Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
1. лекција Сабота, 7. октомври 2023.

Божјата црква

„За да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил“ (Јован 17:21).

„Каква сесрдност би требало да покажат Христовите следбеници во настојувањето со својот секојдневен живот да одговорат на оваа Христова молитва“. – 4 Сведоштво, 17.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   1 Сведоштво, 323–325, 434–454. 

Недела 1. октомври

1. МОЛИТВА ЗА ЕДИНСТВО

а. Кој проблем пред распнувањето се покажал меѓу учениците — и кое ново начело го вовел Исус на последната пасхална вечера? Лука 22:24; Јован 13:34,35; 17:21.

б. Како може да се постигне хармонија? Јован 17:23; Исаија 52:8; Колосјаните 1:23.

в. Што е хармонија — и дали некогаш е постигната? Дела 2:1; 1 Коринтјаните 1:10.

„Многу работи кои се однесуваат на надворешните форми не се до крај дефинирани во Светото писмо, туку се оставени без објаснување; често на овие прашања силен акцент се ставаше на личните претпоставки или определби. Ако вие и некој друг член на телото на верниците не сте согласни во секоја точка, не дозволувајте безначајните разлики да прераснат во навреди и да доведат до неединство. Методите и мерките со кои доаѓаме до некои заклучоци не се секогаш сосема исти. Од нас се бара да користиме разум и расудување во нашите постапки. Искуството ќе покаже кој е најдобриот пат по кој треба да тргнеме во постоечките околности. Не дозволувајте да настанат расправии поради ситници. Ако секој ги отвори прозорците на своето срце кон небото и ги затвори за земните влијанија, духот на љубовта и благодатта на нашиот Господ Исус Христос ќе ги поврзе срцата меѓусебно“. – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 1698.


Понеделник 2. октомври

2. ОНИЕ КОИ ПОДОЦНА ЌЕ СТАНАТ СЛЕДБЕНИЦИ

а. Каков проблем бил проречен во новата црква? 2 Солунјаните 2:3,4.

б. Кој е најдобриот начин да се препознаат вистинските учители? Јован 10:27–29.

„Пастирот од Исток не ги брка своите овци, не се служи со сила, ниту со заплашување, туку оди пред нив и ги повикува. Тие го познаваат неговиот глас и се одѕиваат на повикот. Така постапува и нашиот Пастир Спасител со Своите овци... Исус преку пророкот објавува: ‘Со вечна љубов те засакав и затоа останав милостив кон тебе’. Тој никого не принудува да оди по Него. Тој кажува: ‘Ги привлекував со нежност и со љубов’ (Еремија 31:1; Осија 11:4)“. – Копнежот на вековите, 480.

„Кога ќе се појават заблуди и ќе почнат да се поучуваат како библиска вистина, оние што се поврзани со Христос нема да веруваат во она што го кажува проповедникот, туку како благородните Веријци, тие секојдневно ќе го пребаруваат Светото писмо за да видат дали е навистина така. Кога ќе откријат што е зборот Господов, ќе застанат на страната на вистината. Тие ќе го слушнат гласот на вистинскиот Пастир како вели: ‘Ете го патот, врвете по него!’ Така ќе бидете научени да ја направите Библијата ваш советник, а гласот на странецот нема да го слушате ниту да го следите“. – Faith and Works, p. 86.

в. Каков повик им се упатува на вистинските верници во сите места — и зошто тие одлучуваат да се одвојат од оние што долго ги сакале? Јован 10:16; Откровение 18:4.

„Исус мислел на душите од целиот свет кои биле заведени од лажните пастири. Тие кои Тој копнеел да ги собере како овци на Своето пасиште биле расфрлани помеѓу волци и Тој кажал: ‘И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир’ (Јован 10:16)“. – Копнежот на вековите, 483.

„Во денешно време малку луѓе од оние кои тврдат дека се следбеници на реформаторите се проникнати од нивниот дух. Малкумина од нив го слушаат Божјиот глас и се подготвени да ја примат вистината без оглед во кој облик таа доаѓа. Честопати оние, кои одат по стапките на реформаторите се принудени да се одвојуваат од црквите што ги сакаат, за да можат да го објавуваат јасното учење на Божјата Реч. Многу пати оние, кои бараат светлина поради тоа учење се принудени да ја напуштат црквата на своите татковци, за да можат да се потчинат на Божјата волја“. – Копнежот на вековите, 232.

г. Откако ќе се разделиме, како преживуваме и зошто треба да бидеме дел од стадото? Римјаните 12:4,5; Ефесјаните 4:25; 2:19; 1 Коринтјаните 12:27.


Вторник 3. октомври

3. УСОВРШУВАЊЕ НА СВЕТИТЕ

а. Што ѝ дава Бог на црквата за да и помогне, и со каква цел? Ефесјаните 4:8,11–14; 1 Коринтјаните 12:18.

„Праќајќи ги Своите слуги, Спасителот им дал дарови на луѓето за преку нив на светот да ги упатуваат зборовите за вечен живот. Тоа се орудија што Бог ги одредил за усовршување на светите во сознанието и вистинската побожност. Задачата на Христовите слуги не се состои само во проповедање на вистината. Тие мораат и да бдеат над душите како луѓе кои ќе мораат да дадат сметка на Бога. Тие мораат да укоруваат, опоменуваат и да поучуваат со долго трпение и поука.

Сите што ги примиле благодетите со залагање на Божјите слуги треба според своите способности да се соединат со нив во работата за спасување на душите. Тоа е задача на сите вистински верници, проповедниците и народот. Тие секогаш треба да ја имаат оваа голема цел пред себе, трудејќи се секој да ја изврши својата специфична задача во црквата, а сите работејќи во ред, слога и љубов“. – 5 Сведоштво, 237,238.

б. Која е целта на различните дарови во црквата? Матеј 20:25–28.

„Бог ги распределува Своите дарови како што сака. Тој дава еден дар на еден, а друг дар на друг, но сето тоа за доброто на целото тело. Божја наредба е сите кои соработуваат во различните гранки на делото да работат под влијание и водство на еден ист Дух. Признавањето на овој план ќе претставува заштита од имитирање, гордост, завист или презир еден кон друг. Тоа ќе го зајакне единството и меѓусебната љубов“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, pp. 314,315.

„Секое Божјо дете треба да поседува просветено расудување за Божјото дело како целина и за меѓусебните односи на поединечните делови од таа целина, за ниту еден да не биде запоставен. Полето е широко и големото дело на реформа треба да се спроведе не во една или две гранки, туку во сите гранки. Здравствено—мисионерската работа спаѓа во рамките на тоа дело на реформа, но таа никогаш не смее да ги одвојува работниците во службата на проповедање од нивното поле на работа. Подготвувањето на учениците за здравствено—мисионерската работа нема да биде совршено ако тие не се научат да соработуваат со црквата и со делото на проповедање на евангелието. Оние кои се подготвуваат за мисионерска работа ќе бидат многу покорисни ако се запознаат со големото и значајно здравствено прашање. Потребно е влијание на Светиот Дух за делото да биде урамнотежено како што треба и за цврсто да напредува во сите гранки“. – 6 Сведоштво, 291.


Среда 4. октомври

4. ГРАДЕЊЕ НА ТЕЛОТО

а. Каков карактер ќе има откупениот и што е потребно за да се развие тој карактер? 1 Јованово 3:2,3; Јован 17:3.

„Вистинска посветеност настанува кога начелото на љубовта практично се применува во секојдневниот живот. ‘Бог е љубов, и оној кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него’ (1 Јованово 4:16). Во животот на оние во чиешто срце живее Христос се гледа секојдневна практична побожност. Карактерот станува чист, возвишен, облагороден и светол. Чистата наука се гледа во делата на праведноста, а небесните начела водат кон свети постапки“. – Делата на апостолите, 560.

„Христос е целосниот систем на вистината“. – Selected Messages, bk. 3, p. 198.

„Првите христијани навистина биле посебен народ. Нивното беспрекорно однесување и нивната непоколеблива вера претставувале постојан укор кој го нарушувал мирот на грешниците. Иако малубројни, без богатство, положба и почесни титули, тие насекаде, за оние што правеле зло биле страв и трепет, насекаде каде што нивниот карактер и нивното учење биле познати“. – Големата борба, 46.

б. Колку е важно да се зачува чистата доктрина во оваа црква како суштински дел од формирањето на карактерот? Јуда 3.

„Апостолите и нивните соработници во ранохристијанската црква постојано морале да се справуваат со ересите, кои биле донесени од лажните учители во самите пазуви на црквата. Овие учители не се прикажани како оние кои отворено настапуваат, туку како незабележано се вовлекуваат и се движат како змија. Тие ги следеле своите погубни патишта, но не биле задоволни ако не ги повлечат и другите со себе. Тие немаа поврзан ланец на вистината, туку поучуваа неповрзана мешавина на различни идеи, кои овде—онде ќе ги поддржат со стихови од Библијата. Овие неповрзани стихови потоа биле вткаени во ткиво од невистини што ја возбудувале фантазијата и ги измамувале оние кои пропуштиле, со независно проучување на Светите списи, да се утврдат во вистината за тоа време“. – The Signs of the Times, March 27, 1884.

„Заблудите што навлегоа во раната црква и го загрозија нејзиниот напредок, никогаш не беа искоренети. Тие се особено активни во денешно време што претставува една од опасностите од последните денови. Бог бара од нас, да застанеме, како и Јован во негово време, непоколебливо на страната на вистината. Со љубовта кон вистината што гори во нашите срца, ние треба искрено да се бориме ‘за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш’“. – The Signs of the Times, January 29, 1885.


Четврток 5. октомври

5. ТЕЛО ХРИСТОВО

а. Што претставува телото Христово? Колосјаните 1:18; Ефесјаните 4:15.

„Искупителот на светот не го одобрува искуството и практиката во религиозните прашања независно од Неговата организирана и призната црква. Многумина ја негуваат идејата дека тие се одговорни само пред Христа за нивната светлина и искуство, независно од Неговите признати следбеници на земјата. Меѓутоа, во историјата на преобраќањето на Савле, ни се дадени важни начела кои секогаш треба да ги имаме на ум. Тој беше доведен директно во присуство на Христос. Тој беше избран од Христос за најважното дело, да биде Негов ‘избран сад’; сепак Тој лично не му ги дал поуките на вистината. Тој го запрел на неговиот пат и го осудил; но кога Савле го прашал: ‘Што сакаш да направам?’, Спасителот го поврзал со Својата црква да го поучи што да прави“. – Sketches From the Life of Paul, p. 31.

б. Колку тела има Христос и зошто понекогаш има уште многу други кои исповедаат верност кон Него? Ефесјаните 4:4; Исаија 4:1.

„Друга должност која мошне често не се сфаќа сериозно... е должноста да се сродат со црквата...

Врската со Христа... вклучува и врска со Неговата црква“. – Воспитување, 268.

в. Зошто ни е наменето место во црквата? 1 Коринтјаните 12:19–26.

„Црквата е организирана да служи; и во животот кој е посветен на службата за Христа, поврзувањето со Црквата е еден од првите чекори. Предаденоста на Христа бара верно извршување на црковните должности“. – Воспитување, 268,269.


Петок 6. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. За што треба сесрдно да се молиме и како можеме да го постигнеме тоа?

2. Како можеме да знаеме кој ја учи вистината?

3. Како даровите во црквата помагаат во усовршување на карактерот на членовите?

4. Каква улога имаат доктрините во трансформацијата на карактерот?

5. Зошто е важно да бидеме дел од Христовото тело, Неговата призната црква?

 <<    >>