Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото Евангелие до Евреите

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 10. февруари 2024.

Раст во разбирањето

„Туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!“ (2 Петрово 3:18).

„Со прифаќање на Божјиот благослов, ќе можеме да ги примиме Неговите благослови во уште поголема мерка. Кога ќе научиме да се држиме за Оној кој не се гледа, ќе се промениме во Христовиот лик... Растењето во благодатта нема да ве наведе да бидете горди, самоуверени и да се фалите, туку ќе ве направи посвесни за вашата ништожност, свесни дека сте целосно зависни од Господ“. – God’s Amazing Grace, p. 296.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Копнежот на вековите, 321–327. 

Недела 4. февруари

1. СЕКОГАШ РАСТЕЊЕ

а. Што е запишано за Исус во периодот на Неговото детство? Лука 2:40.

„Величеството на небото, Царот на славата, станал детенце во Витлеем, и некое време бил беспомошно чедо доверено на грижата на Својата мајка. Во детството зборувал и постапувал како дете, почитувајќи ги Своите родители и подготвено извршувајќи ги нивните желби. Но, од самиот почеток на Својот интелектуален развој, Тој постојано растел во благодатта и познавањето на вистината“. – Воспитување, 106.

б. Што е запишано за момчето Јован, братучед на Исус? Лука 1:80. Кој е, всушност, Божјиот план за сите Негови деца? 1. Солунјаните 5:22-24.

„Посветеност – колку луѓе го разбираат неговото целосно значење? Умот е замаглен од сензуална маларија. На мислите им треба прочистување. Какви мажи и жени би биле кога би сфатиле дека сè што прават со нивните тела е поврзано со виталноста и чистотата на умот и срцето. Вистинскиот христијанин стекнува искуство што носи светост. Тој е без дамка на вина во совеста или дамка на расипаност во душата”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 909.


Понеделник 5. февруари

2. ГРЕВОТ ПРОТИВ СВЕТИОТ ДУХ

а. Во каква тешка состојба се наоѓаат оние кои некогаш уживале во светлината од небото, а подоцна ја отфрлиле? Евреите 6:4-6.

б. Какво сериозно предупредување им дал Исус на Евреите кои го отфрлиле? Матеј 12:31,32.

„Никој не треба да гледа на гревот против Светиот Дух како на нешто мистериозно и неопределено. Гревот против Светиот Дух е грев на упорно одбивање да се одговори на повикот за покајание. Нема... надеж за повозвишен живот, освен преку потчинување на душата на Христа“. – The Faith I Live By, p. 58.

„Може да им се прости на оние што зборувале против Исуса, не сфаќајќи го Неговиот божествен карактер, бидејќи со помош на Светиот Дух можат да дојдат до тоа да ја увидат својата грешка и да се покајат. Каков и да е гревот, вината може да се измие со Христовата крв, ако душата се покае и ако верува; но оној што го отфрла делото на Светиот Дух, се става себеси онаму, каде што покајанието и верата не можат да го досегнат. Преку Духот Господ делува на срцето и кога луѓето свесно го отфрлаат Духот и тврдат дека Тој е од сатаната, со тоа тие ја прекинуваат врската преку која Бог може да комуницира со нив. Кога делото на Светиот Дух конечно ќе се отфрли, тогаш Бог не може ништо повеќе да направи за душата“. – Копнежот на вековите, 321.

в. Какво влијание имаат нашите зборови врз нашиот карактер? Матеј 12:36.

„Со Христовата опомена во поглед на гревот против Светиот Дух тесно е поврзана опомената против празните и зли зборови. Зборовите го манифестираат она што е во срцето. ‘Зашто устата го зборува она со што е преполно срцето’. Зборовите се и нешто повеќе од одраз на карактерот; тие имаат и повратно дејство на карактерот. Луѓето потпаѓаат под влијание на сопствените зборови... Бидејќи веќе го искажале своето мислење или својата одлука, тие честопати се премногу горди да го повлечат тоа, па се обидуваат да докажат дека се во право, сѐ додека на крај и сами не поверуваат во тоа. Опасно е да се изговори некој збор на сомневање, опасно е да се става под прашање и критикува божествената светлина. Навиката за лекомислено критикување без стравопочит влијае на карактерот, бидејќи негува недостаток на стравопочит и неверие. Човекот што се оддава на таа навика несвесно стапува на опасен пат и на крај е подготвен да критикува и да го отфрли делото на Светиот Дух“. – Копнежот на вековите, 323.


Вторник 6. февруари

3. БОГ ГИ САКА НАШИТЕ НЕСЕБИЧНИ ДЕЛА

а. Како Павле пишува за тоа како Бог гледа на нашите постапки што ги правиме во корист на нашите ближни? Евреите 6:10.

„Нашата духовна сила и благослов ќе бидат сразмерни на трудот на љубовта и добрите дела што ги правиме. Наредбата на апостолот гласи: ‘Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов’ (Галатјаните 6:2). Држењето на Божјите заповеди бара од нас добри дела, самоодрекување, самопожртвуваност и посветеност за доброто на другите; не дека само нашите добри дела можат да нѐ спасат, туку дека секако не можеме да се спасиме без добри дела. Кога сме направиле сè за што сме способни, тогаш треба да кажеме: Го направивме само она што е наша должност, а во најдобар случај сме бескорисни слуги, недостојни дури и за најмала Божја милост. Христос мора да биде наша праведност...

Насекаде околу нас има такви кои чувствуваат глад на душата и кои копнеат по љубов изразена со зборови и дела. Пријателското сочувство и вистинските чувства на нежна грижа за другите би донеле во нашите души благослови кои досега не сме ги доживеале и би нè довеле во блиска врска со нашиот Откупител, чие доаѓање на овој свет беше со цел да прави добро и чиј живот треба да го копираме. Што правиме за Христа?“ – That I May Know Him, p. 334.

б. Иако не се спасуваме со нашите сопствени дела, колку се тие важни во нашето христијанско патување? Тит 2:13,14; 3:8.

„Вистинската вера секогаш функционира преку љубов. Кога гледате на Голгота, тоа не го правите за да ја смирите душата поради неисполнувањето на должностите ниту за да се смирите и спиете, туку за да изградите верба во Исус, вера која ќе дејствува, прочистувајќи ја душата од тињата на себичноста. Кога се потпираме на Христа со вера, нашата работа штотуку почнува. Секој човек има расипани и грешни навики кои мора да се надминат со енергична борба. Од секоја душа се бара да се бори во борбата на верата. Ако некој е Христов следбеник, тој не може да биде остар во односите, не може да биде тврдоглав, без сочувство. Тој не може да биде груб во својот говор. Не може да биде горд, полн со самобендисаност. Не може да биде препотентен, ниту да употребува остри зборови, да обвинува и осудува... Треба да бидеме ревносни за добри дела, да внимаваме да ги правиме добрите дела. Верниот сведок вели: ‘Ги знам твоите дела’“ (Откровение 2:2). – Selected Messages, bk. 2, p. 20.


Среда 7. февруари

4. СИГУРНОСТА НА ХРИСТИЈАНСКАТА НАДЕЖ

а. Што можеме да научиме во врска со сигурноста на Божјите ветувања? Евреите 6:13-15.

б. Што изјавува Бог за Неговите ветувања? Евреите 6:16-18.

„Бог може и сака на своите слуги да им подари ‘пообилна’ (Евреите 6:17) сила отколку што им е потребно за да истрпат искушение. Колку и да ни се чини дека плановите на непријателот на Божјото дело се мудро скроени и поставени, Бог може да ги осуети и оние највештите. Но, Тој тоа ќе го направи во свое време и на свој начин, кога ќе види дека верата на Неговите слуги ја издржала пробата“. – Пророци и цареви, 164.

в. Каде се наоѓа сидрото на нашата душа? Евреите 6:19,20.

„Нашата вера мора да навлезе зад завесата и да го види невидливото. Тоа никој друг не може да го направи наместо вас. Мора да го видите сами. Наместо да се жалиме за благословите што не ги добиваме, да се потсетиме и да ги цениме благословите што веќе ни се дадени”—The SDA Bible Commentary [E.G. White Comments], vol. 7, p. 930.

„Не можеме со сигурност да ги прифатиме мислењата на ниту еден човек, колку и да е образован, освен ако тие не се во согласност со зборовите на Големиот Учител. Мислењата на заблудените луѓе ќе бидат претставени како би ги прифатиле, но Словото Божјо е наш авторитет и никогаш не смееме да го прифатиме учењето на луѓето без најубедливиот доказ дека се согласува со учењето на Божјото Слово. Треба да бидеме свесни дека знаеме дека стоиме на платформата на вечната вистина - Словото на живиот Бог.

Вистината, скапоцената вистина од Словото Божјо, треба да се презентира, и јавно и во кругот на семејството. Имаме порака која треба да го подготви народот да застане среде опасностите од последните денови... Вистината ќе го издржи секој тест на кој ќе наиде. Не може да биде соборена од лукавствата на сатаната. Колку повеќе е изложена на напади, толку посветло и појасно ќе свети. Кога ќе видиме знаци на активни, искрена напори на непријателот, зарем нема да вложиме решителни напори да ја пренесеме пораката на јасен, одреден начин? Зарем нема да стоиме во силата на Божјиот Дух, примајќи ги и давајќи ги поуките од големиот Учител?... ‘Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам името Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни’ (Исаија 25:1)... Да се држиме до зборовите на Господа, Богот на Израел“. – That I May Know Him, p. 210.


Четврток 8. февруари

5. СВЕШТЕНСТВОТО КАКО СИМБОЛ НА ХРИСТОС

а. Кое семејство било избрано од Бога за свештенство во земното светилиште и зошто? Излез 28:1,2; 32:7,8,25,26.

„По Божја наредба, за служба во Светилиштето било изделено племето на Левие. Во најстаро време секој домаќин бил и свештеник на своето семејство. Во времето на Аврама се сметало дека свештенството според законот за наследство му припаѓа на најстариот син. Сега Господ, наместо првенците на сиот израелски народ, го зел племето на Левие да врши служба во Светилиштето. Со таа видлива чест, Бог покажал колку ја цени нивната верност, како во приврзаноста кон неговата служба, така и во извршувањето на неговата казна кога цел Израел отпаднал клањајќи се пред златното тело. Меѓутоа, свештеничката служба била ограничена на семејството на Арона. Само на Арона и на неговите синови им било дозволено да служат пред Бога. На другите припадници на племето им била доверена грижа за шаторот и за неговата опрема и задача да им помагаат на свештениците при богослужението; но не смееле да принесуваат жртви да кадат ниту да ги посматраат светите предмети додека не стават превез на лицето“. – Патријарси и пророци, 350.

б. Зошто овој план беше заменет со друго свештенство кое го претставувало Христа? Евреите 7:11,15-17,21-23.

в. Споредете го земното свештенство со Христовото и објаснете колку е делотворно Христовото свештенство за нашето спасение. Евреите 7:25-28.

„Христос е во состојба да спаси до крај, бидејќи Тој секогаш живее за да посредува за нас. Сè што човекот може да направи за сопственото спасение е да ја прифати поканата: ‘И кој сака, нека земе од водата на животот дарум’ (Откровение 22:17). Не постои грев што човек може да го направи, за кој не е платена соодветната цена на Голгота“. – Selected Messages, bk. 1, p. 343.


Петок 9. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На кој начин воспитувањето на Исус и Јован Крстител може да биде инспирација за нас?

2. Објасни го процесот на гревот против Светиот Дух, гревот што води до пропаст.

3. Кој е мотивот за вистинските добри дела?

4. Каков доказ забележав во мојот живот дека Божјите ветувања се вистинити?

5. Во потрагата по спасение, зошто ми е важно Христовото свештенство?

 <<    >>