Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 23. декември 2023.

Радоста Господова

„Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби... Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене“ (Псалм 51:8,12).

„Бог не бара да се откажеме од нешто што би можеле за свое добро да го задржиме. Во сè што прави Тој пред очите го има доброто на Своите деца“. – Патот кон Христа, 46.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патот кон Христа, 115–126. 

Недела 17. декември

1. РАДОСНА ПОСЛУШНОСТ

а. Каква послушност прифаќа Бог, и зошто? Второзаконие 28:45–47.

„Вистинската вера му помага на човекот да се сообрази со Божјите

природни, морални и духовни закони. Таа учи на самосовладување, на ведрина, на умереност. Верата ја облагородува душата, го усовршува вкусот и го посветува разумот. Верата во Божјата љубов и провидение

што владее над сè што е создадено го олеснува товарот на грижите и патилата. Таа го исполнува срцето со радост и со задоволство како на човекот кој живее во најповолни околности, така и на оној во најскромни. Верата непосредно влијае врз подобрувањето на здравјето и врз должината на животот и го зголемува нашето уживање во сите негови благослови. Таа на душата ѝ отвора непресушен извор на среќа“. – Патријарси и пророци, 600.

„Кога барем сите оние што не го избрале Христа би можеле да сфатат дека Тој им нуди нешто многу подобро од она што самите го посакуваат. Човекот си нанесува најголема штета и неправда самиот на себе кога мисли или работи спротивно на Божјата волја. Нема вистинска радост на патот кој го забранил Оној кој знае што е најдобро и кој им пожелува добро на Своите созданија. Патот на престапот е пат на беда и пропаст“. – Патот кон Христа, 46.

„Бог копнее да излее врз мажите и жените порои од Неговата љубов. Тој копнее да ги види како радосно ја вршат Неговата волја, користејќи го секој атом од нивните доверени овластувања во Неговата служба, поучувајќи ги сите кои се во сферата на нивното влијание дека начинот на кој треба да се третираат како праведни заради Христа е да го почитуваат законот“. – Совети за детето, 81.


Понеделник 18. декември

2. ПРИРОДНИ ПОСЛЕДИЦИ

а. Како послушноста е поврзана со радоста? Јован 14:15; 15:10,11; Изреки 21:15.

„На патот на послушноста и должноста има задоволство, па дури и радост“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 98.

„Принципот на оние кои живеат за овој свет е сосем спротивен на ова: не само да даваат туку да земаат сè што може од пропадливите работи на овој живот. Себичната љубов кон добивката е раководечко начело на нивниот живот. Меѓутоа, најчистата радост не се наоѓа во богатството и незаситното лакомство, туку таму каде што е задоволството и каде што самопожртвуваната љубов е владеачко начело. Илјадници од нив го минуваат животот во потчинување на своите желби, но срцата им се полни со незадоволство. Тоа се жртви на себичност и незадоволство со залудни обиди да најдат задоволување во попуштање на телесните желби. На лицето им се гледа дека се несреќни, а зад нив останува самопустош, бидејќи не се плодни во добрите дела“. – 3 Сведоштво, 382.

„Вистинска среќа се наоѓа само во тоа да се биде добар и да се прави добро. Најчистата и највозвишената радост ја имаат само оние кои верно ги исполнуваат поставените должности. Ниту една чесна работа не е понижувачка. Одвратната мрзеливост прави некои да ги презираат обичните, секојдневни животни обврски. Одбивањето да се извршат овие должности доведува до ментално и морално заостанување, чии последици порано или подоцна ќе се почувствуваат. Маната на мрзеливоста ќе се открие порано или подоцна во неговиот живот. Во небесните книги, во кои се запишани неговите дела, пишува: потрошувач, но не и производител“. – Messages to Young People, pp. 210, 211.

„Зарем во вашето искуство немало и некои светли точки? Зарем не сте доживеале и некои скапоцени моменти кога вашето срце треперело од радост, огласувајќи му се на Божјиот Дух? Кога повторно ќе погледнете на поглавјата на вашето животно искуство, зарем не наидувате и на некои пријатни страници? Зарем Божјите ветувања, слично на миризливото цвеќе, не растат долж вашата патека на секој чекор? Зарем нема да ù дозволите на нивната убавина и милина да го исполни вашето срце со радост?“ – Патот кон Христа, 117.

б. Објасни го ставот на христијанинот. Римјаните 12:8 (последен дел); Неемија 8:10.

„Често се зборува дека Исус плачел, а дека не е познато дека некогаш се насмевнал. Нашиот Спасител навистина бил човек на болката, запознат со тагата, затоа што срцето му било отворено за сите човечки страдања. Но иако Неговиот живот бил исполнет со самооткажување, засенет со болки и грижи, Неговиот Дух не попуштил. Неговото лице не изразувало болка и незадоволство, туку смирена ведрина. Неговото срце било извор на живот; и секаде каде што одел, донесувал одмор и мир, радост и веселба“. – Патот кон Христа, 120.


Вторник 19. декември

3. РАБОТЕЊЕ СО РАДОСТ

а. Што дал Бог во совршениот Едем за да ги усреќи нашите прародители? Создавање 2:8,15.

„На жителите на Едем им била дадена задача да се грижат за градината да ја обработуваат и да ја чуваат. Нивната работа не била заморна, туку пријатна и освежувачка. Работата Бог ја определил за човекот, и таа за него претставува вистинска благодат: го занимава, му ги проникнува мислите, го засилува телото и ги развива способностите. Во духовната и во телесната работа Адам наоѓал едно од најголемите задоволства на својот свет живот. И кога, поради непослушноста, бил истеран од својот прекрасен дом и кога бил присилен макотрпно да бори со ќудливото земјиште за својот насушен леб, токму таа работа, иако во голема мера поинаква од пријатното занимање во Едем, му била заштита од искушението и извор на среќа. Во голема заблуда се оние кои работата ја сметаат за проклетство, па макар таа да е заморна и тешка. Богатите често со презир ја гледаат работничката класа. Меѓутоа, таквото однесување е наполно спротивно на намерата што ја имал Бог кога го создал човекот... Премудриот Творец, кој најдобро знае што ја зголемува среќата на човекот, му определил на Адама што треба да прави. Само работливите мажи и жени наоѓаат вистинска животна радост. Ангелите се вредни работници; тие му служат на Бога заштитувајќи ги луѓето. Творецот не предвидел место за оние што се мрзливи и неработници“. – Патријарси и пророци, 50.

б. Што дошол да прави Исус на овој свет, и како влијаело ова дело врз Него? Лука 19:10; 15:5–7.

„Наскоро ќе се сретнеме со нашиот Господ; и каква сметка ќе Му дадеме за начинот на кој сме ги употребиле нашето време, нашите таленти, влијанието и имотот? Наша радост треба да биде делото за спасување на душите“. – 5 Сведоштво, 481.

„Оние, кои по примерот на Христа, го посветиле својот живот на грижата за другите, знаат што значи вистинска среќа. Дострелот на нивните интереси и нивните молитви е далеку повисок од нивното ‘јас’. Трудејќи се да им помогнат на другите, тие самите растат. Тие одблизу се запознаени со најголемите планови и потфати и зар е невозможно и тогаш да не растат, кога се вклучиле во божествениот канал на светлина и благослови? Сите такви примаат мудрост од небото. Тие сè повеќе и повеќе се поистоветуваат со Христа и сите Неговите планови. Тука не постои никаква опасност од духовен застој. Во работата која бара целосна посветеност и поставува возвишени цели, бидејќи и самото дело е возвишено и свето, нема место за себичност и славољубие“. – 9 Сведоштво, 42.


Среда 20. декември

4. РАДОСТ ВО СТРАДАЊЕТО

а. Што можеме да очекуваме во овој свет како резултат на нашиот христијански живот, како треба да се чувствуваме поради тоа – и зошто? 2 Тимотеј 3:12; 1 Петрово 4:12,13.

„Искушенијата и пробите се дел од нашата морална дисциплина. Овде можеме да ги научиме највредните лекции и да ги добиеме најскапоцените благослови, ако се приближиме до Бога и сето тоа го издржиме во Неговата сила“. – Life Sketches, , 266..

„Сите оние кои секојдневно се посветуваат на Бога, ја покажуваат светлата и ведра страна на нашата вера. Не треба да го обесчестуваме Бога со тажно прераскажување на неволјите кои ни изгледаат мачни и тешки. Сите искушенија кои ги примаме како воспитно средство ќе ни донесат радост. Целиот верски живот ќе биде воздигнувачки, облагородувачки, мирис на добри зборови и дела“. – 6 Сведоштво, 365..

б. Како треба да реагираме кога страдаме за нешто за што не заслужуваме да страдаме, и што нѐ одржува во оваа борба? 1 Петрово 2:20; Евреите 12:2.

в. Што треба да запомниме во нашите најтемни моменти – и зошто? Јован 16:20; Римјаните 8:28; Второзаконие 33:25; Псалм 126:5.

„Не смееме да дозволиме нашиот дух да се вознемири или возбуди за сè што можеби ќе ни згрешат. Нашето ‘Јас’ е непријател од кој треба најмногу да се плашиме...

Не смееме да дозволиме нашите чувства да бидат лесно повредени. Треба да живееме, не за да ги чуваме сопствените чувства или угледот, туку за да спасуваме души. Кога ќе се заинтересираме за спасението на душите, ќе престанат да ни пречат малите разлики, кои толку често се појавуваат во нашите односи со другите“. – Здравје и среќа, 485.

„Бидејќи оние што стојат во првите редови на борбата гледаат дека сатаната ги насочува своите напори особено против нив, тие ќе ја сфатат нивната потреба од Божја сила и ќе работат во Неговата сила. Тие нема да бидат понесени од нивните победи, туку уште повеќе ќе се потпираат на Семоќниот. Длабоката и искрена благодарност кон Бога ќе доаѓа од длабочините на нивните срца и ќе се радуваат дури и во неволјите што ќе ги снајдат додека ги притиска непријателот“. – Gospel Workers, p. 266.

„Можеби имате тешкотии во работата, можеби вашите изгледи се сè помрачни и помрачни, можеби ви се заканува загубa; но немојте да се обесхрабрувате; фрлете му ги вашите грижи на Бога и останете смирени и расположени. Молете се за мудрост и разумно управувајте со работите и така ќе ja спречите загубaта и пропаста. Сторете сè од своја страна за да постигнете поволни резултати. Исус ветил своја помош, но дури кога вие ќе вложите напор. Кога сте сториле сè што сте можеле, потпирајќи се на нашиот Помошник, радосно прифатете го исходот“. – Патот кон Христа, 122.


Четврток 21. декември

5. ДАВАЊЕ СО РАДОСТ

а. Кој е едноставниот принцип на инвестирање? Матеј 13:8,44; Лука 6:38.

„Редовното давање дарови, кои всушност сме ги добиле од Бога, кога неговото дело или потребите на човештвото го бараат тоа, нас нема да нè осиромаши... Сејачот своето семе го умножува токму со тоа што го растура. Истото се случува и со оние кои даровите што ги примиле од Бога радо ги делат со другите. Давајќи им на другите, тие ги зголемуваат своите благодати“. – Делата на апостолите, 345.

б. Колку е важен чинот на давање? Малахија 3:8–11; 2 Коринтјаните 8:1–3.

„Подготвеноста на жртва од страна на македонските верници била последица на нивното искрено преобратување... Не било потребно некој од нив да го бара тоа, зашто тие сами се радувале што им се дала можност да изделат дел од своите неопходни потреби за да ги задоволат потребите на другите. Кога апостолот сакал да ја ограничи нивната дарежливост, тие го преколнувале да ги прими нивните дарови. Во својата едноставност и чесност, во својата љубов кон браќата, тие радо се подложиле на самооткажување за да изобилуваат со плодови на доброчинства“. – Делата на апостолите, 343,344.

„Христовата откупителска улога во планот на спасението е потполно доброволна и Негова намера е и сите наши добродетелства да бидат потполно доброволни“. – 3 Сведоштво, 413.

в. Какви дарови се прифатливи за Бога? 2 Коринтјаните 9:7.

„Нему не му е по волја Неговата ризница да се полни со принудно давање. Верните срца на Неговиот народ, радувајќи се на спасоносната вистина за ова време, секогаш од љубов и благодарност за таа драгоцена светлина, со свои средства ревно ќе придонесува таа вистина да допре и до другите“. – 3 Сведоштво, 413.

„Христијанинот ќе биде исполнет со радост додека верно управува со Господовиот имот“. – Counsels on Stewardship, p. 136.


Петок 22. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто радосната послушност е дел од христијанството?

2. Како да ја најдеме вистинската радост?

3. Каква улога има корисната работа во задоволството и радоста?

4. Само под кој услов искушенијата носат радост?

5. Зошто е важно да се негува навиката на давање?

 <<    >>