Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
  Сабота, 4. мај 2024.

Дар во првата сабота За светските мисии

„Небото негодува заради немарноста која се манифестира кон човечките души. Дали сакаме да знаеме како Христос гледа на тоа? Што би чувствувале таткото и мајката кога би знаеле дека нивното дете се изгубило во студ и снег и дека било одминато и оставено да пропадне од оние кои можеле да го спасат?“ – Копнежот на вековите, 825.

Духовно гледано, кои се овие деца „изгубени во студот и снегот“?

„Милиони и милиони човечки души, подготвени да пропаднат во оковите на незнаење и грев, никогаш не ни слушнале за Христовата љубов кон нив. Кога ние би се нашле во нивна положба, а тие во наша, што би сакале тие да направат за нас? Наша свечена обврска е да го правиме сето тоа за нив колку што е во наша моќ“. – Копнежот на вековите, 640.

„Светлината на вистината треба да свети на секое место, за да можат душите кои се во темнината на незнаењето да се разбудат и да се обратат. Во сите земји и градови треба да се објавува евангелието“. - Evangelism, p. 19.

„Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда?“ (Римјаните 10,14).

Сега ни е потребна глобална евангелизација, додека вратите сè уште се отворени. Навистина, во овој час можеме да го слушнеме ехото на Исусовите зборови: „Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи“ (Јован 9:4,5).

Не секој може лично да оди секаде каде што пораката треба да стигне на оваа мрачна планета. Сепак, за да се рашири оваа порака насекаде, тоа бара нешто од сите нас: време, грижа, сила и пари треба сесрдно да се вложат во оваа работа додека целата земја не биде осветлена од Божјата слава. Вашата верна дарежливост кон светските мисии може да направи огромна разлика!

Вашите браќа од Генералната Конференција

 <<    >>