Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 1. јуни 2024.

Крштевањето што им е потребно на сите

„Образецот на таа вода - крштавањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога добра совест - нè спасува сега и нас преку воскресението на Исус Христос“ (1 Петрово 3:21).

„Ги молам членовите на црквата во секој град цврсто да се држат за Господ за да го примат крштевањето со Светиот Дух“. – Counsels on Health, p. 548.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патот кон Христа, 17-22. 

Недела 26. мај

1. ЕДИНСТВЕН ПАТ ДО СПАСЕНИЕТО

а. Што рекол Петар и во своите писма и во своите проповеди за единствениот можен пат до спасение? 1 Петрово 3:18; Дела 4:10-12.

б. Зошто Бог во Својата милост не можел едноставно да им прости на грешниците и да ги спаси без да го жртвува Својот Син? Исаија 26:10; Римјаните 8:7. Споредете со Римјаните 5:10; Колосјаните 1:20-22.

„Во својата безгрешна состојба, човекот одржувал радосна врска со (Бога)… Но, по сторениот грев, светоста не му причинувала повеќе радост, и тој се обидел да се скрие од Божјото присуство… Грешникот не би можел да биде среќен во Божјо присуство; нему друштвото на светите суштества би му било непријатно. И кога би му било дозволено да дојде на Небо, тоа не би му пружило никаква радост. Духот на несебичната љубов што владее таму… не би нашол одглас во неговата душа. Неговите мисли, неговите интереси, неговите побуди, би биле во расчекор со она што ги раздвижува безгрешните небесни жители. Тој би бил нескладна нота во небесната мелодија. За него небото би било место на мачење… Бог не одлучил самоволно да ги исклучи грешните од небото; тие сами се исклучуваат со својата непогодност за небесната заедница. Божјата слава за нив би била оган, кој спалува“. – Патот кон Христа, 17,18.


Понеделник 27. мај

2. СИГУРНОСТ ПРЕКУ НЕГОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Иако сме спасени преку Христовата смрт, во која смисла сме и спасени „преку воскресението на Исус Христос“? 1 Петрово 3:21 (последен дел); 1 Коринтјаните 6:14; 15:22,23; 1 Солунјаните 4:13-16.

б. Што објаснува Петар за тоа кој всушност ја исполнил заповедта на Отецот и го воскреснал Исус? Споредете Дела 2:22-24 со 1 Петрово 3:18.

„Оној кој умре за гревовите на светот требаше да остане во гробот за одредено време. Тој беше во овој камен затвор како затвореник на божествената правда... Тој ги понесе гревовите на светот и само Неговиот Отец можеше да го ослободи“. – The Youth’s Instructor, May 2, 1901.

„Воскреснувајќи го Христос од мртвите, Отецот го прослави својот Син пред римската стража... сатанската војска и пред небесната вселена“. – Lift Him Up, p. 102.

„Тогаш се слушна моќниот ангел со глас кој ја потресе земјата: ’Исусе, Сине Божји, твојот Отец те вика!’ И излезе Оној што имаше моќ да ја победи смртта и гробот“. – The Present Truth, February 18, 1886.

„Бог е облечен во сила; Тој е способен да ги воскресне оние што се мртви во престапи и гревови, и преку Духот кој го воскресна Исус од мртвите, да го преобрази човечкиот карактер, враќајќи ѝ го на душата изгубениот лик Божји“. – The Youth’s Instructor, February 7, 1895.

в. Кој ќе ги подигне сите светци во бесмртност при второто Христово доаѓање, и под кои услови тоа ќе биде возможно? Римјаните 8:9-11.

„Смртните тела се оживуваат со Неговиот Дух кој живее во вас...

Оживувачката сила на Христовиот Дух, која живее во смртното тело, ја врзува секоја душа која верува со Исус Христос...

Давателот на животот ќе го повика Својот стекнат имот при првото воскресение... Со силата на Спасителот кој живеел во нив додека биле живи, и бидејќи биле учесници во божествената природа, тие воскреснуваат од мртвите“. – Selected Messages, bk. 2, p. 271.

„Христос на смртта гледа како на сон – тишина, темнина, сон. Тој за смртта зборува како да е неважна… И за сите оние кои вистински веруваат во Христа смртта е безначајна. За него смртта е само сон.

Истата сила што го воскресна Христа од мртвите ќе ја воскресне и Неговата Црква“. – Мојот живот денес, 295.


Вторник 28. мај

3. „СИЛА“ ВО ЕВАНГЕЛИЕТО

а. Кого го користел Исус за да го проповеда евангелието и да му му се обрати на паднатото човештво во старозаветните времиња? 1 Петрово 3:18 (последен дел), 19,20. За да разберете кои биле „духовите во затвор“, споредете ја оваа фраза со Изреки 5:22; Исаија 42:6,7; 61:1.

„Бог постојано му се обраќа на човечкото срце, повикувајќи го да ја препознае Неговата љубов и милост... Така Тој им се обраќал на луѓето во сите времиња. Во времето на Ное Христос зборувал со човечкиот род преку луѓето и им проповедал на оние кои се наоѓале во ропството на гревот“. – This Day With God, p. 278.

„Духот и претходно бил на овој свет. Тој делувал на срцата на луѓето од самиот почеток на делото на откупувањето“. – Копнежот на вековите, 669.

б. По Неговото вознесение, кого испратил Христос за да им даде сила на учениците да го продолжат делото на евангелието? Јован 14:12,16,17; 20:21,22; Дела 1:2.

„Додека Христос бил на Земјата, на учениците не им бил потребен друг помошник. Меѓутоа, кога ќе бидат лишени од Неговото присуство, тие ќе почувствуваат потреба за дарот на Светиот Дух и тогаш Тој ќе дојде.

Светиот Дух е Христов претставник, но не во човечки лик и не зависи од него. Оптоварен од човечката природа, Христос не можел лично да биде на секое место. Затоа, во нивен интерес било Тој да се врати кај Таткото и да го испрати Духот да биде негов наследник на Земјата. Тогаш никој нема да биде посебно привилегиран само поради местото во кое живее или поради својот личен допир со Христа. Со посредство на Духот, Спасителот ќе биде достапен на сите. Во таа смисла Тој ќе им биде поблизу отколку кога не би се вознел на Небото“. – Копнежот на вековите, 669.

в. Кое Христово ветување треба повторно да се исполни во времето на крајот, дури и пообилно отколку во времето на апостолите? Јоил 2:28-31; Осија 6:3.

„Големото дело на евангелието нема да се заврши со помала манифестација на Божјата сила од онаа што го одбележала неговиот почеток“. – Големата борба, 611.


Среда 29. мај

4. КРШТЕВАЊЕ КОЕ НА СИТЕ НИ Е ПОТРЕБНО

а. Објаснете го целосното крштевање кое е потребно за спасение. Марко 1:7,8; Јован 3:3,5.

„Атмосферата во црквата е толку студена... Топлината на нивната прва љубов е замрзната, и доколку не се крстат со крштевањето на Светиот Дух, нивните светилници ќе бидат отстранети од своето место, освен ако не се покајат и не ги прават своите први дела“. – Testimonies to Ministers, pp. 167, 168.

б. Зошто на многу христијани им е тешко да ги одржат своите завети што ги дале при нивното крштевање со вода? Евреите 5:11,12; 6:1,2.

„Има мнозина што не даваат очигледни докази дека се верни на заветот направен при крштавањето. Формализмот, световните амбиции, гордоста и самољубието ја ослабнале нивната ревност“. – 9 Сведоштво, 155.

„Работниците имаат голема потреба од крштевањето на Светиот Дух, за да можат да станат вистински мисионери за Бога!“ – Counsels on Sabbath School Work, p. 155.

„Нашата работа денес е да ги предадеме нашите души на Христа, за да се подготвиме за времето на освежување од лицето Господово – да се подготвиме за крштевањето со Светиот Дух“. – Evangelism, p. 702.

в. Кој единствено може да ја исчисти нашата совест за нашите завети дадени при крштевање да станат вистински „одговор на добра совест кон Бога“? Споредете 1 Петрово 3:21 со Евреите 9:14; Римјаните 8:9,10.

„Она што ни треба е совест освежена од Божјиот Дух; зашто совеста на мнозина е затапена од уживање во гревот и неверувањето. Мораме да знаеме што е вера и да сфатиме дека мора да имаме жива врска со небесниот Бог“. – The Signs of the Times, July 25, 1892.

„Кој освен Светиот Дух, може на умот да му ги открие моралните стандарди за праведност и да го осведочи за гревот, и да предизвика жалост која е според Бога, која донесува покајание за кое нема потреба да се кае и да доведе до пројавување на вера во Оној кој единствено може да нѐ спаси од сите гревови?“ – Selected Messages, bk. 3, pp. 137, 138.


Четврток 30. мај

5. НАСОЧУВАЊЕ НА НАШИТЕ МИСЛИ

а. На што уште еднаш укажува Петар насочувајќи го нашето внимание кон спасението? 1 Петрово 3:21 (последен дел), 22; Евреите 8:1.

„(Господ Исус) седи од десната страна на Бога и како Бог ја прима врховната чест, славата што ја имал пред создавањето на светот. Тој Своите дарови им ги дели на сите оние кои со вера полагаат право на нив...

Ние во Богот на нашето спасение имаме неисцрпни богатства, океан на љубовта“. – That I May Know Him, p. 338.

„Тој воскресна од гробот опкружен со облак од ангели во чудесна моќ и слава – Божеството и човечкото беа обединети. Тој го зеде во Свои раце светот, за кој сатаната тврдеше дека е негова законска територија, и со Неговото чудесно дело, давајќи го Својот живот, го врати целиот човечки род на Божјата наклонетост.

Никој да не заземе ограничено и тесноградо гледиште дека кое било човечко дело може барем малку да помогне да се отплати долгот на неговиот престап. Ова е фатална измама. Ако сакате да го разберете ова, вие мора да престанете да се пазарите околу вашите ситни идеи и да го испитате помирувањето со смирени срца. Оваа работа е толку слабо разбрана што илјадници и илјадници луѓе кои тврдат дека се Божји деца се деца на лукавиот, затоа што ќе зависат од своите дела. Бог отсекогаш барал добри дела, законот го бара тоа, но бидејќи човекот се довел себеси во грешна положба каде што неговите добри дела се безвредни, само Исусовата праведност може да помогне. Христос е во состојба да спасува до крај, затоа што Тој е секогаш жив за да посредува за нас. Сè што човек може да направи за своето спасение е да го прифати повикот... Не постои грев што човек може да го направи за кој не е платена доволна цена на Голгота. Така, крстот, упатувајќи искрени апели, постојано му нуди на грешникот целосно помирување“. – Selected Messages, bk. 1, p. 343.


Петок 31. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можам да најдам поголема радост во разговорот и размислувањето за Исус и Неговата Реч?

2. Кои се доказите за делото на Светиот Дух во мене?

3. Што би го зголемило обемот на Светиот Дух за да ме употреби во службата?

4. Како можам да го доживеам крштевањето на Светиот Дух во полнота?

5. Што е тоа што премногу често нѐ тера да го изгубиме од вид Исус, а со тоа и верата?

 <<    >>