Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
8. лекција Сабота, 25. мај 2024.

Ставот на христијанинот

„А најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни“ (1 Петрово 3:8).

„Оние кои тврдат дека се Христови следбеници, а во исто време се груби, нељубезни и неучтиви во зборовите и однесувањето, не учеле од Исуса. Човекот кој се фали, кој е дрзок и кој осудува не е христијанин; да се биде христијанин значи да се биде како Христос“. – Адвентен дом, 427.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Адвентен дом, 421-429. 

Недела 19. мај

1. ОПИС НА ВИСТИНСКИОТ ХРИСТИЈАНИН

а. Како Петар го опишува вистинскиот христијанин? 1 Петрово 3:8.

„Вредноста на убавото однесување е на премногу мала цена. Мнозина добри по срце, не покажуваат срдечност во однесувањето. Мнозина кои заслужуваат почит поради својата искреност и чесност, покажуваат жален недостиг од топлина. Овој недостиг ја расипува нивната сопствена среќа и има неповолно влијание врз нивната служба за другите“. – Воспитување, 240.

б. Кој уникатен став сличен на Христос особено го нагласува Петар? 1 Петрово 3:9; Матеј 5:44.

„Кон секого треба да се однесуваме љубезно и нежно, како кон Божји синови и ќерки.

Христијанството ќе направи воспитан господин (џентлмен) од човекот. Христос бил учтив, дури и кон оние што го прогонувале; и Неговите вистински следбеници ќе го манифестираат истиот Дух “. – Здравје и среќа, 489.

„Оваа религија нè учи да покажуваме трпение и долготрпеливост кога ќе се најдеме на место каде што нè третираат грубо и неправедно...

Во практикувањето на христијанската религија постојано има потреба од трпение, благост, самоодрекување и самопожртвуваност“. – God’s Amazing Grace, p. 248.


Понеделник 20. мај

2. ВНИМАВАЈТЕ НА ВАШИТЕ ЗБОРОВИ

а. Кое важно начело Петар повторно го нагласува како услов за среќен живот овде, како и во идниот живот? Псалм 34:12,13; 1 Петрово 3:10.

„Сатаната работи во секоја црква за да го уништи стадото Божјо... Наредено ми е да и кажам на секоја душа која тврди дека е следбеник на Христос: ’Чувај го својот јазик од зло, а усните да не зборуваат измама.’ Сатаната се обидува да ја уништи душата преку самовозвишување, а неговото делување може да се забележи во секоја црква. Браќа и сестри мои, внимавајте на вашиот дух. Внимавајте на вашите зборови, за да не ве наведе сатаната да ја повторите неговата историја“. – The Upward Look, p. 114.

б. Наведете примери на луѓе кои го прекршиле ова начело и како тоа предизвикало срам и понижување, особено за оној кој изговорил такви зборови. 1 Самуилова 14:24-27,43-45; Естира 6:6-10.

„Не дозволувајте ниту еден збор на раздразливост, грубост или страственост да избега од вашите усни. Христовата благодат го чека вашето барање. Неговиот Дух ќе ја преземе контролата над вашето срце и совест, насочувајќи ги вашите зборови и постапки. Никогаш не губете ја вашата самопочит поради избрзани, непромислени зборови. Чувајте ги вашите зборови чисти, а разговорите свети“. – Совети за детето, 219.

в. Како кршењето на ова начело ќе спречи многу луѓе да добијат вечен живот? 1 Петрово 3:10 (последен дел). Спореди со Откровение 14:5; 21:27.

„Кога овие корисници на чај и кафе ќе се состанат за заедничко дружење... им се разврзуваат јазиците, па почнуваат да зборуваат против другите. И тоа не со малку и добро одбрани зборови. Мрежата на озборувањето се шири наоколу, а често и отровот на скандалот. Овие непромислени озборувачи забораваат дека имаат сведок. Невидлив набљудувач ги запишува нивните зборови во небесните книги. Сите овие нељубезни критики, претерани известувања, завидливи чувства изразени под дејството на шолја чај, Исус ги забележува како да се упатени против Него“. – Совети за животот и исхраната, 423.


Вторник 21. мај

3. БАРАЈТЕ МИР

а. На кои други важни начела на христијанскиот живот нè потсетува Петар? 1 Петрово 3:11; Исаија 1:16,17.

б. Како можеме „да избегаме од злото и да правиме добро“? Еремија 13:23. Споредете со 1 Коринтјаните 6:9-11; Јован 3:5; Јаков 4:7.

„(Оние на кои им пишува апостол Павле) мора да ја откријат во нивните животи славната промена што ја направила во нив Христовата преобразувачка благодат... Тие не можат да ги променат своите срца. И кога, благодарение на нивните напори душите ги напуштија редовите на сатаната за да застанат на страната на Христос, тие не смеат да бараат никаква заслуга за направената промена...

Божјата сила е единствениот делотворен елемент во големото дело за стекнувањето победа над светот, телото и ѓаволот... Човекот не може да постигне ништо без Бога, а Бог толку ги уредил своите планови така што во делото на обновувањето на човечката раса Тој нема да постигне ништо без соработката на човечкото со божественото. Делот што човекот мора да го преземе е неизмерно мал, но во Божјиот план токму овој дел е потребен за работата да биде успешна.

Големата промена што се забележува во животот на грешникот по преобраќањето не е предизвикана од никаква човечка добрина“. – God’s Amazing Grace, p. 319.

в. Каква надеж и ветување им се дава на оние кои се предале на преобразувачката сила на евангелието, но сѐ уште се победени од различни искушенија? 1 Петрово 3:12; Јован 14:13,14.

„Со вера и со молитва сите можат да ги исполнат барањата на Библијата. Никој не може да биде присилен на престап. Прво мора да биде придобиена неговата согласност; душата копнее кон грешната постапка пред страста да завладее со разумот и пред беззаконието да ја победи совеста. Искушението, колку и да е силно, никогаш не е оправдување за гревот. ’Очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови - кон нивните молитви’ (1 Петрово 3:12). Викај кон Господа душо искушувана! Иако беспомошна и недостојна потпри се на Исуса, и барај го Неговото ветување. Господ ќе слушне. Тој знае колку се силни природните склоности на срцето и ќе ти помогне во секој момент на искушување.

Дали сте паднале во грев? Тогаш без одложување барајте од Господа милост и проштевање“. – 5 Сведоштво, 177.


Среда 22. мај

4. БЕСТРАШНО ПРАВИ ДОБРО

а. Кој практичен совет од Петар, ако го следиме, може да ни помогне да решиме многу проблеми во односите? 1 Петрово 3:13; Изреки 15:1.

„Зборовите кажани како одговор на лут човек обично делуваат како камшик и предизвикуваат уште поголем бес. Но, гневот дочекан со тишина брзо стивнува. Христијанинот нека го заузда својот јазик, цврсто решен да не изговара груби, нетрпеливи зборови“. – Messages to Young People, p. 136.

б. Како да се однесуваме со луѓе кои се чини дека не омекнуваат без оглед на нашата нежна претпазливост кон нив? 1 Петрово 3:14,16,17.

„Исус никогаш не го купувал мирот по пат на компромис… Христовите слуги се повикани на истото тоа дело и мораат да внимаваат да не се откажат од вистината во настојување да спречат неслога… Но вистинскиот мир никогаш не може да се постигне преку компромис на начелата. Исто така, никој не може да биде верен на начелото, а да не наиде на спротивставување. Децата на непокорноста се противат на христијанството кое е духовно. Меѓутоа, Исус им рекол на Своите ученици: ’Не плашете се од оние што го убиваат телото, а не можат да ја убијат душата’. Оние што му се верни на Бога не треба да се плашат од човечката моќ, ниту од непријателството на сатаната. Нивниот вечен живот е безбеден во Христа. Тие треба да се плашат од тоа да не се откажат од вистината и на тој начин да ја предадат довербата со која Бог ги почестил“. – Копнежот на вековите, 356.

в. Кој е изворот на сите наши добри дела и добри зборови? 1 Петрово 3:16 (прв дел); Дела 24:16; Евреите 9:14.

„Во Божјото слово читаме дека има добра и лоша совест, а фактот што твојата совест не те осудува затоа што не го почитуваш Божјиот закон не докажува дека не си осуден во Неговите очи. Доведете ја вашата совест пред Божјото слово и видете дали вашиот живот и карактер се во согласност со мерилата за праведност што Бог ги открил таму“. – The Review and Herald, September 3, 1901.


Четврток 23. мај

5. ДА ЗНАЕМЕ КАДЕ СТОИМЕ

а. Кои се главните причини зошто треба секојдневно да ја проучуваме Божјата реч? Исус Навин 1:8; Псалм 119:11; 1 Петрово 3:15; 2. Тимотеј 2:15.

б. Во каква голема опасност се наоѓаат многумина денес кои тврдат дека веруваат во сегашната вистина? Осија 4:6.

„Дали младите се во состојба со кротост и страв да му одговорат на секого што ќе ги запраша за причините на нивната надеж? Покажано ми е дека младите, општо земено, не ја сфаќаат својата положба. Страшни сцени се токму пред нив, времето на неволја кога ќе се провери вредноста на карактерот на секој поединец“. – 1 Сведоштво, 507,508.

„Пораката за ова време - оправдување со вера - е порака од Бога... Не сме безбедни ако занемариме секојдневно да го истражуваме Светото Писмо во потрага за светлина и знаење... Не постои еден од сто што ја разбира библиската вистина за ова прашање, која е толку неопходна за нашата сегашна и вечна благосостојба“. – Selected Messages, bk. 1, p. 359.

„Многумина очекуваат нивните проповедници да им донесат светлина од Бога… Таквите луѓе многу губат. Кога би сакале секој ден да Го следат Христа и да Го земат за свој водач и советник, би стекнале јасно познавање на Неговата волја, а со тоа и драгоцено искуство. Токму затоа што го немаат тоа вистинско искуство, браќата кои ја исповедаат вистината одат во искрите на туѓиот факел, не го признаваат гласот на Божјиот Дух и не знаат за Неговата волја. Затоа лесно можат да се оддалечат од верата. Тие се непостојани, затоа што очекуваат други да стекнат искуство за нив“. – 2 Сведоштво, 644.


Петок 24. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каков е мојот однос кон мојот сопружник, децата, браќата и колегите?

2. Наведете неколку клучни чекори кои ќе нѐ зајакнат во тоа како да го контролираме јазикот.

3. Што треба да направам ако ме совлада искушението?

4. Објаснете ја разликата помеѓу добрите дела и добрите зборови кои доаѓаат од чиста совест наспроти себичните мотиви во обид да изградите добра репутација.

5. Како можам да стекнам подлабоко разбирање за верувањата што ги имам?

 <<    >>