Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 10. декември 2022.

Финансирање на Божјото дело

„Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание“ (1 Коринтјаните 3:9).

„Бог луѓето ги сторил Свои повереници. Имотот што го ставил во нивни раце всушност се средства што Тој ги предвидел за ширење на евангелието“. – Патријарси и пророци, 529.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   4 Сведоштво, 571-575. 

Недела 4. декември

1. ЗА СИТЕ ПО НЕШТО

а. Кој е Божјиот метод за усовршување и обединување на Неговите расеани овци? Ефесјаните 4:11-16.

„Праќајќи ги Своите слуги, Спасителот им дал дарови на луѓето за преку нив на светот да ги упатуваат зборовите за вечен живот. Тоа се орудија што Бог ги одредил за усовршување на светите во знаењето и вистинската побожност“. – 5 Сведоштво, 237.

б. Како ова подразбира должност и привилегија за секој верник? 1 Коринтјаните 3:7,8.

„Господ го направил проповедањето на Евангелието зависно од посветените способности и доброволните приноси и дарови на Неговиот народ. Додека Тој ги повикува луѓето да ја проповедаат Речта, Тој и дава привилегија на целата црква да учествува во делото со тоа што ќе придонесе со свои средства за нејзина поддршка“. – In Heavenly Places, p. 303.


Понеделник 5. декември

2. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ОХРАБРУВАЊЕ

а. Како многумина денес го повторуваат гревот на Надав и Авиуд? Левитска 10:1,2.

„Каде во Божјите упатства за поддршка на Неговото дело, наоѓаме некакво спомнување на концерти, фантастични саеми и слични забави? Дали Господовото дело треба да зависи од истите работи што Тој ги забранил во својата Реч – од оние работи што го одвраќаат умот од Бога, од трезвеноста, од побожноста и светоста?

И каков впечаток се остава врз умовите на неверниците? Светото мерило на Божјата Реч е фрлено во прав. На Бога се гледа со презир, како и на христијанското име. Таквиот небиблиски начин на заработка на средства дополнително ги зајакнува најкорумпираните принципи. И токму тоа сатаната сака да го постигне. Луѓето го повторуваат гревот на Надав и Авиуд. Тие принесоа обичен наместо свет оган во Божјата служба. Господ не прифаќа такви приноси“. – Counsels on Stewardship, pp. 204, 205.

б. Што можеме да научиме од начинот на кој Мојсеј собирал средства ­— и од одговорот на Израелците? Излез 35:4,5,21,29; 36:3-7.

„Мојсеевиот план да се соберат средства за градење на Светилиштето бил мошне успешен. Не било потребно да се повторува барањето. Тој не се служел со лукавства кон кои денеска толку често прибегнуваат многу цркви. Не правел некои големи свечености. Не ги викал луѓето на свечени празници, на игранки или на заеднички веселби, ниту пак организирал некакво проштавање на гревот за пари или нешто слично. Тој не се служел со такви и слични несвети средства за да се добере до средства за подигање на Божјото Светилиште. Господ му наредил на Мојсеја да ги повика синовите Израелови да донесат дарови. Тој требало да прими прилог од секого кој доброволно и од срце давал. И дарови се донесувани во толкаво изобилство, што Мојсеј морал да нареди да престанат да донесуваат, зашто било приложено повеќе отколку што можело да се употреби“. – Патријарси и пророци, 529.

„Дали му ги донесовте на Бога вашите дарови и приноси од изобилството што Тој ви го подарил? Дали му го дадовте она што Тој тврди дека е Негово? Ако не сте, сѐ уште не е доцна да го исправите она што е погрешно. Исусовиот Дух може да ја стопи ледената себичност што ја обзема душата“. – The Review and Herald, October 13, 1896.


Вторник 6. декември

3. ПРАКТИЧЕН СОВЕТ

а. Како можеме да ризикуваме да ја примиме клетвата наменета за Мероз? Судии 5:23.

„(Судии 5:23). Што направил Мероз? Ништо. Тоа бил неговиот грев. Него го снашло Божјото проклетство затоа што ништо не направил“. – 2 Сведоштво, 284.

„Плодовите на себичноста секогаш се откриваат во занемарување на должноста и во неискористување на даровите доверени од Бога за унапредување на Неговото дело“. – Counsels on Stewardship, p. 26.

„Количината на пари наменети за делото на спасување на души е скромна и многу бавно пристигнува во Господовата ризница, а и таа скромна сума се добива со тежок труд. Кога сите би можеле да увидат колку алчноста, која сè повеќе зема замав, го попречува напредокот на Божјото дело во поглед на десетоците и приносите, кај многумина би дошло до одлучна реформа; и не би се осмелувале повеќе како досега да го попречуваат напредокот на Божјото дело“. – 4 Сведоштво, 483.

б. Што учи Светото Писмо за личното штедење? Изреки 21:20; Јован 6:12.

в. Како денешните македонските повици бараат нешто од секој од нас, и како сме благословени ако ги слушнеме? Дела 16:9,10.

„Секој треба да се труди да направи сѐ што е можно за Исуса со личен напор, со дарови и жртви. Во домот Господов треба да има храна, а тоа значи полна благајна, за да може да се одговори на македонските повици кои доаѓаат од секоја земја. Колку е тажно кога треба да им кажеме на оние што викаат за помош: ‘Не можеме да ви испратиме ниту луѓе или пари. Нашата благајна е празна’“. – Counsels on Stewardship, p. 298.

„Сите пари кои можеме да ги заштедиме, должни сме да ги положиме во Господовата каса. Потребите на запоставените и необработените полиња викаат за тие пари. Од многу земји се слуша повикот: ‘Дојдете,... и помогнете ни’. Членовите на нашата црква треба длабоко да се заинтересирани и за домашните и за странските мисии. Трудејќи се со пожртвување, знамето на вистината да го забодат на нови подрачја, тие ќе почувствуваат голем благослов. Вложените пари во тоа дело ќе бидат богато возвратени“. – 9 Сведоштво, 49.


Среда 7. декември

4. НАШАТА УЛОГА ВО БОЖЈИОТ ПЛАН

а. Како нашите десетоци и приноси се поврзани со отворањето нови полиња? 1 Тимотеј 5:17,18.

„Десетокот е Господов, а оние кои непокането се мешаат во него ќе бидат казнети со губење на своето небесно богатство, освен ако не се покаат. Не дозволувајте Господовото дело да продолжи да се ограничува затоа што десетокот е пренасочен за други цели од она што самиот Бог го одредил. Средствата за другите гранки на делото треба да се обезбедат на друг начин. И тие треба да бидат поддржани, но не од десетокот. Бог не се променил; десетокот сепак треба да се користи за поддршка на проповедниците и библиските работници. Отворањето нови полиња бара значително повеќе проповеднички сили отколку што имаме сега и мора да има средства во благајната“. – Gospel Workers, pp. 227, 228.

„Проповедањето на Евангелието е од Бога одреден начин за преобраќање на човечките души. Луѓето мора да ја слушнат веста за да се спасат. Тие за неа не можат да слушнат без проповедник, а проповедникот мора да биде испратен. Затоа е потребно да има средства во благајната, за да се обезбедат средства за мисионерите да стигнат до сиромашните области. Во светлината на овој факт, како можат оние што тврдат дека се Христови следбеници да го лишат Бога од талентите што Тој ни ги доверил во форма на десеток и принос? Зарем ова не е скратување леб на гладните души? Задржувањето на средствата кои Бог ги прогласил за Свои и преку кои Тој го овозможил спасението на душите, сигурно ќе им донесе проклетство на оние кои на тој начин го ограбуваат Бога. Душите за кои Христос умрел се лишени од привилегијата да ја слушнат вистината бидејќи луѓето одбиваат да ги спроведат мерките што Бог ги предвидел за просветлување на изгубените.

Парите не треба да се користат за извршување на делото на Евангелието на некој мистериозен начин и преку невидливи, мистериозни орудија. Бог нема да истури пари од небесните прозорци за да ја изврши Неговата назначена работа, да ја шири вистината во нашиот свет и да спаси души за вечен живот. Тој го направи Својот народ управител на Неговите средства кои треба да ги користат за Неговата слава и за благослов на човечкиот род... Бог нема да излее злато и сребро од небесните прозорци, туку она што е од бескрајно поголема вредност. Тој вели: ‘Ќе го излеам Мојот Дух врз тебе’“. – The Home Missionary, April 1, 1895.

б. Како Давид нѐ охрабрува да даваме доброволно? 1 Летописи 29:10-14.

„Кога во благајната би пристигнувале средства според божествениот план - десеток од секоја добивка и доброволни дарови - би имало вистинско изобилие на средства за напредок на Господовото дело“. – Делата на апостолите, 75.


Четврток 8. декември

5. ОДГОВОРНОСТ И ПРИВИЛЕГИЈА

а. Како Божјиот народ го забрзува или го одложува Христовото враќање на облаците на славата? 2 Петрово 3:11,12.

„Кога Христовата црква би го извршила делото кое Господ и го наменил, сиот свет би бил опоменат, а Господ Исус Христос веќе би дошол на нашата Земја со сила и голема слава“. – Копнежот на вековите, 633,634.

„Божјото дело, кое треба да оди напред со десеткратно поголема сила и ефикасност, доцни како доаѓањето на пролетта поради ненадејно зимско заладување, затоа што некои од Божјиот народ си ги присвојуваат средствата што треба да бидат посветени на Неговата служба. Бидејќи Христовата самопожртвувана љубов не е проткаена во секојдневниот живот, црквата е слаба таму каде што треба да биде силна. Со своите постапки, таа ја изгаснала својата светлина и ограбила милиони од Христовото евангелие“. – Counsels on Stewardship, p. 54.

б. Каква предност му се дава на секој верник? 1 Коринтјаните 3:9.

„Бог ги направи луѓето Свои управители, Свои соработници во големото дело за унапредување на Неговото царство на земјата; но тие можат да го следат патот на неверниот слуга и со тоа да ги загубат најскапоцените привилегии што некогаш им биле дадени на луѓето. Илјадници години Бог работел преку човечки орудија, но по Негова волја може да ги отстрани себичните, среброљубивите и алчните луѓе. Тој не зависи од нашите средства и не е ограничен со човечки орудија. Тој може да го продолжи Своето дело иако ние не учествуваме во него. Но, кој од нас би бил среќен ако Господ го направи тоа?“ – Counsels on Stewardship, p. 198,199.


Петок 9. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кој е еден од начините на кој можеме да помогнеме да го усовршиме и обединиме Божјиот народ?

2. Како погрешните методи за собирање средства се во спротивност со Божјиот план?

3. Колку малите лични трошоци можат да го попречат Божјото дело?

4. Што би се случило ако сите ја негуваат дарежливоста на Давид?

5. Како можеме да го забрзаме или одложиме враќањето на нашиот Господ?

 <<    >>