Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

„Близу е денот велик на Господ, близу е — и брзо доаѓа. Горчлив е гласот на денот Господов, ќе завика тогаш дури и најхрабриот... Но ќе оставам среде тебе народ скромен и понизен, и тие ќе бараат закрила во името Господово. Остатоците од Израел нема да вршат неправда, нема да зборуваат лага, и во устата нивна нема да се најде јазик сплеткарски. Тогаш ќе пасат и ќе лежат, и никој нема да ги вознемирува“ (Софонија 1:14; 3:12,13). Имајќи ги на ум овие реалности, учениците од саботните училишта ширум светот ќе ја завршат серијата Ризници на вистината овој квартал со четвртиот дел насловен „Да се живее христијански живот“.

Колку е потребно со Божја милост да развиеме карактер сличен на Христовиот — карактер кој ќе може да го издржи последниот тест преку целосно посветување на Учителот! Јован во Откровението опишува: „И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од силни грмотевици, кој велеше: ’Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот! Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се приготви! И и се даде да се облече во чист и светол висон.’ А висонот е праведноста на светиите“ (Откровение 19:6—8).

Сега е време да ја негуваме Неговата праведност; сега е време таа да се манифестира во нас преку одразување на одлуката на Јован Крстител:

„Јован се одвоил од пријателите и од животните удобности. Едноставноста на неговото облекување, облеките исткаени од влакно од камила биле постојан прекор за претерувањето и раскошноста на еврејските свештеници и на народот воопшто. Неговата чиста вегетаријанска исхрана — рогач и див мед — била прекор за попуштањето на апетитот и алчноста која преовладувала насекаде. Во книгата на пророкот Малахија читаме: ‘Еве Јас ќе ви го испратам пророкот Илија пред да дојде страшниот Господов ден и тој ќе ги обрати срцата на синовите кон татковците и срцата на татковците кон своите синови’. Овде пророкот го опишува обележјето на најавеното дело. Оние кои треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање се претставени како верниот Илија, како што и Јован дошол во Илиин дух за да го подготви патот за првото Христово доаѓање. Големото прашање за значењето на реформата треба да го поттикне и пробуди јавното мислење. Умереноста во сè треба да се поврзе со пораката за наше време за да може Божјиот народ да се сврти од своето идолопоклонство — од незаситното попуштање на апетитот и претерувањето во облекувањето и во други области“. – 3 Сведоштво, 62.

„Нема да има оправдување за оние кои избираат да останат во заблуда иако можеле да дознаат што е вистина. Со своето страдање и смрт, Исус направил помирување за сите гревови направени во незнаење, но не е обезбедено помирување за оние кои бираат намерно да останат во темнината“ — The Review and Herald, 25 април 1893 година.

Нека Господ ни помогне да ги цениме овие моменти и да ја прифатиме вистината со сето срце!

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>