Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
  Сабота, 5. ноември 2022.

Дар во првата сабота За литература во сиромашните полиња

Што е спротивно на конфузијата? Јасноста! Многу луѓе на земјата се наоѓаат во конфузија - оттука и референцата за библиското пророштво за Вавилон, т.е. конфузијата. Расудувањето, перцепцијата и разбирањето на луѓето се заматени. Ним им треба јасност. Потребно е да ги научиме на јасните вистини.

Дали ќе слушаат? Некои да; повеќето нема - но можеби ќе погледнат. Можеби ќе одвојат малку време да прочитаат нешто што ќе им го привлече вниманието, а она што го гледаат можеби тоа ќе им зборува на нивниот разум и ќе го просветли нивното разбирање.

„Темнината може да се отстрани само ако се прими светлина. Начинот на кој најдобро може да се отстрани заблудата, се состои во тоа да се прикаже вистината. Во откривањето на Божјата љубов се разоткрива изопачениот грев на срцето исполнето со себичност“ - Копнежот на вековите, 498. Кога ќе го видат својот грев, ќе копнеат по Спасителот.

Ова прекрасно откровение на Божјата љубов може да дојде преку печатените страници, преку многу теми, на пример:

„Треба да се направат повеќе напори за да се едуцираат луѓето на важната тема на здравствената реформа. Трактати од четири, осум, дванаесет, шеснаесет или повеќе страници, кои содржат истакнати, добро напишани написи на оваа важна тема, треба да бидат расфрлани како есенски лисја“ - Counsels on Health, p. 466.

„Илјадници долари што сега се жртвуваат на олтарот на штетните пороци, ќе се слеваат во Божјата ризница, умножувајќи ги публикациите на различни јазици кои ќе бидат расфрлани како есенски лисја. Во различни земји ќе бидат организирани нови мисии“ - Confrontation, p. 60.

На есен, лисјата што паѓаат од дрвјата се толку многубројнии, што е речиси невозможно да се избројат. Да, толку се потребни трактати, памфлети, списанија и брошури. Тие се витални алатки во проповедањето на вечното евангелие. Изработката на такви материјали вклучува трошоци кои, за жал, многумина не можат да си дозволат да ги платат, ниту да ги споделат со другите. Затоа, бидејќи на сите нас ни е доверена задачата да ја донесеме вистината на другите, секој од нас има должност и привилегија да им помогнат да ја добијат.

Денешниот дар во првата сабота наменет е за литература во сиромашните земји. Вашиот великодушен дар – дури и ако претставува жртва – може да направи многу и да им помогне на другите да бидат поучени и да се подготват за Господовото доаѓање. Ви благодариме што соработувате со Христос!

Оддел на Генералната Конференција за издавачка дејност

 <<    >>