Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 9. декември 2023.

Обновување на брачната институција

„Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото“ (Исаија 58:12).

„Постојат две институции воспоставени во Едем, кои не се изгубени со падот во грев – саботата и брачната врска... Оној кој со заповед или пример ја намалува обврската на овие свети институции е непријател и на Бога и на човекот и го користи своето влијание и своите таленти дадени од Бога да предизвика состојба на конфузија и морална изопаченост”. – The Signs of the Times, February 28, 1884.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Копнежот на век., 150–153, 214–225. 

Недела 3. декември

1. СЕМЕЈНА ЗАЕДНИЦА

а. Што се обидува сатаната да направи со семејната заедница што Бог ја одредил? 1 Петрово 5:8.

„Денеска, кога се приближуваме кон крајот на времето и кога Божјиот народ стои на границата на небесниот Ханан, сатаната, како и во минатото, двојно ќе ги зголеми своите напори за да ги спречи да влезат во ветената земја. Тој поставува свои стапици пред секоја душа. Оттаму, сите мора да бидат претпазливи, а не само неуките и необразованите. Тој ќе смисли искушенија дури и за оние што се наоѓаат на највисоки положби и на најсвети должности; ако му појде од рака да ја извалка нивната душа, тогаш ќе може да уништи и многу други. И денеска тој се служи со исти средства како и пред три илјади години. Со помош на пријателство со светот, со помош на шармот на убавината, со желбата за задоволства, со веселбите, со различни свечености и со чаша вино, тој наведува на престап на седмата заповед“. – Патријарси и пророци, 457.

б. Како Божјите гласници се обидуваат да ги избегнат осудите кои произлегуваат од уништувањето на семејната заедница? Малахија 4:5,6.

„Токму поради тоа што неморалот завладеал меѓу нив, стариот Израел го навлекол Божјиот гнев на себе“. – 2 Сведоштво, 451.


Понеделник 4. декември

2. ХРИСТОВИОТ ПРЕТХОДНИК

а. Кој бил Јован Крстител (во врска со делото пророкувано од Малахија) и како тоа го претставува последниот остаток? Матеј 11:7,14.

„Оние кои треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање се претставени како верниот Илија, како што и Јован дошол во Илиин дух за да го подготви патот за првото Христово доаѓање“. – 3 Сведоштво, 62.

„Времето во кое живееме бара реформа на дело“. – 4 Сведоштво, 488.

б. Зошто Јован пострада маченички и што покажува ова денес? Матеј 14:3–5.

„Ирод бил трогнат слушајќи го силното и острото сведоштво на Јован Крстител, и со длабок интерес се распрашувал што треба да направи за да стане негов ученик. Јован бил запознаен со фактот дека Ирод планира да се ожени со жената на својот брат, иако мажот и сѐ уште бил жив, и верно му рекол дека тоа е незаконски“. – Рани списи, 154.

„Ирод бил склон да постапува по советот на Јован и ѝ рекол на Иродијада дека не може да се ожени со неа бидејќи тоа е спротивно на Божјиот закон. Но, оваа решителна жена не дозволила да бидат спречени нејзините намери. Во нејзиното срце кон Јован се разбудила силна омраза. Ирод беше човек со слаби начела, со колеблив ум, а Иродијада без големи тешкотии ја сврте ситуацијата во своја корист и го задржа своето влијание врз него. Ирод се препуштил на грешните задоволства наместо да се потчини на ограничувањата на Божјиот закон“. – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 70.

„Многумина од оние кои тврдат дека веруваат во вистината би рекле, кога би ги искажале своите вистински чувства: ‘Дали е потребно да се зборува толку отворено?’... Дали требаше да го предизвика гневот на Иродијада со тоа што му кажа на Ирод дека е незаконско да живее со жената на својот брат? Го загуби животот затоа што зборуваше толку отворено. Не можеше ли мирно да ја продолжи својата мисија, без да го навлече гневот на Иродијада?“ – Gospel Workers, p. 149.

„Јован Крстител отворено го укорувал гревот и кај луѓето со скромно занимање и кај луѓето на високи позиции. Тој им ја соопштил вистината на царевите и на благородниците, без разлика дали ќе ја слушнат или ќе ја отфрлат. Тој зборуваше лично и одлучно. Тој ги укорил фарисеите од Синедрионот затоа што нивната религија се состоела од форми и беше лишена од праведноста на чиста, доброволна послушност... Тој му зборуваше на Ирод за неговиот брак со Иродијада, велејќи му дека не е законито да ја земе за жена. Му зборувал и за идната казна, кога Бог ќе му суди на секој човек според неговите дела“. – Selected Messages, bk. 2, pp. 149, 150.


Вторник 5. декември

3. РЕФОРМАЦИЈА

а. Какво дело треба да врши Божјиот народ во последните денови, и како тоа е изразено во Исусовите зборови? Еремија 6:16; Матеј 11:28–30.

„Кротоста е скапоцена, христијанска особина. Христовата кротост и понизност можеме да ја научиме само со носење на Неговиот јарем... Тој јарем значи целосно потчинување“. – In Heavenly Places, p. 236.

б. Како да го забрзаме Христовото доаѓање? 2 Петрово 3:12; Дела 3:19–21.

„Христос со длабок копнеж очекува да се покаже во Својата црква. Кога Неговиот карактер совршено ќе се репродуцира во Неговиот народ, тогаш Тој ќе дојде да ги земе како свои“. – Христовите поуки, 69.

„При завршетокот на историјата на светот сите божествени институции ќе бидат обновени“. – Пророци и цареви, 678.

в. Во овој контекст, која божествена институција е воспоставена во исто време со саботата? Создавање 1:26–28; 2:2,3.

„И саботата и брачната институција беа воспоставени од Бога во Едем за да се чуваат побожни и свети. И двете овие божествени институции беа занемарени и омаловажени од мажите и жените, чии срца се целосно подготвени да прават зло“. – The Review and Herald, March 8, 1870.

„Бог одредил мажот и жената да бидат обединети во свет брак, да основаат семејства кои, крунисани со чест, ќе бидат симболи на небесното семејство. И на почетокот на својата јавна служба Христос недвосмислено го ставил Својот печат на одобрување врз оваа институција основана во Едем. Со ова, Тој им објавил на сите дека нема да го одбие Своето присуство на свадбените церемонии и дека бракот, склучен во чистота и светост, во вистина и праведност, е еден од најголемите благослови што некогаш му биле дадени на човечкото семејство. Свештениците и папите донесоа закони со кои им забрануваат на луѓето да се венчаат и ги затвораат во манастирите. Овие закони и ограничувања ги смислил сатаната за да ги стават мажите и жените во неприродни позиции. Така, сатаната ги искушувал човечките суштества да го занемарат законот за брак како нешто несвето, но во исто време ја отворил вратата за попуштање на човечката страст. Така настанаа некои од најголемите зла кои се проклетство за нашиот свет – прељубата, блудот и убиствата на невини деца родени вонбрачно“. – The Bible Echo, August 28, 1899.


Среда 6. декември

4. ПРВАТА БОЖЕСТВЕНА ИНСТИТУЦИЈА

а. Која е разликата помеѓу начинот на кој се создадени луѓето наспроти животните? Создавање 1:24,25; 2:7,18,21,22.

„По создавањето на земјата и животните на неа, Отецот и Синот ја исполниле својата намера, зачната пред падот на сатаната, да го направат човекот според нивниот образ и подобие. Тие работеа заедно во создавањето на земјата и секое живо суштество на неа. И сега Бог му вели на својот Син: ‘Да создадеме човек според Нашиот образ’. Кога излегол од рацете на својот Творец, Адам бил со благороден раст и совршено пропорционален. Тој беше повеќе од двапати повисок од луѓето што сега живеат на земјата и беше пропорционално граден. Неговите црти беа совршени и убави. Бојата на неговото лице не беше ниту бледа, ниту жолта, туку румена, блескаше со богата нијанса на здравје. Ева не беше толку висока како Адам. Нејзината глава достигаше малку над неговите рамена. Таа, исто така беше благородна – совршена по својата симетрија и многу убава“. – The Spirit of Prophecy, vol. 1, pp. 24, 25.

б. Како беше воспоставен првиот брак? Која одредба била донесена против разводот во Едем – и дали Исус работел на обновата? Создавање 2:23,24.

„Исус дошол во нашиот свет за да ги исправи грешките и да ја обнови Божјата морална слика во човекот. Погрешните мислења за бракот нашле место во умовите на израелскиот учител. Тие ја укинале светата установа бракот. Човекот станал со толку тврдо срце, што за секоја ситница можел да се одвои од својата жена или ако така одлучил, можел да ја одвои од децата и да ја избрка од домот. Ова се сметало за голем срам, а често било проследено со најголемите страдања на отфрлената жена.

Христос дошол да ги исправи овие зла и затоа Своето прво чудо го направил на свадба. Со тоа му објавил на светот дека чистиот и неизвалкан брак е света установа“. – Адвентен дом, 341.

„Саботата и бракот биле воспоставени во Едем, кога човекот беше исправен и праведен пред Бога. Тие беа воспоставени кога беа поставени темелите на земјата, кога утринските ѕвезди пееја заедно и сите синови Божји извикуваа од радост. Но, луѓето ги прекршиле правилата што Бог ги дал во врска со овие институции и си нанесоа осуда и несреќа“. – The Signs of the Times, October 15, 1896.


Четврток 7. декември

5. ВЕЧНО ТРАЕЊЕ НА ЗАКОНОТ

а. Каков бил Исусовиот став за разводот и повторното стапување во брак по разводот? Марко 10:2–12.

б. Колку долго требаше да се применува законот? Лука 16:13–17.

„Сонцето кое блеска на небото и цврстата земја на која живееме, се Божји докази дека Неговиот закон е непроменлив и вечен. Дури и тие да исчезнат, божествените начела ќе опстојат... Системот на симболи што укажувал на Христа, како на Божјо Јагне требало да се укине при Неговата смрт, но начелата на Декалогот се непроменливи, исто така, како и Божјиот престол“. – Копнежот на вековите, 308.

„Целта на сатаната отсекогаш била да го поништи Божјиот закон и да го изопачи вистинското значење на планот на спасението. Затоа, тој ја измислил лагата дека целта на Христовата жртва на крстот на Голгота била да ги ослободи луѓето од обврската да ги држат Божјите заповеди. Тој го измамил светот со идејата дека Бог го укинал Својот правилник, го отфрлил Својот морален стандард и го поништил Својот свет и совршен закон. Кога би го направил ова, колку тоа би ги чинело жителите на небото! Наместо да прогласи дека законот е укинат, крстот на Голгота громогласно сведочи за неговиот непроменлив и вечен карактер. Ако беше можно законот да се укине и да се одржи Божјото владеење на небото и земјата и неброените светови, Христос не требаше да умре“. – Faith and Works, p. 118.

в. Каков пример ни оставил Исус за да ја потврди вечноста на законот – и како тоа влијае на страната што не го предизвикала разводот на бракот? Лука 16:18.


Петок 8. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што треба да правиме со оглед на фактот дека институцијата брак е нападната во овие последни денови?

2. Која била главната причина што Јован Крстител бил првиот христијански маченик и каква поука тоа претставува за нас денес?

3. Зошто бракот и саботата се поврзани во делото на реформацијата во последните денови?

4. Колку е важно обновувањето на брачната институција?

5. Каков пример имаме дека законот не може да се менува?

 <<    >>