Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
  Сабота, 7. октомври 2023.

Дар во првата сабота за седиштето на Југозападното поле, Меделин, Колумбија

Колумбија е една од најнаселените земји во Јужна Америка, со над 50 милиони жители на површина од 440.831 квадратни милји (околу 1,14 милиони 〖км〗^2). Некои од главните индустрии се нафтата, текстилот, електрониката и земјоделските производи.

Деведесет проценти (90%) од населението исповеда христијанство, главно римокатолицизам — сепак, веќе не постои официјална државна религија, а толеранцијата кон туѓата религија е зголемена. РДАСД пристигна овде прво во градот Меделин, а официјално беше формирано и регистрирано во 1971 година. Оттогаш, веста за Реформното движење се прошири низ целата земја и до 2006 година беше формирана Колумбиската унија и три мисионерски полиња. Денес, Југозападното Поле има стотици членови и повеќе од 500 заинтересирани души кои ја проучуваат Божјата Реч. Тоа поле надгледува широка област на работа, бидејќи вклучува 11 области на националната територија, покривајќи 42% од колумбиското население. Затоа итно ни е потребнo административно седиште за поефикасно да се менаџира работата. Му благодариме на Бога што ни овозможи да се прошириме на нови територии, кои претходно не беа евангелизирани, но има уште многу души до кои треба да допреме.

Во 2006 година, беше купен имот каде што сега се состануваат членовите на црквата во Меделин и каде што на браќата великодушно им беше обезбедено место за организирање на административното седиште на ова поле. Планирањето и управувањето со градежните проекти бележи голем напредок. Со вера апелираме до сите наши браќа ширум светот да нѐ поддржат великодушно кога ќе се собира дарот во првата сабота, за да ги обезбедиме потребните средства за унапредување на Божјото дело во ова место.

„Сиромашните се Божјо наследство. Христос го дал Својот живот за нив. Тој ги повикува оние што ги назначил за Свои управители да ги дадат средствата што им се доверени со цел да се олеснат страдањата на сиромашните и да го подржат Неговото дело на земјата. Господ е богат со ресурси. Тој назначил луѓе да бидат Негови благајници на овој свет. Она што Тој им го дал треба да го користат во Неговата служба“ — Welfare Ministry, p. 272.

Господ нека ги благослови и умножи даровите на сите дарежливи души кои придонесуваат за развојот на Неговото дело и нека вашите донации бидат стократно вратени!

Вашите браќа во Христа од Југозападното Поле во Колумбија

 <<    >>