Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
  Сабота, 2. декември 2023.

Дар во првата сабота за реновирање на црквата во Белем, Сао Паоло, Бразил

Градот Сао Паоло е општина во истоимената бразилска покраина. Тој е четвртиот најнаселен град во светот. Сао Паоло е основан во 1554. година од језуитски свештеници, и денес околу 58% од неговото население се католици, 22% се протестанти, а останатите исповедаат други религии. Токму во овој град пристигнале првите реформатори во Бразил и наскоро се проширија во другите региони на земјата. Бидејќи Сао Паоло е најголемиот град во Бразил, многумина останаа овде да го проповедаат евангелието, придобивајќи души за Христа и да градат молитвени домови за нашиот голем Бог; и, во овој дух, почнаа да ја градат црквата Белем (или како што ние нагалено ја нарекуваме „Белензињо“).

Оваа црква се наоѓа во близина на центарот на градот, со огромно поле за мисионерска работа во соседството. Таа долго време напредуваше, и со текот на годините се случија многу промени. Денес го продолжува својот духовен живот, работејќи со децата и постарите лица во околните краишта, и по милоста Божја постигнува забележителен успех во оваа просперитетна и благословена работа. Како еден од првите храмови за богослужба на нашите браќа овде во Бразил, црквата Белем одлучно работи на тоа да остане активна, и покрај тешкотиите што ја снаоѓаат. Во овој молитвен дом, посветен на 15. октомври 1943. година, отсекогаш се одржувале богослужби, кои продолжуваат и денес.

Сепак, поради тоа што трае толку многу години, зградата во Белем повеќе не е толку силна како верата на верниците кои се собираат овде да се поклонат. Така, дури и со долга историја, на некогашното место за состаноци на Бразилската унија и треба итна финансиска помош од нашите браќа ширум светот, за да може овој дом на молитвата да доживее реставрација, за да можеме да ги оддадеме сите пофалби и чест на врховниот Бог во зградата што е достојна за таков чин. Им благодариме на сите донатори за нивната љубезна соработка – и нека Бог ги благослови нашите браќа и сестри кои ќе ни помогнат да го задржиме овој светилник кој многу години ги осветлуваше стапките на оние кои го бараат Исуса, оставајќи ги бурните патеки на гревот.

Вашите браќа од црквата „Белензињо“

 <<    >>