Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Кој од нас не поминал низ ситуации слични на онаа на Петар, ученик секогаш отворен и подготвен да го каже своето мислење? Неговата човечка природа е секако онаа со која сите ние можеме да се поврземе, барем на некој начин. Неговата ентузијастичка ревност и подготвеност да ги исполни барањата на својот Господар се инспиративни. Сигурно можеме да се соживееме со неговите повремени, срамни грешки и да бидеме охрабрени од начинот на кој повторно се издигнал по падот. Процесот на созревање низ кој помина Петар под Божјо водство го доведе до возвишениот апостолски повик, со две посланија достојни да бидат ставени во светиот канон на Светото Писмо.

Поради овие причини, во текот на следните три месеци, учениците во саботните училишта ширум светот ќе се фокусираат на Поуки од посланијата на Петар (I). Богатите бисери на вистината од перото на овој вдахновен Божји човек имаат за цел да ни помогнат во нашето одење со Господ во тешки времиња.

Една од клучните точки во посланието на Петар е дека Божјиот народ треба да живее живот кој го изградува Христовото тело и дава блескаво сведоштво за светот помрачен од гревот.

„Оживување и реформација мора да се случат под дејство на Светиот Дух. Оживување и реформација се две различни работи. Оживување значи обновување на духовниот живот, оживување на силите на умот и срцето, воскресение од духовна смрт. Реформација значи реорганизација, промена на идеите и теориите, навиките и практиките. Реформацијата нема да донесе добри плодови на праведноста ако не е поврзана со оживувањето на Духот. Оживувањето и реформацијата мора да ја вршат својата задача, а при вршењето на оваа работа мора да се спојат.“ - Избрани пораки 1, 123.

Интересното сведоштво упатува силен апел до сите нас и нѐ поттикнува да се стремиме кон духовен раст додека го проучуваме првото послание на Петар: „Брате мој, ти можеш да бидеш силен во Господа, доколку сакаш. Ти имаш способности што Бог ти ги доверил за да ги посветиш на Неговата служба. Ако не се посветиш целиот на Христа, твојата способност ќе стане опасност за тебе и за другите, бидејќи ќе ги наведеш да застранат од патот на вистината и да се оддалечат од Христа.

За членовите на црквата во _______ мора многу да се направи. Ти треба да имаат огнена ревност за Исуса, треба да бидат попонизни, потрпеливи, пољубезни, попопустливи - слични на Христа во секој поглед. Треба со својот карактер на светот да му ја покажат моќта на вистината. Бог не дозволува ти со твојот пример и твоите зборови да го попречуваш патот на ова значајно дело. Сакаш ли да соработуваш со Христа? Сакаш ли да му бидеш верен на Господа кој те откупил? Сакаш ли да оставиш на страна сѐ што има помало значење? Ти мораш да бидеш крстен во една посеопфатна вера и љубов кон Бога. Повеќе треба да ги цениш работите што имаат вечно значење.“ – 5 Сведоштво, 570,571.

Нека Господ ни помогне на сите да го примиме ова при срце додека проучуваме!

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>