Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото Евангелие до Евреите

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Колку е важно да ги разбереме важните вистини кои се однесуваат на нашето спасение! Темнина ја покрива земјата и мракот народите; меѓутоа, нашиот Создател е подготвен да ги осветли со драгоцена светлина од небото сите оние кои искрено копнеат по неа. Толку многу точки во Светото писмо се како прекрасни светилници на светлина за овој мрачен свет. Затоа, во следните три месеци, учениците од саботните училишта ширум светот ќе го проучуваат Евангелието на апостол Павле до Евреите.

Посланието до Евреите нè учи пред сè за природата на Бога и Христос, за Неговиот саботен спокој, за Неговата служба за нас во небесното светилиште и за заветите склучени со нас. Исто така, ќе бидеме охрабрени и инспирирани од искуствата на хероите на верата и Зачетникот и Довршителот на нашата вера, Исус Христос. Проучувајќи ги овие лекции со молитва, ќе можеме да оствариме подлабок, поблизок однос со нашиот Господ.

„Христос бил темел и живот на храмот. Службата во храмот била симбол на жртвата на Божјиот Син. Свештенството е воспоставено да ја прикажува Христовата посредничка улога и дело. Целиот систем на принесување жртви симболично ја прикажувал смртта на Спасителот заради откупување на светот“. – Копнежот на вековите, 165.

„Вистинскиот христијанин стекнува искуство кое донесува светост. Тој е без ниту една дамка на вина во совеста или било каков траг на изопаченост во душата. Духот на Божјиот закон, со неговите ограничувачки принципи, е вткаен во самиот негов живот. Светлината на вистината го просветлува неговото разбирање. Сјајот на совршената љубов кон Откупителот ја отстранува маларичната атмосфера што се наметнала меѓу неговата душа и Бога.“ - The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 909.

Како што се приближуваме кон Христа, така се приближуваме и еден до друг. Ќе се видат неверојатни резултати при подготовката за излевањето на Светиот Дух во силата на доцниот дожд.

„Кога црквите ќе станат живи, активни цркви, Светиот Дух ќе биде даден како одговор на нивните искрени молитви. Тогаш вистините на Божјата реч ќе бидат разгледани со нов интерес и ќе бидат истражени како да се директни откровенија од небесните дворови. Секоја изјава на вдахновението во врска со Христа ќе биде вткаена во најдлабоките длабочини на душите на оние што Го љубат. Зависта, љубомората, лошите претпоставки ќе престанат. На Библијата ќе се гледа како на повелба од небото. Нејзиното проучување ќе го окупира умот, а нејзините вистини ќе ја насладуваат душата. Божјите ветувања сега се повторуваат како душата никогаш да не ја вкусила Неговата љубов, тогаш ќе пламнат на олтарот на срцето и ќе паднат како вжештени зборови од усните на Божјите гласници. Тие тогаш ќе се залагаат за душите со неодолива жар. Тогаш небесните устави ќе бидат отворени за излевањето на доцниот дожд“. – The Review and Herald, February 25, 1890.

Наша молитва е сите што ги проучуваат овие лекции да го имаат ова благословено искуство и тоа да ги зајакне нашите срца во силата на нашиот Откупител.

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>