Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото Евангелие до Евреите

 <<    >> 
  Сабота, 3. февруари 2024.

Дар во првата сабота за

помош при катастрофи во светот

Последниве години го покажаа исполнувањето на пророштвата што ги проучувавме со децении; војни, конфликти, страшни несреќи и пандемии - овие зборови станаа составен дел од нашиот речник, заедно со поплавите, ураганите, земјотресите и многу други катастрофи. На толку многу начини, јасно сме ги слушнале чекорите на Бога кој се приближува. Како резултат на овие тажни настани, стотици луѓе поминуваат низ екстремни тешкотии и ним им е потребна помош во сè, од најосновните потреби до најсериозните и најскапите потреби.

Во оваа ситуација, Одделот за добротворни цели на Генералната конференција ги распредели од својот фонд средствата што ни ги испративте вие, нашите браќа ширум светот. Тие средства ни беа испратени и преку поединци, со посебна намена за задоволување на потребите на настраданите, како и преку дарови во првата сабота. Драги браќа, вашите дарови послужија како засолниште за оние кои ги загубија своите домови во природни непогоди. Исто така, тие средства обезбедија храна за стотици семејства, беа искористени и за згрижување на сирачиња и вдовици, обезбедувајќи им дополнителна поддршка и помош. Со помош на овие средства, родителите набавија семе за да засадат култури за да ги прехранат своите семејства; некои започнаа мали бизниси со таа финансиска помош. На овој начин, многу наши верници можеа да заштедат пари и да создадат некој извор на приход кој поинаку не можеле да го обезбедат.

Фала му на Бога што во ова време на тешкотии, многумина беа поттикнати да ги приложат своите дарови на олтарот Господов. Во име на оние кои имаат корист од овие дарови, ве молиме прифатете ја нашата длабока благодарност!

Меѓутоа, потребите не престануваат - напротив, тие секојдневно се зголемуваат, а вашата дарежливост е она што многу ќе придонесе за решавање на проблемот.

„Крстот Христов ги повикува сите Негови следбеници да прават добри дела. Принципот откриен на крстот гласи: дајте, дајте. И да се реализира овој принцип со вистинско милосрдие и добри дела значи да се носат вистинските плодови на христијанскиот живот.“ - Counsels on Stewardship, 14.

Денес, додека го давате својот дар за првата сабота, дајте му го најдоброто од себе на Бога. Не грижете се ако е премалку или премногу. Тоа не е важно. Важно е да дадете сѐ од себе. Од сумата обезбедена од ова заедништво и љубов, ние ќе продолжиме да им делиме благослови на нашите браќа ширум светот. „Оној што дава на сиромашните, ги благословува другите, а самиот добива благослови во многу поголем степен.“ - Counsels on Stewardship, 13. Бог да ве благослови изобилно!

Одделот за добротворни цели на Генералната конференција

 <<    >>