Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
7. лекција Сабота, 18. ноември 2023.

Сина лента

„И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја“ (1 Коринтјаните 10:31).

„Ние имаме предимство со облекувањето, како и со сѐ друго, да Му укажеме чест на нашиот Создател. Тој сака нашата облека да биде не само уредна и здрава туку и соодветна и пристојна“. – Воспитување, 248.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   4 Сведоштво, 628–648. 

Недела 12. ноември

1. СКРОМНОСТ

а. Како и зошто скромноста се опишува како христијанска должност? 1 Тимотеј 2:9,10.

„Значи постои очевидна спротивност помеѓу љубовта кон надворешното украсување и особините на кротост и тивок и благ дух. Само кога настојуваме потполно и во сè да се прилагодиме на Божјата волја, Неговиот мир и вистинска радост ќе владеат во нашата душа.

Љубовта кон украсувањето го загрозува моралот, и жената која како христијанка треба да се одликува со невиност, разумност и чистота, ја прави спротивна на она што би требало да биде. Облеките кои впечатливо го истакнуваат телото често поттикнуваат сетилност во срцето на оние кои ги носат и будат ниски страсти во срцето на оние кои ги набљудуваат. Бог однапред гледа дека пропаста на карактерот често доаѓа како последица на попуштањето на горделивоста и суетата во поглед на облекувањето и дека раскошното облекување ја задушува желбата да се прави добро“. – 4 Сведоштво, 645.

б. Како нагласувањето на надворешното украсување го лишува внатрешното, духовното? 1 Петрово 3:3–5.

„Многумина од нашите сестри се многу способни личности, и кога своите таленти би ги употребиле на слава на Бога би биле поуспешни во придобивање на души за Христа. Зар тие нема да бидат одговорни пред Бога за душите кои можеле да бидат спасени со нивно залагање, ако претерувањето во облекувањето и грижите за овој свет не ги парализирале до таа мера нивните од Бога дадени сили што повеќе не чувствуваат товар на одговорност за Божјото дело? Модата ја измислува сатаната за да го обземе разумот на жените со прашањето за облекувањето до таа мера што постојано ќе мислат за тоа“. – 4 Сведоштво, 629.


Понеделник 13. ноември

2. ЗДРАВЈЕ И ЧИСТОТА

а. Како Божјата грижа за нашето здравје и благосостојба влијае на начинот на кој се облекуваме – вклучувајќи ги и нашите чевли? 3. Јованово 2; Изреки 31:21; Исаија 3:16,17.

„Телото мора да се одржува во здрава состојба за да може душата да биде здрава. Состојбата на телото влијае на состојбата на душата... Верното придржување до правилните начела при јадење, пиење и облекување е должност што Бог им ја доверил на човечките суштества“. – Evangelism, p. 261.

„Ако стапалата се облечени со топли чизми или чевли со соодветна големина, со дебел ѓон, избрани за удобност, а не за мода, крвта ќе циркулира слободно во екстремитетите и стапалата, како и во другите делови од телото“. – The Health Reformer, April 1, 1871.

б. Колку е важна чистотата во нашето тело, како и во начинот на кој се облекуваме? Излез 19:10,11; 1 Коринтјаните 3:16,17.

„Многу страдања би можеле да се избегнат ако секој се труди да се заштити од болести со строго почитување на здравствените закони. Треба да се почитуваат строгите закони за чистота. Многумина, додека се чувствуваат добро, нема да се потрудат да го одржат телото во здрава состојба. Ја занемаруваат личната хигиена и не се грижат да ја одржуваат својата облека чиста... Доколку не се отстранат, телесните нечистотии се враќаат во крвта и стигнуваат до внатрешните органи. Природата, сакајќи да се ослободи од отровните нечистотии, се труди да го исчисти организмот. Овие напори доведуваат до треска и она што се нарекува болест. Но, дури и тогаш, ако оние кои се заболени од оваа состојба и помогнат на природата во нејзините напори со користење чиста, мека вода, многу страдања може да се спречат. Меѓутоа, наместо да го сторат тоа и да се обидат да ги отстранат отровните материи од телото, многумина вбризгуваат уште посмртоносен отров во него за да го исфрлат отровот што веќе се наоѓа во нив“. – Counsels on Health, pp. 61, 62.

в. Како следењето на примерот на Језавела ја лишува личноста од природната убавина и го загрозува своето здравје? 2 Царевите 9:30; Проповедник 3:11.

„Многумина поради незнаење со користење на козметички производи му штетат на своето здравје и си го загрозуваат животот... Кога се загреваат... отровот се апсорбира низ порите на кожата и влегува во крвта. Многу животи се жртвувани само на овој начин “. – Healthful Living, p. 189.


Вторник 14. ноември

3. ОБЛЕКА ОД СПРОТИВНИОТ ПОЛ

а. Како гледа Бог на поединците кои носат облека карактеристична за спротивниот пол? Второзаконие 22:5.

„Бог бара помеѓу машката и женската облека да има јасна и истакната разлика, и Тој тоа прашање го смета за толку важно така што дал изрични упатства во тој поглед; бидејќи кога и двата пола би се облекувале на ист начин, тоа би предизвикало голема збрка и нагло и големо зголемување на гревовите и престапите“. – 1 Сведоштво, 460.

„Во мојата статија за облекувањето, објавена во публикацијата ‘Како да живееме’ се обидов да го прикажам здравиот, удобен и економичен, но сепак пристоен начин на облекување за христијанките што се подготвени да го прифатат тоа“. – 1 Сведоштво, 462.

„Во голема спротивност со оваа скромна и пристојна облека е таканаречениот американскиот костим кој речиси во сѐ е сличен на облеката на мажите, а се состои од елек, панталони и фустан кој наликува на капут што со својата должина досегнува само до средината меѓу колковите и колената. Овој таканаречен американски костим го отфрлам зошто ми е покажано дека не е во согласност со Божјото слово; додека другиот го препорачувам затоа што е скромен, удобен, прикладен и здрав“. – 1 Сведоштво, 465.

„Покажано ми е дека жените што го прифатиле американскиот костим не ги почитуваат изречните Божји упатства дадени во тој поглед. Укажано ми е на Второзаконие 22:5... Бог не сака Неговиот народ да ја прифати оваа таканаречена реформна облека. Тоа е нескромен начин на облекување, и во никој случај не одговара на пристојноста на понизните Христови следбенички“. – 1 Сведоштво, 421.

б. Како носењето облека што е карактеристична за спротивниот пол влијае на карактерот и угледот на инволвираните?

„Оние што се чувствуваат повикани да пристапат на движењето за женски права и таканаречената реформа во облекувањето можат, исто така, да ја раскинат секоја врска со пораката на Третиот ангел. Духот што го води ова движење не може никогаш да биде во согласност со Третата ангелска порака. Што се однесува до односите и правата меѓу мажите и жените Светото Писмо е потполно јасно... Напоредно со т.н. реформа во облекувањето (која го прифаќа американскиот костим) оди и духот на лекомисленост и нескромност токму во поглед на облекувањето. Изгледа дека сите што го прифаќаат овој начин на облекување ја губат својата поранешна скромност и воздржливост. Покажано ми е дека – според Божјата намера – нашиот став и во овој поглед треба да биде доследен и оправдан. Оние сестри што ќе го прифатат американскиот костим со тоа ќе го уништат своето влијание, а исто така и влијанието на своите мажи и ќе станат предмет на презир и потсмев“. – 1 Сведоштво, 421,422.


Среда 15. ноември

4. НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД И БОГОСЛУЖЕНИЕТО

а. Освен облеката, во што друго треба да се разликуваат мажите и жените во однос на надворешниот изглед? 1 Коринтјаните 11:14,15.

„Се забележува сѐ поголема склоност жените според својот начин на облекување и надворешен изглед да станат што послични на мажите, и обликот на нивната облека станува сѐ послична на машката, но Бог кажува дека тоа Му е одвратно. ‘Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат’ (1 Тимотеј 2:9)“. – 1 Сведоштво, 421.

„Карактерот на некоја личност се проценува според начинот на нејзиното облекување. Префинетиот вкус и благородниот ум се откриваат со изборот на едноставна и соодветна облека. Невината едноставност во облекувањето, соединета со скромност во однесувањето, многу ќе придонесе за младата жена да биде опкружена со атмосфера на света воздржаност, која ќе ја заштити од илјадници опасности“. – Воспитување, 248.

б. Како знаеме дека треба да постои разлика во тоа како се поклонуваме пред Бога на Неговиот свет ден во споредба со кое било друго време? Исаија 6:1,2.

„На многумина им се потребни упатства за тоа како да се појават на собирот при богослужението во сабота. Тие не треба да доаѓаат во Божјо присуство во обична облека која ја носат преку цела седмица. Сите треба да имаат посебно одело за сабота кое ќе го носат кога присуствуваат на службата во Божјиот дом. Иако не треба да се прилагодуваме на световната мода, сепак не смееме да бидеме рамнодушни кон нашиот надворешен изглед. Мораме да бидеме уредни и средени, но без украсување. Божјите деца мораат да бидат чисти и однадвор и одвнатре“. – 6 Сведоштво, 355.

„Бог сакал сцената при објавувањето на својот закон да ја стори величествена и длабоко впечатлива за да ја истакне возвишеноста на

неговиот карактер и неговото значење. На народот требало живо и неизбришливо да му се предочи вистината дека сѐ што е во врска со служењето на Бога мора да биде примено со најголема страхопочит. Господ му рекол на Мојсеја: ‘Појди кај народот (извести го) и освети го денес и утре; и нека ги исперат облеките свои; и нека се приготват за третиот ден, зашто во третиот ден ќе слезе Господ на Синајската Гора пред сиот народ’. Во текот на деновите што настапувале сето време требало да го посветат на свечена подготовка за излегување пред

Божјото лице. Не смеела да остане никаква нечистотија ниту на нивното тело ниту на облеката. А бидејќи Мојсеј им укажал на нивните

гревови, морале да се понизат со покајание, со пост и молитва за срцата

да им бидат очистени од секое беззаконие“. – Патријарси и пророци, 303.


Четврток 16. ноември

5. НАШИОТ ОДНОС СО БОГА

а. Што треба да сфатиме за световноста – и зошто таа е толку привлечна? Јаков 4:4.

„Како другите народи”. Израелците не сфатиле дека токму таа разлика од другите народи претставувала посебно предимство и особен благослов. Бог Израелците ги изделил од сите други народи со цел од нив да создаде особено богатство. А тие, презирајќи ја и таа голема чест, барале да се изедначат со другите незнабожечки народи. И денеска кај народот кој тврди дека е Божји, постои стремеж својот живот да го прилагоди кон светските обичаи и навики. Христијаните постојано се трудат да ги следат обичаите на луѓето што му се клањаат на богот на овој свет. Мнозина тврдат дека врз безбожниците може подобро да се влијае ако човекот се соедини со нив и се прилагоди кон нивните обичаи. Меѓутоа, сите што прават така се одделуваат од изворот на својата сила. Со тоа што се спријателуваат со светот, стануваат непријатели на Бога. За љубов на земни признанија, тие ја жртвуваат неизмерната чест што им ја укажува Бог, а која се состои од објавување на доблеста на Оној кој нè повикал да излеземе од темнината и да пристапиме кон неговата чудесна светлина (1 Петрово 2:9)“. – Патријарси и пророци, 607.

б. За кое место се подготвуваат христијаните? 1 Коринтјаните 2:9.

„Сето она што е убаво во нашите земни домови нека нè потсетува на кристалната река и зелените полиња, на развиорените дрвја и живите извори, на светлечкиот град и на пејачите во бела облека, на нашиот небесен дом тој свет на убавина кој ниеден уметник не може да го наслика, ниту еден смртен јазик не може да го опише“. – Адвентен дом, 545.


Петок 17. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто треба да се грижиме за скромноста?

2. Зошто чистотата е толку важна и како козметиката влијае на тоа?

3. Што е одвратно пред Бога и што значи тоа?

4. Како треба да дојдеме пред Бога кога му се поклонуваме?

5. Зошто постојано сме изложени на влијанието на световноста?

 <<    >>