Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
  Сабота, 6. април 2024.

Дар во првата сабота за црквата во Наранг Манди, Пакистан

Пораката на Реформното движење на адвентистите на седмиот ден влегла во Пакистан во вториот дел од дваесеттиот век. Вкупното население на Пакистан е 241,5 милиони, а најзастапена религија е исламот (96,47%), а потоа следи хиндуизмот (2,14%), христијанството (1,27%) и другите религии (0,11%). Нашата земја е опкружена со Авганистан, Кина, Индија, Арапското Море и Иран. Уделот на земјоделството во бруто домашниот производ е околу 20,9%. Економијата на Пакистан е рангирана како земја во развој со ниски приходи. Пакистан се лошо котира според сите развојни параметри поставени од Програмата за развој на Обединетите нации и Светската банка.

Градот Наранг Манди се наоѓа во областа Муридке во државата Пенџаб. Оваа област е населена со над 500 илјади луѓе. Во последниве децении, спроведувавме состаноци, семинари и други активности за развој на црквата меѓу нашите браќа во Пакистан. Дури и покрај проблемите со кои се соочуваме, успеваме да ја одржиме нашата вера во Христа. Сега нашите активности се проширија низ целата земја. Работиме на развој на различни аспекти од Господовото дело, како што се мисионерски потфати, здравствено образование, развој на лидерство, формирање на центри за образование и реновирање на нашите стари цркви во Пакистан.

„Господ му се обраќа на Својот народ во ова време, велејќи: Влезете во градовите и проповедајте ја вистината со едноставност и вера. Светиот Дух ќе работи преку вашите напори да ги освои срцата. Не внесувајте во вашата порака некакви чудни доктрини; туку кажете ги јасните зборови на Христовото евангелие, кои можат да ги разберат и младите и старите. И необразованите и образованите треба да ги разберат вистините на третата ангелска порака и тие треба да се поучуваат во едноставност. Ако сакате да им пристапите на луѓето на прифатлив начин, понижете ги вашите срца пред Бога и учете ги Неговите патишта.“ - Medical Ministry, p. 299.

Сите свои дарови треба радосно да ги приложиме; спремно ќе ги исполниме Божјите барања и ќе разбереме дека Божјото дело бара дел од средствата што ни се доверени во наши раце. Браќата и сестрите од мисијата во Пакистан ви се заблагодаруваат, драги наши браќа, сестри и млади за вашите дарежливи дарови за овој проблематичен дел од светот... „зашто Бог го љуби оној што од срце дава“ (2 Коринтјаните 9:7).

Вашите браќа и сестри од Пакистанската Црква

 <<    >>