Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 11. мај 2024.

Сведоштво за светот

„Зашто, таква е волјата Божја, - со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе“ (1 Петрово 2:15).

„Христовата круна мора да се издигне над било каква власт на земните силници“. – Делата на апостолите, 68.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   1 Сведоштво, 358–361. 

Недела 5. мај

1. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ОНА ШТО ВОЈУВА ПРОТИВ ДУШАТА

а. Која е една од најважните, а сепак најпредизвикувачките битки за секој придојденец? 1 Петрово 2:11; 1 Јованово 2:15,16.

„Апостол Петар, сфаќајќи ја поврзаноста меѓу умот и телото го подигнал својот глас, предупредувајќи ги своите браќа: ’Возљубени, ве молам, како придојдени така и гости, да се пазите од телесните желби, што војуваат против душата’. (1 Петрово 2:11) Многумина сметаа дека овој текст предупредува само против развратот, меѓутоа тој има пошироко значење. Тој забранува секакво штетно попуштање на апетитот или страстите. Секоја изопачена желба за јадење станува желба која војува против душата. Апетитот ни е даден за добро, а не за тоа да стане слуга на смртта, станувајќи изопачен, дегенерирајќи се на тој начин во „желба која војува против душата”...

Доколку силата за попуштање на апетитот била толку несовладлива за човештвото, така што со цел за да го скрши нејзиното упориште, Синот Божји, во полза на човекот, морал да издржи пост од скоро шест седмици, какво ли дело тогаш лежи пред христијанинот! Сепак, колку и да е голема борбата, тој може да победи. Со помош на таа божествена сила... така и христијанинот може да биде целосно успешен во борбата со злото, и на крајот ќе може да го носи победничкиот венец во Божјото царство“. – Совети за животот и исхраната, 166,167.


Понеделник 6. мај

2. ПРОПОВЕДАЊЕ ПРЕКУ ДОБРИ ДЕЛА

а. Зошто сите вистински христијани се доживуваат како странци, па дури и како непријатели на овој свет? 1 Петрово 2:12; 1 Коринтјаните 1:18,23; 2:14

„Меѓу неговите слушатели од еврејско потекло се наоѓале мнозина кои ќе ги разлути пораката што планирал да ја објави. Според мислењето на Грците, неговите зборови ќе бидат бесмислица и безумие. Сите ќе го сметаат за малоумен кога ќе се обиде да докажува дека крстот може да има некаква врска со издигнувањето на човечкиот род или со спасението на човештвото.

Но за Павле крстот бил предмет на највозвишена почит“. – Делата на апостолите, 245.

„Духот на денешниот свет, не е во поголема хармонија со Христовиот Дух отколку во поранешните времиња. Оние кои денеска го проповедаат Божјото слово во неговата чистота, нема да бидат примени со поголема наклоност отколку во поранешните времиња. Формите на спротивставувањето на вистината можат да се променат, непријателството може да биде помалку отворено, бидејќи е посуптилно; но истиот антагонизам сè уште постои и ќе се манифестира до крајот на времето“. – Големата борба, 144.

б. На што посочува апостол Петар како најдобар метод во проповедањето на евангелието и справувањето со „незнаењето на неразумните луѓе“? 1 Петрово 2:12,15.

„Нашите проповедници и учители треба да ја претставуваат Божјата љубов на овој паднат свет. Додека зборувате, вашите срца нека бидат трогнати со нежност. Со сите заблудени постапувајте со Христова благост. Немојте веднаш да ги критикувате, прекорувате и осудувате оние за кои работите, а кои не се во состојба веднаш да ја сфатат вистината. Имајте на ум дека треба да го прикажете Христа во Неговата кротост, благост и љубов. Ние мораме да очекуваме средба со неверство и спротивставување. Вистината секогаш морала да се сретнува со тие елементи. Но, дури и да наидете на најтешкото спротивставување, не ги осудувајте своите противници…

Морате благо да постапувате со оние што се во заблуда. Зашто не бевте ли и вие до неодамна во слепило поради своите гревови? И зар не треба и вие да бидете трпеливи кон другите, како што и Христос бил трпелив кон вас? Бог ни дал многу совети да покажуваме голема љубезност кон оние кои ни се спротивставуваат, за да некако не извршиме влијание на некоја душа во погрешна насока“. – 6 Сведоштво, 120,121.


Вторник 7. мај

3. ХРИСТИЈАНСКА ПОКОРНОСТ

а. Објаснете го ставот што треба да го имаме кон граѓанските власти и кон законите на државата. 1 Петрово 2:13-17.

„Апостолот јасно изложил каков став треба да заземат верниците кон граѓанските власти: ’И така, покорувајте се на секоја човечка власт’“. – Делата на апостолите, 522.

б. Наведи примери за тоа што треба да се прави во случаи кога законот на државата доаѓа во судир со Божјиот закон - и со каков став тоа треба да се прави. Дела 5:29; Излез 1:15-17; Даниел 6:7-10,21,22.

„Според она што ми е покажано, наша должност е во сѐ да се покоруваме на законите на својата земја, освен кога тоа е во спротивност со повисоките заповеди што Бог ги изговорил со јасен глас од планината Синај“. – 1 Сведоштво, 361.

„ Од нас не се бара да им пркосиме на оние што имаат некоја власт. Нашите зборови, изговорени или напишани, мора да бидат внимателно одмерени за да не… се тврди дека сме противници на законот и поредокот. Не смееме да зборуваме и да правиме ништо што без потреба би ни го затворило патот. Наша должност е да одиме напред во Христово име, проповедајќи ја вистината што ни е доверена. Ако луѓето ни забрануваат да го извршуваме тоа дело, тогаш можеме да кажеме, како што кажале и апостолите“. – Делата на апостолите, 69.

„Оние, кај кои Божјиот закон е запишан во нивното срце, со поголемо задоволство ќе Му се покоруваат на Бог, отколку на луѓето… Мудроста и меродавноста на Божјиот закон е над сѐ друго.

Покажано ми е дека припадниците на Божјиот народ, кои претставуваат Негово посебно богатство, не можат да учествуваат во оваа кобна војна (Американската граѓанска војна, 1861-1865), бидејќи тоа е во спротивност со сите начела на нивната вера. Тие за време на својата служба во војската не можат во исто време да се покоруваат на вистината и на наредбите на своите претпоставени. Тие во тој случај би морале постојано да ја газат својата совест“. – 1 Сведоштво, 361.

в. Ако сме „слуги“ на нашето работно место, какви работници треба да бидеме? 1 Петрово 2:18; Колошаните 3:23.

„И наједноставната работа претставува одредена вештина, и кога секој би гледал на работата така, би видел дека таа го облагородува човекот“. – Fundamentals of Christian Education, p. 315.


Среда 8. мај

4. НЕПРАВЕДНО СТРАДАЊЕ

а. Каков треба да биде нашиот став кон оние кои нѐ малтретираат, навредуваат, презираат или исмејуваат? 1 Петрово 2:19,20; Римјаните 12:19-21.

„Не смееме да дозволиме нашиот дух да се вознемири или возбуди за сè што можеби ќе ни згрешат. Нашето „Јас“ е непријател од кој треба најмногу да се плашиме. Ниту еден порок нема толку погубно влијание врз карактерот како човечките страсти што не се под контрола на Светиот Дух. Ниту една победа што можеме да ја освоиме, нема да биде толку скапоцена, како победата над себеси.

Не смееме да дозволиме нашите чувства да бидат лесно повредени. Треба да живееме, не за да ги чуваме сопствените чувства или угледот, туку за да спасуваме души…

Без оглед што другите можеби мислат за нас или ни прават, тоа не смее да го попречи нашето единство со Христа…

Не враќајте зло за зло. Колку што можете, отстранете ги сите причини за недоразбирање. Избегнувајте го изгледот на злото. Направете сè што е во ваша моќ, без да ги жртвувате принципите, да бидете во мир со другите…

Ако некој ви зборува со повишен глас, никогаш не одговарајте со истиот Дух“. – Здравје и среќа, 485,486.

б. Зошто Бог дозволува да страдаме од рацете на суровите и зли луѓе? Матеј 5:11,12,43-48.

„Таинственото провидение кое дозволува праведните да бидат прогонувани од рацете на безбожниците било причина за голема збунетост кај мнозина слаби во верата. Некои дури се готови да ја отфрлат својата доверба во Бога, затоа што Тој дозволува најлошите луѓе да напредуваат, додека најдобрите и најчесните да страдаат измачувани од нивната свирепа сила. Често се поставува прашањето: „Како Оној, Кој е праведен и милостив, и покрај тоа што уште е и неограничен во моќта, може да трпи таква неправда и угнетување?” Не е наше да дадеме одговор на тоа прашање. Бог нам ни дал доволно докази за Својата љубов, и не смееме да се сомневаме во Неговата добрина затоа што не сме во состојба да ја сфатиме целта на Неговото провидение…

(Господ) не ги заборава и занемарува Своите деца, но Тој им дозволува на грешните луѓе да го откријат својот вистински карактер, па ниеден од оние коишто сакаат да ја исполнуваат Неговата волја да не остане во заблуда во врска со карактерот на таквите. Освен тоа, праведните мора да поминат низ неволји за да се исчистат“. – Големата борба, 47,48.


Четврток 9. мај

5. СЛЕДЕТЕ ГО ПРИМЕРОТ

а. Откако ги охрабрил христијаните радосно да се соочат со неволјите и прогонствата, што наведува Петар како најсилен аргумент за тоа? 1 Петрово 2:21-24.

„Исус поради нас поднел многу повеќе отколку што би можел макар еден од Неговите следбеници да пострада од свирепоста на безбожните луѓе. Оние што се повикани да претрпат маки и маченичка смрт, ги следат само чекорите на Божјиот драг Син“. – Големата борба, 47.

б. Каква охрабрувачка илустрација дава апостолот на крајот од своите размислувања за тоа како да се соочиме со неволјите? 1 Петрово 2:25; Јован 10:11.

„Христос ни е прикажан како Оној Кој трага и ја бара изгубената овца. Неговата љубов нè опкружува и нè води назад во стадото. Неговата љубов ни дава привилегија да седиме со Него на небесните места“. – 6 Сведоштво, 479.

„Нашите работници - проповедници, учители, лекари и директори - сите треба да запомнат дека се обврзани да соработуваат со Христос... Тие треба да негуваат постојано чувство за љубовта на Спасителот, за Неговата делотворност, Неговата будност, Неговата нежност. Тие треба да гледаат на Него како на пастир и епископ на нивните души. Тогаш ќе имаат сочувство и поддршка од небесните ангели. Христос ќе биде нивна радост и венец на славата. Нивните срца ќе бидат под постојана контрола на Светиот Дух и тие ќе имаат знаење за вистината што таканаречените верници никогаш не можат да го добијат“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 284.


Петок 10. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како да бидам избавен од ропство на апетитот и страстите?

2. Што ќе го направи мојот живот живо сведоштво за моќта на евангелието?

3. Кои се некои од начините на кои можам подобро да покажам послушност кон властите?

4. Кога ќе ме обвинат лажно, па дури и ќе викаат на мене, каков треба да биде мојот одговор?

5. Што ќе ме направи навистина подготвен да страдам за Христа?

 <<    >>