ја слушале вистината. Кога тие учители би биле потесно поврзани со Христа, тие во божествена мудрост би знаеле како треба да им пристапат на луѓето“. ­– 4 Сведоштво, 536.

б. Што не било во ред со лажната ревност на Јуј? 2 Цареви 10:16-19,28-31.

„Има многу чија религија се состои од активности. Тие сакаат да бидат вклучени во некоја голема работа и да имаат заслуга во извршувањето на некоја голема работа, додека малите доблести кои придонесуваат за формирање на убав христијански карактер се целосно занемарени. Зафатената, бучна служба, која остава впечаток дека некој прави некоја прекрасна работа, не му е угодна на Бога. Тоа е духот на Јуј, кој вели: ‘Тргнувај со мене и гледај ја мојата ревност кон Господ’. Се самозадоволува; го храни чувството на самозадоволство, но во меѓувреме душата може да биде извалкана од чумата на непобедената, неконтролирана себичност“. ­– The Signs of the Times, November 20, 1884.

„Со вистинската ревност управуваат начела и таа не е повремена. Таа е искрена, длабока и силна и ја проникнува целата душа. Спасувањето на душите и интересите за Божјото царство - тоа се прашања од најголем интерес... Христијанската ревност не се пресликува само на зборови, туку во силните и делотворни чувства и постапки. Сепак, таа не се покажува со цел другите да можат да ја забележат. Понизноста мора да го обележува секој напор и мора да се забележува во секоја работа. Христијанската сесрдност наведува на искрени молитви и понизност и верно исполнување на домашните должности. Тогаш, во семејниот круг ќе се одразува наклонетост и љубов, добрина и сочувство, а сето тоа е плод на христијанската ревност“. ­– 2 Сведоштво, 232,233.


Четврток 20. октомври

5. ПРИМЕРОТ НА ХРИСТОС

а. Како се исполнило во Христа пророштвото на псалмистот за божествената ревност? Псалм 69:9; Јован 2:13-17; 4:34. Што треба да научиме од Христовата ревност? 1 Коринтјаните 2:2-4.

„(Христос) живеел според законот. Неговата чистота и добродетел, Неговата посветеност на вистината и Неговата ревност за славата Божја го откриваат совршенството на законот“. ­– The Review and Herald, February 26, 1901.

„Христос изјавил дека Негово јадење и пиење е да ја врши волјата на Својот Отец. Ревноста што произлегува преку таквото посветување на вистината го прави верникот силен, бидејќи тој е ризница на светата вистина и како учесник во таа вистина тој е и корисен христијанин. Во ревноста секогаш треба да бидеме непоколебливи, покажувајќи светост на карактерот“. ­– Manu­script Releases, vol. 10, p. 131.

б. Каков повик им упатува Христос на сите што живеат во ерата на млаката Лаодикија? Откровение 3:19.

„Кога станува збор за служењето на Бога, дали луѓето ја покажуваат истата ревност за Неговото дело како што порано ја покажувале во службата на светот?“ ­– The Review and Herald, June 12, 1888.

„Зарем денес, кога е близу крајот на сите нешта, ревноста на црквата не треба да ја надмине ревноста на раната црква? Ревноста за Божјата слава ги поттикнала учениците со голема сила да сведочат за вистината. Зарем таа ревност не треба да запали во нашите срца пламен на копнеж да ја објавуваме сторијата за Откупителната љубов, за Христа и тоа распнатиот? Зарем Божјата сила не треба уште помоќно да се открие денес, отколку во времето на апостолите?“ ­– 7 Сведоштво, 33.


Петок 21. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На кое предупредување треба да внимаваме во параболата за талентите?

2. Кој аспект од искуството на Јаков треба да биде и наш - и зошто?

3. Што можеме да научиме од Еремија, Давид и првите апостоли?

4. Како можеме да покажеме симптоми на погрешна ревност?

5. Што ја карактеризира вистинската ревност?

 <<    >>