Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото Евангелие до Евреите

 <<    >> 
  Сабота, 2. март 2024.

Дар во првата сабота за црквата и училиштето во Хинчести, Молдавија

Хинчести е административна општина во истоимената област, сместена во северозападниот дел од Република Молдавија. Во таа област живеат околу 122.000 жители, а низ него минуваат важни патишта кои водат кон Романија и Украина. Економијата на оваа област се заснова на земјоделството (вклучувајќи лозја и овоштарници) како и други производи како што се обувки, облека, мебел и градежни бетонски блокови.

Најзастапена религија во оваа област е православието (близу 96%), додека другите протестантски деноминации ги сочинуваат преостанатите 4%. Пораката на Реформното движење на Адвентистите на седмиот ден беше донесена во овој град од едно семејство што се преселило овде во 1959 година. Уште две семејства се приклучиле на црквата во 1973 и 1983 година. Така, по Божја милост, бројот на црковните членови се зголемил. и како резултат на тоа, овде во 1990 година беше организирано собрание.

Најпрво, членовите се состануваа во домовите на локалните семејства каде што одржуваа богослужби. Потоа, во 2000 година е купена куќа која служела како место за богослужба цели 20 години. Денес, најголем дел од членовите се млади семејства и деца. На периферијата на градот е обезбедена поголема парцела земја каде ќе се гради молитвен дом за ширење на Евангелието, заедно со училница за образование и учење на нашите деца и нивна подготовка за последните мигови од земната историја. „Не само што треба да се подигне скромен молитвен дом, туку треба да се преземе сè што е потребно да се основа постојано црквено училиште“. – 6. Сведоштво, 108.

„Господ има луѓе кои ќе се фатат за работа на основање на црковни училишта, штом ќе се на прави нешто за да се подготви патот...

Крајно време е оние кои ја празнуваат саботата да ги одвојат своите деца од друштвото на овој свет, за да ги доверат на најдобрите учители на кои Библијата им е темел за сета настава“. – 6. Сведоштво, 109.

Господ нека ги допре срцата и нека ги благослови нашите драги браќа ширум светот доброволно да придонесат за реализација на овој проект, за да може да се шири светлината од ова место и заедно да го забрзаме доаѓањето на нашиот Спасител, Исус Христос. Ви благодариме однапред!

Вашите браќа од Хинчести

 <<    >>