Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од посланијата на апостол Петар (I)

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 20. април 2024.

Послушни Божји деца

„Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, сакајте се еден со друг постојано со чисто срце“ (1 Петрово 1:22).

„Кога со вера се фаќаме за Христа, нашето дело штотуку започна. Секој човек има расипани и грешни навики кои мора да се надминат со енергична борба. Од секоја душа се бара да се бори во борбата на верата“. – Selected Messages, bk. 2, p. 20.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патот кон Христа, 43-48. 

Недела 14. април

1. ВНИМАТЕЛНО ДА БИРАМЕ ЗА ШТО РАЗМИСЛУВАМЕ

а. Според Божјото Слово, каде започнува вистинската послушност? 1 Петрово 1:13,14; Римјаните 12:2.

„Секоја вистинска реформа започнува со чистење на душата. Токму преку бањата на повторното раѓање и обновувањето на умот преку силата на Светиот Дух, се врши промена во животот.

Гледајќи во Христа, ние се менуваме. Ако умот постојано се задржува на временските работи, тие нешта целосно го обземаат, влијаат на карактерот, така што Божјата слава се губи од вид и се заборава. Се забораваат можностите што им се на дофат да се запознаат со небесните работи. Духовниот живот умира“. – Sons and Daughters of God, p. 105.

б. Каде тече природниот тек на човечките мисли и мотиви? Создавање 6:5; Еремија 17:9.

в. Што треба да правиме кога ќе сфатиме дека нашите мисли и мотиви не се чисти? Дела 8:22.


Понеделник 15. април

2. ТРЕЗВЕНОСТ НА МИСЛИТЕ

а. Како можеме во практична смисла да ги „препашеме бедрата на умот“? Создавање 4:7.

„Оние кои не сакаат да упаднат во стапицата на лукавството на сатаната мора да внимаваат на приодите кон својата душа и да се трудат да не читаат, да не гледаат и да не го слушаат она што наведува на нечисти мисли. Не смее да им се дозволи на мислите да се запираат на секое прашање што би можел да го дошепне непријателот на душите. Срцето мора верно да се чува; инаку надворешното зло буди склоност кон злото што постои внатре и душата талка во мрак. ’Затоа, препашете ги бедрата на вашиот ум’, пишува Петар, ’бидете трезвени’“. – Делата на апостолите, 518.

б. Зошто е неизмерно важно да ги контролираме мислите на нашето срце? Изреки 23:7 (прв дел); 24:9 (прв дел).

„Мислите мора да бидат подредени на волјата Божја, а чувствата мора да бидат контролирани од разумот и верата. Нашата фантазија не ни беше дадена да ја оставиме да тече и да си оди по својот пат, без никаков напор за воздржување и дисциплина. Ако мислите се погрешни, чувствата ќе бидат погрешни; а мислите и чувствата заедно го сочинуваат моралниот карактер. Кога ќе одлучиме дека ние како христијани немаме потреба да ги ограничуваме нашите мисли и чувства, потпаѓаме под влијание на злите ангели и го повикуваме нивното присуство и контрола. Ако попуштиме на нашите впечатоци и ги оставиме нашите мисли да течат во канал на сомнеж и обесхрабрување, ќе бидеме несреќни и нашите животи ќе се покажат како неуспешни“. – The Review and Herald, April 21, 1885.

в. Зошто апостол Петар нѐ повикува да бидеме трезвени и да се надеваме со „полна надеж во благодатта“? 1 Петрово 1:13. Споредете со 5:8.

„Верно стражите над вашите мисли. Чувајте го секој пристап до вашето срце добро зајакнат. Мора да поставите бариери против пристапот на сатаната. Да се биде внимателен во еден момент додека другите се занемарени нема да ви помогне... Пред нас се опасности со кои мора да се соочиме, а нашата единствена сигурност е во Бога“. – This Day With God, p. 174.


Вторник 16. април

3. БЕГАЈТЕ ОД ПОРАНЕШНИТЕ ПОХОТИ И БИДЕТЕ СВЕТИ

а. Во кои различни аспекти од нашиот живот треба да бидеме со крајно трезвен ум за да станеме свети? 1 Петрово 1:14,15; 4:2,3.

„Никој нека не се лаже дека гревовите на кои сме се оддавале подолго време можат мошне лесно, речиси патем да се отфрлат. Не е така! Секој грев што го правиме го ослабува карактерот и полека преминува во навика, оставајќи зад себе телесна, ментална и морална расипаност како последица. Вие можете да се покаете поради злото што сте го сториле, можете своите стапки да ги насочите кон вистинскиот пат, но вашиот вообличен ум и вашата блискост со злото ќе ви отежнат да ја согледате разликата меѓу доброто и злото. Низ веќе зацврстените лоши навики сатаната постојано одново ќе ве напаѓа“. – Христовите поуки, 281.

б. Иако постојано нè потсетува да бидеме свети (1 Петрово 1:15,16) - што на некој начин можеби звучи како да може да се постигне тоа со нашите сопствени напори – во реалноста, со кои средства ни се овозможува да станеме свети? Левитска 20:7,8; Филипјаните 2:13; Тит 3:5.

„Иако ние самите немаме никакви заслуги, во големата Божја добрина и љубов ние ја добиваме наградата како заслугата да е наша. Кога сме го направиле сето добро што можеме да го направиме, сè уште сме залудни слуги... Она што го постигнавме е направено исклучиво со Христовата благодат, и не ни следува награда од Бога врз основа на нашите заслуги“. – The Review and Herald, June 27, 1893.

в. По апелот да бидеме трезни, зошто апостолот нѐ потсетува на претстојниот суд? 1 Петрово 1:17; Колосјаните 3:5,6.

„Секое човечко дело ќе биде подложено на испитување пред Бога и ќе биде забележано како верност или неверност. Покрај сечие име во небесните книги со стравотна точност ќе биде запишан секој лош збор, секоја себична постапка, секоја неисполнета должност, секој таен грев, како и секое вешто прикривање. Занемарените опомени и укори дадени од Бога, напразно потрошеното време, неискористените прилики, нашето влијание на добро или зло, со своите далекосежни последици - сето тоа верно го запишал ангелот записничар“. – Големата борба, 482.


Среда 17. април

4. ИСКУПЕНИ ОД ХРИСТОС

а. Што изнесува Петар како добра причина дека напорите за надминување на минатите желби не само што вредат, туку и се наша должност? 1 Петрово 1:4,18,19; 1 Коринтјаните 6:18-20.

„Сите луѓе биле откупени со таа бесконечна цена. Истресувајќи ја целокупната небесна ризница на овој свет и давајќи ни го во Христа целото небо, Бог ги откупил волјата, чувствата, умот и душата на секое човечко суштество поединечно. Било да се верници или неверници, сите луѓе по овој основ се Господова сопственост. Сите се повикани да извршуваат служба за него, и на големиот суден ден од сите ќе се бара да дадат сметка за тоа како одговориле на овој повик“. – Христовите поуки, 326.

б. Кога бил воспоставен планот за откуп? 2 Тимотеј 1:8,9.

„Бог знаел за настаните во иднината, уште пред создавањето на светот. Тој не ги направил Своите намери да одговараат на околностите, туку дозволил настаните да се развиваат и да се одвиваат. Тој не работел на тоа да донесе одредена состојба на нештата, но знаеше дека таква состојба ќе постои. Планот што треба да се реализира поради отпадништвото на кое било од возвишените небесни суштества - ова е тајната, ова е мистеријата која се криела со векови. Од почетокот, во вечните намери, беше подготвена жртва за да се изврши токму она што Бог го направи за паднатото човештво“. – The Signs of the Times, March 25, 1897.

в. Од каде всушност доаѓа верата во Бога? Римјаните 10:17; 1 Петрово 1:21.

„Ниту еден човек не може да создаде вера. Духот што делува на човечкиот ум и го просветлува, создава вера во Бога. Во Светото Писмо верата е наведена како дар Божји, моќен за спасение, просветлувајќи ги срцата на оние кои ја бараат вистината како скриено богатство. Божјиот Дух ја втиснува вистината во срцето. Евангелието се нарекува сила Божја за спасение затоа што само Бог може да ја направи вистината сила што ја посветува душата“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Com¬ments], vol. 7, p. 940.


Четврток 18. април

5. КРУНА НА ПОСЛУШАНОСТА

а. По апелот до верниците да војуваат против нивните поранешни похоти, која цел ја поставува апостолот како врвен облик на послушност? 1 Петрово 1:22.

„Петар продолжува, ’сакајте се еден со друг постојано со чисто срце’. Божјата реч - вистината - претставува канал со чија помош Господ го открива својот Дух и својата сила. Прифаќањето на Божјата реч донесува плод каков што е потребен – ’нелицемерно братољубие’. Таа љубов има небесно потекло и кај нас предизвикува возвишени побуди и несебични постапки“. – Делата на апостолите, 519.

„’Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие’... Затоа, колку е важно сите што ја преземаат работата, колпортерите и оние што работат од канцеларијата, верно да ги чуваат и практикуваат највисоките, најсветите начела на Божјата реч“. – The Publishing Ministry, p. 297.

„Треба да ја негуваме љубовта во нашите срца. Не треба да бидеме подготвени да им мислиме лошо на нашите браќа. Мораме да му посветиме што е можно помало значење на она што го прават или велат. Ние мора да бидеме библиски христијани. (цитирано 1 Петрово 1:22)...

Мораме да ја испитаме природата на нашите мисли и чувства, нашите расположенија, намери, зборови и дела... Ако ревносно не ги испитаме нашите срца во светлината на Божјата реч, самољубието ќе нè наведе да размислуваме многу подобро за себе отколку што треба“. – This Day With God, p. 83.

„Да немаше некој недостаток во нашето сопствено искуство, немаше да бидеме толку сомничави кон нашите браќа. Токму тој чија совест го осудува толку лесно суди. Сите нека треперат и нека се плашат од себе... ’Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие’“. – The Review and Herald, October 29, 1901.


Петок 19. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што да правам ако во мојот ум влезе грешна или нечиста мисла?

2. Колку често треба да го испитувам срцето во однос на природата на моите мотиви?

3. Како можам да негувам подлабоко чувство на чистота во мојот живот?

4. Што може поцелосно да ја развие мојата благодарност за цената што Исус ја плати за мене?

5. Колку е искрена мојата љубов кон моите браќа и сестри?

 <<    >>