Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 3. мај 2024.

Живи камења

„Вие кои како живи камења сте вградени во духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос“ (1 Петрово 2:5).

„Оние кои ја разбираат вистината за ова време мора да внимаваат како слушаат, како градат и како другите ги поучуваат во пракса“. ¬– Selected Messages, bk. 3, p. 22.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   The Spirit of Prophecy, vol. 2, pp. 272–274. 

Недела 28. април

1. ИЛУСТРАЦИИ ОД МИНАТОТО

а. Осврнувајќи се на пророштвото на Исаија (Исаија 28:16), како Петар го претставил Исуса Христа? 1 Петрово 2:4,6.

б. На кој историски настан се заснова оваа илустрација? 1 Петрово 2:7.

„При изградбата на Соломоновиот храм, камењата биле целосно подготвени во каменоломот, така што кога биле донесени... работниците требало само да ги постават на нивно место...

Ниту една алатка не требаше да се употреби на камењата кога биле донесени на градилиштето. Од каменоломот беше донесен камен со неправилна форма за да се користи во темелите на храмот. Но работниците не можеа да најдат место за него... Лежеше неискористен, а работниците го заобиколувале или се сопнувале, многу иритирани од неговото присуство. Тој долго време остана отфрлен камен. Но, кога градителите дојдоа до поставувањето на камен-темелникот, залудно бараа камен со доволна големина и сила... за да ја издржи големата тежина што ќе биде поставена врз него. Доколку направат неразумен избор на камен за ова важно место, би била загрозена безбедноста на целата зграда...

Вниманието на градителите конечно го привлече овој голем камен и тие внимателно го испитаа. Веќе ги помина сите тестови... Каменот беше прифатен, поставен на неговото назначено место и се покажа дека точно одговара“. ¬– The Spirit of Prophecy, vol. 3, pp. 36, 37.


Понеделник 29. април

2. ГЛАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК

а. Иако Исус го нарекол Симон „Кифа“, што значи „камен“ (види Јован 1:42; Матеј 16:18,19), зошто Петар не можел да биде „каменот“ на кој Христос ја изградил својата црква? Матеј 26:73,74; Галатјаните 2:11-13.

„Петар секогаш бил брз и подготвен на акција, смел и бескомпромисен; и Христос во него гледал особини кои можат да бидат од голема вредност за црквата“. ¬– 4 Сведоштво, 488.

„Петар не бил карпата на која е втемелена црквата. Портите на пеколот го надвладеале, кога со клетви и пцовки се откажал од својот Господ. Црквата е изградена врз Оној, Кого портите на пеколот не можеле да го надвладеат“. ¬– Копнежот на вековите, 412.

„Христос не зборувал за Петар како камен на кој ќе ја изгради Својата црква. Изразот што го употребил, ’на тој камен’, се однесува на Него како темел на христијанската црква. Во Исаија 28:16 ја наоѓаме истата изјава... Ова е истиот камен за кој се зборува во Лука 20:17,18... Исто така во Марко 12:10,11...

Овие текстови убедливо докажуваат дека Христос е карпата на која е изградена црквата“. ¬– The Spirit of Prophecy, vol. 2, pp. 272, 273.

б. Наведете докази дека наместо да биде темел на црквата, Петар бил еден од многуте браќа кои имаа водечки позиции. Галатјаните 2:9; 1 Петрово 5:1; Ефесјаните 2:20,21.

„Јаков претседавал со соборот (види Дела 15 поглавје) и неговата конечна одлука гласела: ’Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците’...

Овој пример го побива и тврдењето на Римокатоличката црква дека Петар бил глава на црквата… Во животот на Петар нема ништо со што би се докажало дека тој бил издигнат над своите браќа, како заменик на Севишниот“. ¬– Делата на апостолите, 194,195.

в. За кого Петар сметал дека е единствената цврста карпа и вистински темел на црквата? 1 Петрово 2:3-6.


Вторник 30. април

3. КАМЕН ЗА СОПНУВАЊЕ

а. Наведете една особина што му се припишува на Исус и како таа е поврзана со евангелската порака за грешниците. 1 Петрово 2:4 (прв дел), 7.

„Како што зборот на животот се изговара, со својот срдечен одѕив посведочите дека веста сте ја примиле како да доаѓа од небото. Знам дека тоа е многу застарено, но тоа ќе биде благодарна жртва на Бога за лебот на животот, подарен на гладната душа. Тој одѕив со вдахновение на Светиот Дух ќе пружи сила на вашата сопствена душа и ќе биде охрабрување за другите. Тој ќе претставува доказ дека во Божјата градба постојат живи камења кои отсјајуваат со светлина”. ¬– 6 Сведоштво, 367.

б. Од каде знаеме дека дури и оние што се запознаени со сегашната вистина се во опасност „да се сопнат на зборот“? Римјаните 9:31-33; 1 Петрово 2:8.

„Господ во Својата голема милост испратил најскапоцена порака до Својот народ преку старешините Вагонер и Џонс (на Генералната конференција на АСД одржана во Минеаполис во 1888 година). Оваа порака требаше поживо да му го претстави на светот возвишениот Спасител, жртвата за гревовите на целиот свет. Тоа претставува оправдување со вера во Гарантот; ги повикува луѓето да ја прифатат Христовата праведност, која се покажува во послушноста кон сите Божји заповеди. Многумина го изгубиле Исуса од вид. Тие требаше да го насочат својот поглед кон Неговата божествена личност, Неговите заслуги и Неговата постојана љубов”. ¬– Testimonies to Ministers, pp. 91, 92.

„Некои од нив негуваат омраза против луѓето на кои Бог им наредил да му пренесат посебна порака на светот. Тие ја започнаа оваа сатанска работа во Минеаполис. Потоа, кога го видоа и почувствуваа покажувањето на Светиот Дух кој сведочи дека пораката е од Бога, тие уште повеќе ја мразеа, бидејќи тоа беше сведоштво против нив. Тие не сакаа да ги понижат своите срца за да се покаат”. ¬– Testimonies to Ministers, pp. 79, 80.

„Покажано ми е дека Божјиот народ се наоѓа во многу неповолна положба…народот се одвојува од Него и станува млак. Како народ, адвентистите ја имаат теоријата на вистината, но им недостасува нејзината спасоносна сила”. ¬– 1 Сведоштво, 210.

„Пораката до црквата во Лаодикија може да се примени на нашата состојба. Колку јасно е прикажана состојбата на оние кои мислат дека ја имаат вистината, кои се гордеат со своето спознание за Божјото слово, додека нејзината посветувачка сила не се почувствувала во нивните животи!” ¬– Faith and Works, pp. 82, 83.


Среда 1. мај

4. ДА БИДЕМЕ ЖИВИ КАМЕЊА

а. Како Петар го прикажува христијанскиот раст? 1 Петрово 2:5.

б. Што значи да се биде „жив камен“ во Божјиот духовен дом? Ефесјаните 4:13,15,16. Споредете го ова со Откровение 3:1 (последен дел), 2.

„Сега мораме да работиме со овие луѓе кои се навистина интелигентни... Да ги однесеме, ако е можно, овие груби камења во Божјата работилница, каде што ќе бидат издлабени и израмнети, и ќе се отстранат сите груби рабови, и тие ќе бидат полирани од божествената рака додека не станат скапоцени камења во Божјиот храм и нѐ станат живи камења кои зрачат светлина. Така тие можат да израснат во свет храм за Бога”. ¬– Evangelism, p. 573.

„Господ нема да прифати бездушна служба, низа церемонии кои се навистина без Христа. Неговите деца мора да бидат живи камења во Божјата зграда. Кога сите безрезервно би му се предале на Бога, кога би престанале да прават планови за забави, излети и дружење со оние кои само бараат задоволства, кога би ги проучувале зборовите... тие никогаш не би почувствувале глад или жед за возбуда или промени. Ако сакаме нашиот вистински интерес да биде духовен и ако спасението на нашиот народ зависи од тоа колку добро сме наѕидани на Вечната Карпа, зарем не би било подобро да се занимаваме со барање на она што ќе ја држи целата зграда на главниот камен-темелник, за да не бидеме збунети и непостојани во нашата вера?” ¬– Fundamentals of Christian Education, pp. 461, 462.

в. Која е најдобрата „духовна жртва“ што можеме да ја принесеме на Бога? 1 Петрово 2:5 (последен дел); Псалм 51:17; 1 Самуилова 15:22 (втор дел).

„Прилозите и жртвите паленици во старозаветниот период не биле прифатливи за Бога ако не биле принесени во вистински дух. ’Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господ’, вели Самоил, ’отколку послушноста на гласот Господов’. Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето – подобро отколку овнешкото месо’. Божјиот благослов не може да се купи за никакви пари на овој свет ниту со пари може да се стекне било каква победа над гревот.

Многумина се подготвени на секаква друга жртва само не на она што се бара од нив, а тоа е да се откажат од себеси и својата волја да ја потчинат на Божјата волја”. ¬– 4 Сведоштво, 84.


Четврток 2. мај

5. ДАЛИ СМЕ ТОА ШТО ТВРДИМЕ ДЕКА СМЕ?

а. Кои зборови од Библијата гордо ги применуваме на себе? 1 Петрово 2:9 (прв дел), 10.

б. Само за која категорија на луѓе можат да се применат горенаведените зборови од 1 Петрово 2:9? 1 Петрово 2:5,9 (последен дел); Матеј 5:16; Римјаните 2:28,29.

„Оној чиј ум е просветлен од разбирањето на Божјото Слово, ќе ја сфати својата одговорност и кон Бога и кон светот и ќе почувствува дека неговите таленти мора да се развијат на начин кој дава најдобри резултати; зашто на тој начин тој најдобро придонесува за славата на Оној што го повикал ’од темнина во Својата чудесна светлина’ (1 Петрово 2:9). Како што расте во благодатта и во познавањето на Господ Исус Христос, тој ќе ги согледа своите недостатоци, ќе го чувствува своето вистинско незнаење и постојано ќе се труди да ги зачува и користи своите умствени способности, за да стане просветлен христијанин”. ¬– Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 37.

„Бог има народ кој нема да го прими жигот на ѕверот на десната рака или на своето чело. Бог на Својот народ му наменил улога на оваа земја - да рефлектира светлина”. ¬– The Review and Herald, April 15, 1890.


Петок 3. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можам да бидам сигурен дека градам на Исус наместо на моите идеи?

2. Христос во Петар видел особини кои би биле од голема вредност за црквата. Што можам да направам за да ја подобрам мојата црква?

3. Како можам да бидам во опасност да ги сметам моите години поминати во верна служба за црквата или мојот напредок во различни аспекти на реформацијата како заслуга за спасение?

4. Што може да ме направи вистински „жив камен“ во Божјиот храм?

5. Која е разликата помеѓу светиот, „посебен“ христијанин за разлика од оној кој едноставно само се повикува на тоа име?

 <<    >>