Back to top

Sabbath Bible Lessons

УПРАВИТЕЛИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (II)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Речиси 180 години оваа планета е зрела за Христовото враќање на облаци на славата. Што треба да биде нашиот фокус во овој последен час? Сигурно тоа треба да биде небесниот Ханаан - како да се подготвите себеси и другите за престој во него.

Темата на нашето проучување во ова тримесечје ќе биде продолжение на темата Управители во последните денови. Додека бил на оваа земја, Исус се сретнал со човек кој тврдел дека ги држи сите десет заповеди уште од својата младост. „Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: ‘Уште една работа ти недостасува: оди и продај сè што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене’“ – (Марко 10:21).

Дали собираме богатство на небото? Или, како богатиот млад принц, однадвор ги држиме десетте заповеди додека ни недостасува вистинска служба на Господарот, од срце? Сè што Бог ни дал му припаѓа Нему и за тоа мора да се грижиме пред да заврши нашето време на благодатта. Сепак, „без послушност и несебична љубов и најбогатите дарови се премногу мизерни за да се приложат на Оној кој е сопственик на сè што постои“ - 3 Сведоштво, 57. Божјата намера е Неговите деца да ја победат себичноста и да го исполнат Неговиот план за евангелизирање на светот. Тој сега го подготвува својот народ за ова дело - а тоа ќе се изврши без разлика на тоа дали сите ќе ја искористат предноста да се вклучат во него.

„Бог ги повикува луѓето да однесат опомена на светот кој спие, мртов во престапи и гревови. Тој бара доброволна жртва од оние чии срца се во делото, кои чувствуваат товар за душите, за да не загинат, туку да имаат вечен живот. Сатаната игра животна игра за човечките души. Тој се труди да ги приграби сите парични средства, за да не можат да се употребат за унапредување на мисионерските потфати. Зар и понатаму ќе бидеме во незнаење за неговите стратегии? Зар ќе дозволиме тој да ги затапи нашите сетила?“ - 6 Сведоштво, 446.

„За што да собираме богатство? Да го збришат пламените јазици на последните денови? Дали треба да собираме злато и сребро за да сведочат против нас на судот - да го проголтаат нашето тело како оган? Дали ќе се држиме за нашите имоти додека не паднат во рацете на нашите непријатели? Доаѓа време кога оние што ги држат заповедите нема да можат ниту да купуваат ниту да продаваат. Од каква корист ќе ни бидат тогаш куќите и земјиштето, банкарските акции и имотот? Сега е време да ги сместиме нашите богатства таму каде што ќе бидат вечно безбедни... Она што го даваме за Божјото дело станува наше засекогаш. Христос вели: ‘Собирајте си богатства на небото’ (Матеј 6:20). Само тоа, од сето она што го поседуваме, е навистина наше. Сѐ што собиравме на земјата, на крајот мораме да го оставиме. Само она што го даваме за Христа, можеме да го понесеме со себе во вечниот свет“ - The Review and Herald, December 6, 1887.

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>