Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото Евангелие до Евреите

 <<    >> 
  Сабота, 6. јануари 2024.

Дар во првата сабота за здравствениот центар „Едем“, Бреаза, Романија

Со Божја милост, здравствениот центар „Едем“ во Романија ги отворил своите врати пред речиси 25 години. Со текот на годините, оваа институција обезбедуваше и телесно и духовно олеснување на заболените, претставувајќи оаза во која луѓето оптоварени со разни болести доаѓаа во контакт со нашите духовни и здравствени учења. Делото што го работиме овде е сеење семе кое со Божја помош ќе порасне и ќе даде плод во свое време.

Како резултат на промената на законите ширум Европа, како и силните пожари во некои згради во Романија во кои страдаа многу луѓе, законите за заштита од пожари значително се променија во последните шест години, барајќи да се спроведат построги мерки. Во нашата институција презедовме одредени чекори за исполнување на овие законски барања кои далеку ги надминуваат нашите финансиски можности. Дарежливите браќа од Романија, како и од другите делови на Европа и САД, знаејќи ги нашите потреби, набрзо ни дојдоа на помош според своите можности, испраќајќи ни пари за напредок на делото. Сепак, нашите потреби сѐ уште се големи. Поради оваа причина, драги браќа ширум светот, ве замолуваме да бидете дарежливи и љубезно да ни помогнете во реконструкцијата на овој здравствено-мисионерски центар за да можеме да продолжиме со нашите активности без да нѐ вознемируваат инспекциите, ограничувањата или казните од локалните власти.

„Божјото дело станува сѐ поопсежно, и ако припадниците на Божјиот народ го послушаат Неговиот совет, во нивните раце нема да остане многу од нивниот имот што ќе пропадне во последниот пожар. Сѐ ќе биде вложено во небесната ризница каде ниту молец ниту ‘рѓа го нагризуваат; и срцето со тоа нема да им биде врзано за оваа земја“. – 1 Сведоштво, 196.

Со оглед на потребите на времето, да дадеме сѐ од себе да им помогнеме на оние околу нас додека сè уште сме во можност. „Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава. А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сè, да бидете од сè срце дарежливи во секое добро дело“ (2 Коринтјаните 9:7,8). Господ нека ги благослови даровите и дарителите!

Вашите браќа од здравствениот центар Едем, Бреаза, Романија

 <<    >>