Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 22. јуни 2024.

Апел до црковните водачи

„Понизете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето“ (1 Петрово 5:6).

„Оние кои стојат како претставници (на Божјиот народ) не се сите христијански господа. Кај многумина преовладува духот што има тенденција да доминира над другите“. – Testimonies to Ministers, p. 260.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Testimonies to Ministers, pp. 347–359. 

Недела 16. јуни

1. ИСКУСТВО ШТО МУ Е ПОТРЕБНО НА СЕКОЈ ВОДАЧ

а. Кога апостол Петар станал вистински пастор, подготвен да се грижи за душите на другите? Матеј 26:75; Јован 21:15-17; 1 Петрово 5:1.

„Петар се откажал од Човекот на тагата… Но искрено се покајал и повторно се обратил. Во понизност на душата повторно се предал на својот Спасител… Понизувајќи се во потполност можел да сочувствува со слабите и заскитаните. Сега можел да ги предупредува и опоменува оние кои во својата горделивост се склони кон претерување и навистина се удостоил да ги утврдува своите браќа“. – 3 Сведоштво, 416.

б. Исто така, какво искуство мора да има секој пастор и црковен водач денес? Јован 3:1-3.

„Никодим беше преобратен како резултат на овој разговор. Истите овие зборови Христос им ги упатува на претседателите на конференциите, на старешините на црквите и на оние што заземаат различни одговорни позиции во нашите институции: ’Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство’“. – Testimonies to Ministers, p. 369.

„Божјата моќ на преобраќање мора да делува на срцата на проповедниците, или тие треба да бараат некој друг повик...

Сѐ додека не се обратат проповедниците, црквите ќе бидат болни подготвени да умрат“. – Evangelism, p. 643.


Понеделник 17. јуни

2. ДА СЕ ПРЕДУПРЕДУВА СО АВТОРИТЕТ

а. Што треба да земе во предвид црквата пред да повика некое лице на служба, и поединецот пред да го прифати повикот? 1 Петрово 5:2 (прв дел).

„Бог не само еднаш има покажано дека луѓето кои не дале несоборливи докази дека Тој ги повикал не треба да бидат охрабрувани да ја прифатат таа работа. Товарот за грижата на Своето стадо Бог нема да го довери на неквалификувани поединци. Оние што Бог ги повикува мора да бидат луѓе со длабоко искуство, испитани и проверени, луѓе со здраво расудување, луѓе кои не се плашат да го осудат гревот во дух на кротост, луѓе кои знаат како се чува и храни Божјото стадо“. – 1 Сведоштво, 209.

„Секој човек што презема на себе одговорност на советник, секој човек што се занимава со човечки души... никогаш нема да биде помудар додека не стане помал и побезвреден во своите очи... Оваа промена треба да се случи кај секој човек пред да прифати позиција на водач или управител во врска со Божјото свето дело“. – Testimonies to Min¬isters, pp. 370, 371.

б. На каква опасност ги предупредил Петар оние што работеле во Господовото лозје? 1 Петрово 5:2 (втор дел).

„Желбата за високи плати, со решеност другите да се лишат од нивните од Бога дадени права, потекнува од умот на сатаната... на оние кои упаднале во оваа замка не може да им се верува, освен ако темелно не се преобратени и обновени“. – Testimonies to Min¬isters, pp. 393.

„Луѓето на позиции од доверба треба да ги сметаат средствата со кои управуваат како Божји приход и да ги користат на економичен начин...

Одговорноста за користење и трошење на Господовите пари не смее да биде оставено на дискреционо право на еден човек. Мора да се даде сметка за секој потрошен денар. Божјите средства мора да се потрошат во вистинско време и место“. – Medical Ministry, p. 165.

в. Дури и ако работата за Господ не е добро платена работа, за што црквата сепак треба да размисли? 1 Тимотеј 5:17,18.

„Секој работник во нашите институции треба да биде праведно награден. Ако работниците добиваат соодветни плати, тие со задоволство ќе даваат прилози за Божјото дело. Не е во ред некои да добиваат голема сума, а други, кои верно и совесно ги извршуваат потребните задачи, примаат значително помалку“. – The Publishing Ministry, p. 239.


Вторник 18. јуни

3. ПОТРЕБЕН Е ПОНИЗЕН СТАВ

а. Која е главната причина за проблемите меѓу браќата на одговорни позиции? 1 Петрово 5:3; 3 Јованова 9.

„Духот на доминација се протега и на претседателите на нашите конференции. Ако некој кој е премногу уверен во својата моќ, и се обидува да врши доминација над своите браќа, имајќи предвид дека има право да ја наметне својата волја како закон, таквиот е најдобро и најбезбедно да се отстрани, за да не предизвика поголема штета, да ја изгуби сопствената душа и да ги загрози душите на другите“. – Testimonies to Ministers, p. 362.

б. Каков апел се упатува до сите водачи и старешини на локалните цркви, кои, ако го послушаат, ќе ја спречат гордоста и духот на самодоверба кај браќата на повисоки позиции? 1 Петрово 5:2 (прв дел); 1 Коринтјаните 6:2-5.

„Ми беше покажано дека е грешка да се претпостави дека луѓето на позиции од посебна одговорност во Battle Creek поседуваат мудрост многу посупериорна од онаа на обичните луѓе...

Многумина се навикнати да пишуваат или да бараат совет и насоки кога се нашле во тешки ситуации. Но, грешка е оние кои се на одговорни позиции во нашите различни институции да зависат од луѓето... Мизерно и слабо ќе биде судбината на оние кои се воспитани да зависат целосно од другите... Дали луѓето од Battle Creek треба да се сметаат за бескрајно мудри“. – Testimonies to Ministers, p. 374,375.

„Не гледајте во моќта на луѓето на високи позиции на одговорност, бидејќи истите тие луѓе се во опасност да заклучат дека одговорната позиција е доказ за посебната Божја наклоност и сила. Нашите цркви се слаби затоа што членовите се обучени да гледаат на луѓе и да се потпираат на човечка помош, а илјадници долари се трошат непотребно за транспорт на одредени луѓе од едно место до друго за да се решат малите тешкотии“. – Testimonies to Ministers, p. 380.

в. Што би им овозможило на помалку искусните работници да стекнат поголем увид за да постигнат успех? Наведете пример кога недостатокот од ова довел до неуспех. 1 Петрово 5:5 (прв дел); 1 Царевите 12:6-8,16; Лука 6:39.

„Младите би можеле да шират силно влијание кога би ја отфрлиле својата гордост и себичност, потполно посветувајќи се на Бога“. – 1 Сведоштво, 485.

„Нека младите негуваат дух што може да се поучи, за да можат да имаат корист од напорите на оние што се обидуваат да им помогнат“. – The Youth’s Instructor, August 31, 1893.


Среда 19. јуни

4. ПЕТРОВИОТ ПРИМЕР НА ПОНИЗНОСТ

а. Како знаеме дека еднократното вистинско преобраќање или искуство со Господ не е доволно за пасторот - или кој било верник? 2 Коринтјаните 13:5; Евреите 3:13.

„Подоцна, кога ја посетил Антиохија, со својот внимателен однос кон верните од незнабоштво, Петар ја задобил довербата на многу верници. Извесно време постапувал според светлината што му била дадена од небото. Во толкава мера ги совладал своите природни предрасуди, што седел на заедничка трпеза со обратениците од незнабоштво. Меѓутоа, кога дошле некои Евреи од Ерусалим, кои ревнувале за обредниот закон, Петар несмасно го променил своето однесување кон обратениците од незнабоштво… Тој знак на слабост кај оние што биле сакани и почитувани како водачи оставил мошне мачен впечаток врз душите на верниците од незнабожечко потекло. На црквата ѝ се заканила опасност од отворен расцеп“. – Делата на апостолите, 197,198.

б. Кога грешката или однесувањето на некој проповедник, библиски работник или водач на црквата внесува горчина или збунетост во црквата, како треба да се укорат? Галатјаните 2:14; 1 Тимотеј 5:20.

в. Каков треба да биде ставот на преобратениот водач кога е јавно разоткриен? 1 Петрово 5:5 (втор дел), 6; Јаков 5:16.

„Павле, гледајќи дека штетата што ѝ ја нанела на црквата дволичноста на Петар врши разурнувачко влијание, отворено го укорил Петар што ги покрива своите вистински чувства. Во присуство на сите го прашал Петар… Петар ја увидел заблудата во која паднал и веднаш, колку што било тоа во негова моќ, настојувал да го отстрани ова нанесено зло. Бог, кој од почеток го знае крајот, дозволил да се покаже таа слабост во карактерот на Петар со цел проверениот апостол да увиди дека во него нема ништо со што би можел да се пофали. Дури и најдобрите луѓе, ако се препуштени сами на себе, прават грешки во расудувањето…

Историјата за тоа отстапување од вистинските начела претставува сериозна опомена за луѓето што се наоѓаат на одговорни положби во Божјото дело… Колку поголеми одговорности му се доверени на едно човечко орудие, колку е поголема неговата положба и можноста да заповеда и да контролира, толку поголеми штети ќе направи“. – Делата на апостолите, 198,199.


Четврток 20. јуни

5. ОХРАБРУВАЊЕ ЗА УМОРНИТЕ РАБОТНИЦИ

а. Која е често причината за обесхрабрување во животот на евангелскиот работник? 1 Петрово 5:5 (последен дел).

„Многумина од нашите проповедници се премногу чувствителни, неискусни, лишени од христијанските доблести, непосветени и лесно се обесхрабруваат… За ова дело се потребни луѓе кои нема да мрморат и да се жалат на тешкотиите и неволјите кои ги снаоѓаат, знаејќи дека тоа е дел од ветувањето кое Исус им го оставил. Тие мораат да излезат надвор од својата околина, да поднесуваат и срам и тешкотии како добри војници на Исуса Христа“. – 3 Сведоштво, 423.

б. Кога сатаната се обидува да обесхрабри некој од нас со тоа што ќе укаже на проблемите во црквата, за кое ветување треба да се држиме? 1 Петрово 5:4,7.

„Ништо да не нè спречи да ги изнесуваме нашите молитви во името на Исус, верувајќи со непоколеблива вера дека Бог нè слуша и ќе ни одговори. Да ги изнесеме нашите тешкотии кај Бога, понизно пред Него. Има голема работа што треба да се изврши, но иако е наша привилегија да се советуваме заедно, сепак мораме да бидеме сигурни и да бараме совет од Бога во сѐ, бидејќи Тој никогаш нема да нѐ изневери. Но, не треба да го направиме телото наша рака. Ако го сториме тоа... неверувањето ќе се вовлече и нашата вера ќе умре“. – Testimo¬nies to Ministers, p. 487.

„Духот на вистинскиот пастир е полн со самопожртвуваност. Тој наполно се губи од вид себеси и сиот му се посветува на Божјото дело… Соработувајќи со Оној кој прима на Себе секој товар. Тој учествува во нивните страдања, ги теши во нивните таги, го намирува гладот на нивната душа и ги придобива нивните срца за Бога“. – Делата на апостолите, 527.


Петок 21. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога последен пат бев во солзи на колена во подножјето на крстот?

2. Дали некако мислам дека ако имам повисока позиција ќе можам да направам повеќе за Господ?

3. Зошто стремежот за повисока позиција во црквата не би требало да најде место во мојот ум?

4. Каков е мојот однос кон оние кои ми укажуваат на грешките?

5. Кого го обвинувам за моите моменти на обесхрабрување?

 <<    >>