Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
8. лекција Сабота, 25. ноември 2023.

Венчани со Христа

„Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене“ (Псалм 51:10).

„Сè што треба да се направи по Негова заповед, може да се оствари во Негова сила“. – Христовите поуки, 333.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Testimonies to Ministers, pp. 367–370. 

Недела 19. ноември

1. ЗАКОН

а. Како е дефиниран законот за бракот? Создавање 2:24; Римјаните 7:1–3.

б. Која е разликата помеѓу вистинското непознавањето на Божјата волја за нас и исмевањето на светлината откриена од небото? Дела 17:30; 2 Петрово 3:3–6,11,14.

„’Ако светлината дојде и биде отфрлена или презрена, тогаш доаѓа и осуда и Божјиот гнев; но додека светлината не е дадена, нема ниту грев, зашто немало светлина што би можеле луѓето да ја отфрлат’“. – 1 Сведоштво, 116.

„Оној кој одбива да бара живот, кој не сака да го истражува Светото писмо и да дознае што е вистина за неговите дела да не бидат осудени, ќе биде оставен на слепилото на сопствениот разум и на измамите на сатаната“. – Selected Messages, bk. 1, p. 313.

в. Зошто намерното останување во незнаење е толку опасно? Јован 15:22; 5:40.

„Оние кои намерно ќе се стават во ситуација каде нема да имаат можност да ја слушнат вистината, ќе се вбројат меѓу оние кои ја слушнале вистината, но упорно ги отфрлаат презентираните докази“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, p. 1145.

„Оние кои имаат можност да ја слушнат вистината и не се трудат да ја слушнат или разберат, мислејќи дека нема да бидат одговорни за она што не го слушнале, ќе бидат осудени пред Бога на ист начин како да ја слушнале и отфрлиле вистина“. – The Review and Herald, April 25, 1893.


Понеделник 20. ноември

2. ЛИЧНА ПРИМЕНА

а. Зошто жената треба да остане во брак дури и со неверен сопруг (и обратно, се додека тоа не е однос во кој постои опасно злоставување)? 1 Коринтјаните 7:13,14; 1 Петрово 3:1.

„Ако жената не верува и ако се спротивставува, мажот, според светиот Божји закон, не може да ја отфрли само поради тоа. Во согласност со Божјиот закон, тој мора да остане со неа, додека самата не одлучи да си отиде. Тој може да страда поради нејзиното противење и често да биде изложен на угнетување; тој ќе најде утеха, сила и поткрепа во Бога, Кој дава милост во секоја прилика. Тој мора да биде човек со чисти мисли, одлучни и цврсти начела и Бог ќе му даде мудрост да знае по кој пат треба да тргне. Нагонот нема да владее со неговиот разум, затоа што цврсто ќе ги држи уздите и така ќе ја контролира својата страст“ — Адвентен дом, 344.

б. Како апостол Павле преминува од буквално во духовно претставување – и кого симболизира жената? Римјаните 7:4,5; 2 Коринтјаните 11:2.

„Тие (членовите на црквата) не смеат да се облекуваат во својата секојдневна граѓанска облека, туку во свадбени облеки. Тие се венчани за Христа и треба да се облечат во облеката на Неговата праведност. Црквата е Христова невеста, а нејзините членови треба да го повлечат јаремот со својот Водач. Бог нè предупредува да не ја осквернуваме нашата облека“. – The Gospel Herald, May 28, 1902.

„Нашите чувства треба да бидат насочени само во една насока, за да не се нарушат нашите обврски како Христови слуги. Етикетата на светот никогаш нема да нѐ означи како Божји деца, лојални поданици на Неговото царство. Кога дојде Исус, Тој во црквата најде гревови, световност и расправии; но Неговата мисија беше да го промени овој редослед на нештата. Тој сакаше Неговата црква да биде во светот, но не од светот. Тој рече: ‘Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне.’ Црквата требаше да биде божествена ограда во светот. Таа требаше да биде како лозје, засадено од божествениот Лозар, кој и го обработува. Таа требаше да биде како расадник засаден со дрвја на праведноста, и иако беше опкружен со злите дрвја на светот, кои донесуваат плод за смрт – сè што се наоѓаше внатре во оградата беше предодредено да биде Господов насад, кој ќе донесе плод на праведност. Христовите следбеници требаше да ја откријат моќта на Христовата преобразувачка благодат која ги менува расипаните срца на луѓето“ —The Review and Herald, December 19, 1893.


Вторник 21. ноември

3. ЖИВОТ СО ПРВИОТ СОПРУГ

а. Користејќи ги духовните симболи од Римјаните 7. поглавје, опишете го животот под првиот брак, и зошто е толку тешко да се победи гревот. Римјаните 6:12–16; 7:5,14,15; Еремија 17:9.

„Стариот човек сè уште не умрел во тебе. Имаш обличје на побожност но ја немаш Божјата сила која чисти од гревот. Ти си во состојба убаво да зборуваш и да пишуваш, и што се однесува до твоите зборови, тие можат да бидат исправени, но ти не зборуваш со вистински јазик на срцето“. – 2 Сведоштво, 323.

„За да можеш да правиш добро, мораш да живееш нов живот кој е во хармонија со Божјата волја. Твојата изопачена природа не е преобразена. Ти не си во мир со Бога ниту со самиот себе. Ти си во оковите на големиот непријател на душите, подложен на стариот човек на гревот. Ти не си слободен човек во Христа. Потребно е да се случи духовна промена во тебе пред Бог да може да работи со тебе“. –Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, pp. 170, 171.

б. Повторно користејќи ги духовните симболи, што ќе добиеме ако продолжиме да живееме во првиот брак и како се ослободуваме од таа врска? Римјаните 6:23 (прв дел); 6:6,7,11,12,18; Јован 8:31,32.

„Ако се препуштиме на гневот, страста, алчноста, омразата, себичноста или некој друг грев, ние стануваме слуги на гревот. ‘Никој не може да им служи на два господара’ (Матеј 6:24). Ако служиме на гревот, не можеме да му служиме на Христа. Христијаните ќе чувствуваат поттик на грев, бидејќи телото се бори против Духот; но и Духот се бори против телото, одржувајќи постојана војна. Овде е потребна Христова помош. Човековата слабост се соединува со божествената сила“. – Ум, карактер и личност 2, 516.

„Сега мораш да ги учиш големите поуки за самосовладување, кои требаше да ги совладаш многу порано. Бог те доведе во поинакво опкружување каде што под влијание на Неговиот Свет Дух можеш да се дисциплинираш и да се менуваш, да стекнуваш морална сила и самоконтрола, за да можеш да станеш победник. Владеењето со себе може да се постигне само со најголеми напори, непоколеблива одлучност и истрајност и нескршлива енергичност“. – 4 Сведоштво, 92.

„Треба да почнеш да го бараш Бога таму каде што си. Мора повторно да се родиш. Мора да има обнова, нов живот создаден во тебе, за да не му служиш на гревот или на телесните похоти. Твоите деца треба да се преобратат. Мораш да извршиш едба свечена работа“. – The Signs of the Times, July 22, 1889.


Среда 22. ноември

4. СЛОБОДА

а. Што е вистината? Псалм 119:142; Јован 14:6.

„Кога ќе ја донесете душата кај Христа преку овој личен напор, дозволете Бог да работи со предаденото, понизно срце; Бог нека ја поттикне во него токму онаа служба каква што смета дека е соодветна. Бог ветил дека Неговата благодат ќе биде доволна за сите што ќе дојдат кај Него. Оние кои ќе му се предадат на Исус, кои ја отвораат вратата на срцето и Го канат внатре, ќе бидат заштитени. Тој вели: ‘Јас сум Патот, Вистината и Животот’ (Јован 14:6). Поседувајќи го Исус, тие ќе ја поседуваат вистината. Тие ќе бидат целосни во Него“. – Colporteur Ministry, p. 50.

„Христос го претставува целосниот систем на вистината. Тој вели: ‘Јас сум Патот, Вистината и Животот.’ Сите вистински верници имаат центар во Христа, нивниот карактер е озрачен од Христос; сите се среќаваат во Христа и кружат околу Христа. Вистината доаѓа од небото за да го очисти човекот од секоја морална нечистотија. Тоа води кон добронамерни постапки, кон добра, нежна, грижлива љубов кон сиромашните, вознемирените, оние кои страдаат. Ова претставува практична послушност на Христовите зборови“. – Selected Messages, bk. 3, pp. 198, 199.

б. Како стануваме слободни преку познавањето на вистината и која е суштината на нашата порака до светот? Јован 12:32; 1 Коринтјаните 1:18; Галатјаните 6:14.

„Тајната на крстот ги објаснува сите други тајни. Во светлината која свети од Голгота, Божјите особини кои нè исполнуваат со страв и стравопочит изгледаат убави и привлечни. Милоста, нежноста и родителската љубов се соединуваат со светоста, со праведноста и со моќта. Додека го посматраме Величеството на Неговиот престол, висок и возвишен, го гледаме Неговиот карактер во Неговите милостиви постапки, и како никогаш порано, го сфаќаме значењето на она љубезно ословување: ‘Оче наш!’

Ќе се види дека Оној, кој е бесконечен во мудроста, не можел да смисли ниеден друг план за нашето спасение освен да го жртвува Својот Син. Награда за оваа жртва е радоста што земјата ќе ја населат откупени, свети, среќни и бесмртни суштества“. – Големата борба, 652.

„Привлечен од Христовата сила, кога грешникот ќе се приближи до издигнатиот крст, и се поклонува пред него, тој станува ново создание. Добива ново срце и станува ново создание во Исуса Христа“. – Христовите поуки, 162.

„Без разлика на темата што е претставена, издигнете го Исуса како центар на сета надеж, ‘корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница’“. – Testimonies to Ministers, p. 118.


Четврток 23. ноември

5. СТАРИ НАВИКИ

а. Откако стариот човек ќе умре, дали тоа значи дека никогаш повеќе нема да грешиме? Која цел треба да ја достигнеме? 1 Јованово 2:1; Матеј 5:48.

„Христос, како првосвештеник од оваа страна на завесата ја овековечи Голгота, така што, иако живее во Бога, тој постојано умира за гревот; и затоа, ако некој згреши, има застапник кај Отецот“. – Selected Messages, bk. 1, p. 343.

б. Како нашите врски и односи со другите влијаат на нас било негативно или позитивно? 2 Коринтјаните 3:18; Јован 1:1,14.

„Дружењето со секоја личност, колку и да е ограничено, има влијание на нас. До кој степен ќе бидеме под ова влијание зависи од степенот на блискост, од тоа дали постојано сме во нејзино друштво, како и од тоа колку ја сакаме и почитуваме таа личност. Така запознавајќи се и дружејќи се со Христа ние можеме да станеме слични на Него, единствениот безгрешен Пример“. – 5 Сведоштво, 222,223.

в. Како да се заштитиме од паѓање? 1 Коринтјаните 15:31; Галатјаните 2:20.

„Гледајќи постојано на Исуса со окото на верата ние стануваме посилни. Бог ќе му даде најдрагоцени откровенија на Својот гладен и жеден народ. Таквиот ќе увиди дека Христос е личен Спасител. Кога се хранат со Неговата Реч, луѓето увидуваат дека таа е дух и живот. Речта ја уништува вродената земна природа и дава нов живот во Исуса

Христа. Светиот Дух Доаѓа како Утешител на душата. Со помош на Неговата благодат што преобразува, во ученикот се репродуцира Божјиот лик и тој станува ново создание“. – Копнежот на вековите, 391.


Петок 24. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Споредете го вистинското незнаење на кое Бог не гледа со одбивањето да знаеме и разбереме.

2. Зошто првиот маж има толку силно влијание врз човечката природа?

3. Објасни го контрастот помеѓу буквално неверниот маж и духовниот прв маж.

4. Како вистината е само манифестација на Исус Христос?

5. Како нашите навики влијаат на нас дури и во нашиот нов однос со нашиот Спасител?

 <<    >>