Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 8. јуни 2024.

Да се живее нов живот

„Та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја“ (1 Петрово 4:2).

„Оние кои се навистина посветени ќе го почитуваат и ќе го слушаат Божјото Слово веднаш штом ќе им биде отворено и ќе изразат силна желба да знаат што е вистина за секоја точка од доктрината”. – Faith and Works, p. 121.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   That I May Know Him, p. 104
  Пророци и цареви, 701, 702. 

Недела 2. јуни

1. СЕКОГАШ ОХРАБРУВАЧКА МИСЛА

а. За што нѐ советува апостол Петар да размислуваме за да бидеме зајакнати и охрабрени кога сме изложени на многубројни искушенија и неволји? 1 Петрово 4:1; Евреите 12:3.

„Можеме да ја зајакнеме нашата вера и да ја оживееме нашата љубов ако често одиме до подножјето на крстот и таму размислуваме за понижувањето на нашиот Спасител“. – Our High Calling, p. 361.

„Да се запрашаме: ’Што би направил нашиот Спасител кога би бил во наши околности?’… На тоа прашање Тој одговорил со Својот личен пример. Го напуштил Своето царско височество, се откажал од Својата слава, ги жртвувал сите богатства на небото и Своето божество го облекол со човечка природа, за да може да им се приближи на луѓето такви какви што се. Неговиот пример покажал дека Тој го положил Својот живот за спасение на грешниците“. – 4 Сведоштво, 79. „Христос беше искушуван во сè како што сме искушувани и ние. Нека мислат на Христа оние кои се погодени од искушенија, кои чувствуваат дека нивните пријатели ги напуштиле... сами во пустината, соочени се со искушенија потешки од сето она што ги снашло. Нека не очајуваат, нека ја испружат растреперената рака на верата за да ја фатат раката што е испружена да ги спаси. Нека ги доверат своите беспомошни души на Исус, Кој, токму затоа што поминал низ сето тоа, знае како да ги избави оние кои се искушуваат“. – Manuscript Releases, vol. 21, p. 12.


Понеделник 3. јуни

2. ПРЕКУ СТРАДАЊЕ ВО ПОБЕДА

а. Зошто Бог намерно ни дозволува да поминеме низ страдања и неволји? 1 Петрово 4:1 (последен дел); 2 Коринтјаните 12:7-10.

„Кога Спасителот му се јави на Павле во светлите зраци на Неговата слава... Тој беше физички заслепен од славното присуство на Оној што го хулеше, но тоа беше за да добие духовен вид, за да се разбуди од летаргијата која ги умртвила и парализирала неговите сетила“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1058.

„Големиот страв што ме мачеше беше дека ако го послушам повикот на должноста и тврдам дека Севишниот ми укажува чест испраќајќи ми визии и откровенија за луѓето, би можела да се препуштам на грешното воздигнување и да го навлечам на себе Божјото незадоволство и да ја изгубам сопствената душа...

Се молев сега, ако морам да одам и да го кажам она што ми го покажа Господ, да бидам сочувана од прекумерно воздигнување. Ангелот рече: Твоите молитви се слушаат и ќе бидат усвоени. Ако ти се закани тоа зло од кое се плашиш, Божјата рака ќе биде испружена да те спаси; преку страдања ќе те привлече кон Себе и ќе ја зачува твојата понизност. Верно пренеси ја пораката; издржи до крај, и ќе јадеш од плодот на дрвото на животот и ќе пиеш од водата на животот“. – Christian Experience and Teachings of Ellen G. White, pp. 67, 68.

б. Иако искушуван од грешните телесни желби, која треба да биде целта на секој христијанин? 1 Петрово 4:2,15; Ефесјаните 4:17,22-24.

„Бог бара многу повеќе од Своите следбеници отколку што тоа мнозина си замислуваат. Ако сакаме нашата надеж за небото да не ја градиме на лажни темели, мораме да ги прифатиме зборовите на Библијата како што гласат, и да веруваме дека Господ го мисли тоа што го кажува. Тој од нас не бара ништо, а истовремено да не ни подари благодат да го направиме тоа. Ако не успееме да се издигнеме на висината што ја одредил во Својата Реч, со ништо нема да можеме да се оправдаме на Божјиот ден“. – 5 Сведоштво, 171.

„Преобраќањето е дело што многумина не го ценат. Не е мала работа да се преобрази земниот ум кој го љуби гревот и да се наведе до ја разбере неискажливата Христова љубов... Кога (душата) ги разбира овие работи, ќе гледа на својот поранешен живот со омраза и одвратност. Таа го мрази гревот... Се откажува од своите поранешни задоволства. Има нов ум, нови чувства, нов интерес, нова волја“. – The Faith I Live By, p. 139.


Вторник 4. јуни

3. НЕКОИ НАВИКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ СОВЛАДААТ

а. Кои грешни желби ги спомнува Петар како вообичаени и тешки за надминување? 1 Петрово 4:3.

Развратност, похоти: „Слободата која се зема во ова време на изопаченост, не треба да биде критериум за Христовите следбеници. Овие модерни прикази на блискост не треба да постојат меѓу христијаните… Ако страста, развратот, прељубата… се вообичаени помеѓу оние кои не ја знаат вистината… колку е важно оние кои се изјаснуваат дека се Христови следбеници… да стојат во целосна спротивност со оние со кои владеат груби страсти“. – Адвентен дом, 329.

Пијанство: „Единствен начин на кој можеме да се сочуваме од силната неумереност е потполното воздржување од виното, пивото и сите жестоки пијалаци… Тој ќе ги признае како победници и нивните имиња нема да ги избрише од книгата на животот“. – Совети за детето, 401,402.

Забави, гозби: „Таканаречените христијани кои се површни во карактерот и во верското искуство често се во рацете не искушувачите како мамка за другите. Овој вид на христијани секогаш е готов да се собере за задоволство или спорт, а нивното влијание ги привлекува другите. Младите мажи и жени кои се обидуваат да бидат библиски христијани се убедуваат да се приклучат на вакви седенки… Тие не увидуваат дека таквите забави всушност се сатанска гозба подготвена да ги спречи душите да… ја примат белата облека на карактерот која ја претставуваат Христовата праведност. Таквите стануваат збунети што е правилно за нив како христијани да прават“. – Адвентен дом, 518.

„Многумина кои што ја имаат прифатено здравствената реформа, го оставиле сето она што е штетно, но дали заради тоа... можат да јадат колку што им е угодно? Тие седнуваат на трпезата... му се препуштаат на апетитот и јадат претерано...

Какво влијание има тоа прекумерно внесување на храна на желудникот? Тој слабее, органите за варење ја губат својата сила и како последица доаѓа болест, со сите нејзини зла... Тие се чувствуваат лошо и им се чини дека нивните деца се многу лоши. Тие не можат смирено да разговараат со нив, ниту пак без посебна благодат да постапуваат смирено во своето семејство. Сите околу нив се погодени со нивната болест; сите треба да страдаат заради последиците на нивната слабост...

Дури и поборниците на здравствената реформа можат да згрешат во количеството на храната“. – Совети за животот и исхраната, 135,136.

„Гнасни идолопоклонства: „Тие не требаше да се усогласат со обичаите на незнабошците, ниту да го зачуваат сеќавањето на нивните гнасни идолопоклонства. Колку и да е скапоцен материјалот од кој се направени, колку и да се вешто изработени, сето она што се однесувало на незнабожечката служба мора да биде уништено“. – The Signs of the Times, January 13, 1881.


Среда 5. јуни

4. СЛИЧНИ НА ХРИСТА СЕКАДЕ И СЕКОГАШ

а. Која е најчестата последица со која ќе се соочиме во овој живот откако ќе избереме да живееме според Божјата волја? 1 Петрово 4:4,12.

„Колку повеќе се приближуваме до крајот, сатаната… ќе користи човечки агенти за да ги исмејува и клевети оние кои што го „градат ѕидот“. – Пророци и цареви, 659.

„Со солзи (Божјиот народ) ќе ги опоменува грешниците да не го газат Божјиот закон, и со неискажана тага ќе се понизат пред Господа во покајание. Грешниците ќе се потсмеваат на нивната тага и ќе ги исмејуваат нивните сериозни опомени. Но всушност тој душевен страв и понизност е најголем доказ дека тие повторно стекнуваат сила и благородност на карактерот изгубени како резултат на гревот“. – Пророци и цареви, 590.

б. Што треба да запомни секој христијанин кога е исмејан и презрен? 1 Петрово 4:5,13-16; 2 Петрово 2:12.

в. Каков треба да биде нашиот став кога нашите потсмевачи напредуваат – и, од друга страна, кога ќе им се случи нешто лошо? Како треба да се однесуваме кон сите оние што ни прават зло? 1 Петрово 4:17-19; Матеј 5:44.

г. Што треба да имаме на ум во однос на оние луѓе кои нè исмејуваат и презираат - и како можеме да ја постигнеме оваа состојба на умот? 1 Петрово 4:6; Ефесјаните 2:3-5; 2 Тимотеј 2:24-26.

„Кога ќе сретнете луѓе кои... имаат предрасуди кон вистината, не бидете премногу упорни во наметнувањето на вашите ставови. На почетокот разговарајте со нив за теми за кои можете да се договорите. Клекнете со нив за да се помолите... И вие и тие ќе бидете доведени во поблизок допир со небото, предрасудите ќе ослабат и полесно ќе допрете до срцето“. – Evangelism, p. 446.


Четврток 6. јуни

5. СЕЌАВАЊЕ ВО СИТЕ СИТУАЦИИ

а. Што треба секогаш да се сетиме, без разлика дали сме успешни, здрави и среќни или болни, тажни или поминуваме низ некои загуби? 1 Петрово 4:7.

„Ако се поведеме по нашите сомневања и стравувања, ако се обидуваме да го разрешиме сето она што ни е нејасно, додека сè уште немаме вера, нашата несигурност само ќе се продлабочи и ќе се зголеми. Но ако дојдеме кај Бога, чувствувајќи се беспомошни и зависни, какви што и навистина сме, и со вера, понизно и со доверба, ги изнесеме своите потреби пред Оној што знае сè, пред чијшто поглед не е скриено ништо на светот, Кој управува со сè со Својата волја и Своето слово, Тој ќе може и ќе сака да го прими нашиот повик и ќе стори од нашите срца да засветли светлина. Искрената молитва нè доведува во врска со умот на Бесконечниот. Можеби во тој миг нема да имаме никаков сигурен доказ дека лицето на нашиот Откупител се надвило над нас полно со сомилост и љубов; но сепак е така. Можеби нема да го почувствуваме Неговиот видлив допир, но Неговата рака е над нас со многу љубов и нежно сожалување.

Истрајноста во молитвата спаѓа како услов за примање. Ние мораме постојано да се молиме, ако сакаме да растеме во верата и искуството… Петар ги предупредува верниците да бидат ’мудри и трезни во молитвите’ (1 Петрово 4:7)… Постојаната молитва е непрекината заедница на душата со Бога, така што животот од Бога тече во нашиот живот, а од нашиот живот тече чистота и светост назад кон Бога“. – Патот кон Христа, 96-98.

„Овие зборови на апостолот биле напишани како поука за верниците во сите векови, а имаат посебно значење и за оние што живеат во времето кога ’крајот на сè се приближи’. На секоја душа што сака да ја одржи својата вера ’цврсто до крај’ (Евреите 3:14), ѝ се потребни неговите поуки и опомени и неговите зборови полни со вера и храбрење“. – Делата на апостолите, 518.


Петок 7. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каде треба да „одам“ со вера кога ќе се најдам во страдање и неволја - и зошто?

2. Со која цел Бог нè води низ страдања и неволји?

3. Дали сè уште сум роб на моите поранешни, световни страсти? Ако е така, колку долго планирам да го одложам моето целосно предавање?

4. Каков треба да биде мојот став кон оние што ме исмејуваат?

5. Што може да ме попречи да имам толку интензивен молитвен живот како што би требало?

 <<    >>