Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
  Сабота, 1. јуни 2024.

Дар во првата сабота за странска мисија во регионот на Пацификот

Делото на ширење на евангелската порака во овој свет е огромна задача, поради многуте души кои допрва треба да ја слушнат добрата вест за спасението. Господ вели дека „ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Бог го сака секој од 7,8 милијарди луѓе на овој свет и сака сите тие да добијат можност да се обратат кон Него.

Постојат многу религии во регионот на Пацификот, вклучувајќи ги таоизмот, будизмот, исламот и христијанството; сепак, повеќето жители се идентификуваат себеси како нерелигиозни или атеисти. Овде има навистина голема работа.

„Целиот свет се отвора за Евангелието. Етиопија ги подава своите раце кон Бога. Од Јапонија, Кина и Индија, од земјите на нашиот континент кои се сѐ уште покриени со темнина, од сите краишта на овој наш свет доаѓа крикот на срцата ранети од гревот кои бараат да Го запознаат нашиот Бог на љубовта. Милиони и милиони никогаш не слушнале за Бога или за Неговата љубов која се открила во Христа. Нивно право е да го добијат тоа знаење. Тие имаат исто право на милоста на Спасителот како и ние. На нас, кои сме го примиле ова знаење, и на нашите деца на кои ќе го пренесеме, почива одговорноста да се отповикаме на нивниот плач“. – Воспитување, 261.

Иако во ширењето на пораката можеби немаме иста слобода во сите региони, вистината навистина наоѓа пат во човечките срца, и на многу места за кои тоа не го очекувате постојат мнозина кои веруваат во пораката за реформацијата. Оваа сабота ве замолуваме да се молите за ова дело, со Божја помош тоа да напредува и да подготви уште поголем број души за Неговото царство.

За вистината да напредува, потребни ни се средства за изградба на дом за молитва за да се пренесе ширењето на вистината во северниот дел на ова големо поле. Ве молиме бидете дарежливи.Во

„Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб за да јаде, така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас“ (Исаија 55:10,11).

Во име на вашите браќа и сестри од далеку

 <<    >>