Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 2. декември 2023.

Исус умре со смртта што јас ја заслужувам

„Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото“ (Римјаните 8:3).

„Кога човекот, измамен од сатаната, не го послушал божествениот закон, Бог не можел да го промени законот, дури и за спасение на човечкиот род. Бог е љубов; Неговиот закон е израз на Неговиот карактер. Да се промени Неговиот закон би значело да се одрече од себеси; тоа би ги урнало оние начела од кои зависи благосостојбата на целиот универзум”. – Bible Training School, February 1, 1908.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   3 Сведоштво, 371–380. 

Недела 26. ноември

1. ЗАКОНОТ

а. Според законот за брак, што ја ослободува жената од нејзиниот прв сопруг? Римјаните 7:2; 1 Коринтјаните 7:39.

б. Дали е дозволено некој да го убие првиот брачен другар? Излез 20:13; Јован 8:44.

в. За да се спаси грешникот, зошто мора да се одржува законитоста на законот во планот на спасението? Псалм 85:10; Даниел 9:7.

„Синот Божји станувајќи заменик на човекот и носејќи го проклетството што требаше да падне врз човекот, се заложил заради целиот човечки род дека ќе ја зачува честа на Божјиот закон. Отецот го предал светот во Христови раце, за преку Неговото посредничко дело да го спаси грешникот и целосно да ги оправда барањата на законот. Неговата мисија беше да ги осведочи луѓето во гревот – што е престап на законот, и преку заслугите на Неговата крв и со Негово посредништво да ги врати во состојба на послушност. Христовата жртва овозможила да се одржи законот, а на грешникот да му се прости – не само да се ослободи од моќта на гревот, туку и да се обнови ‘според образот на својот Создател’ (Колосјаните 3:10)“. – Bible Training School, February 1, 1908.


Понеделник 27. ноември

2. ЗАКОНИТОСТА НА СПАСЕНИЕТО

а. Бидејќи е потребна и милост, а законот не може да го обезбеди тоа, што било неопходно за да се случи откупот? Римјаните 8:3,4.

„Без заслугите на крвта на распнатиот и воскреснат Спасител, паднатиот човек никогаш не би можел да ги исполни барањата на законот“. – The Signs of the Times, August 18, 1890.

„Никогаш не сме наговестиле, ниту во проповедите што ги проповедаат нашите проповедници, ниту на илјадниците страници од нашите печатени материјали дистрибуиран низ целиот свет, дека законот има каква било моќ да го спаси грешникот. Напротив, нашите говорници и писатели постојано повторуваа дека законот нема моќ да го откупи престапникот од последиците на неговиот грев“. – The Signs of the Times, July 18, 1878.

„Кога светлината на законот ќе го осуди грешникот, тогаш тој треба да изврши едно дело: да се покае пред Бога поради престапот на Неговиот закон и да покаже вера кон нашиот Господ Исус Христос, заменик и гарант на грешникот. Тогаш простувањето и бесплатниот дар на спасението можат да бидат негови. Но, Исус Христос никогаш нема да спаси некој што го познава Божјиот закон, но во својот живот го престапува“. – The Signs of the Times, March 7, 1878.

б. Додека бевме во ропство на гревот, што стана Исус за да може да биде мој Спасител? 2 Коринтјаните 5:21.

„За да го подигне паднатиот човек, Христос морал да допре до него таму каде што бил. Тој ја зел човечката природа и ги понел слабостите и расипаноста на човечкиот род. Тој, кој не знаеше за грев, стана грев за нас. Тој се понижи себеси до најниските длабочини на човечката беда, за да може да биде квалификуван да допре до човекот и да го издигне од понижувањето во кое го втурнал гревот“. – Selected Messages, bk. 1, p. 268.

„Човековото беззаконие беше положено врз Христа; Тој беше прогласен за престапник за да ги откупи од проклетството на законот... Повлекувањето на божественото лице од Спасителот, во овој час на најтешките маки, го прободе Неговото срце со тага што човекот никогаш не може целосно да ја разбере. Секоја болка претрпена од Божјиот Син на крстот, капките крв што течеа од Неговата глава, Неговите раце и стапала, Неговото тело грчевито во агонија и неискажливата болка што ја исполни Неговата душа кога Отецот го криеше лицето од Него му зборува на човекот, велејќи: Поради Својата љубов кон тебе, Божјиот Син се согласи овие грозоморни злосторства да бидат положени врз Него; поради тебе ја руши власта на смртта и ги отвора портите на рајот и вечниот живот... Оној, кој го зема гревот на себе, ја поднесува казната на законот и станува грев заради човекот“. – The Spirit of Prophecy, vol. 3, pp. 162, 163.


Вторник 28. ноември

3. ГРЕШНА ЧОВЕЧКА ПРИРОДА

а. Опишете ја човечката природа што Исус ја зел врз Себе. Евреите 2:14–18; 7:26; 2 Тимотеј 2:8.

„Размислете за Христовото понижување. Тој ја зел на Себе паднатата и напатената човечка природа, понижена и извалкана од гревот. Тој ги зеде нашите таги, носејќи ја нашата тага и срам. Тој ги издржа сите искушенија со кои се соочува човекот. Тој го соедини човештвото со божественоста; божествениот дух живееше во храмот на телото“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1147.

„За Божјиот Син би било скоро бескрајно понижување да ја земе на Себе човечката природа, дури и тогаш, кога Адам сѐ уште бил невин во Едем. Меѓутоа, Исус примил на Себе човечки облик во времето кога човечкиот род бил ослабнат од гревот, кој постоел веќе четири илјади години. Како секое Адамово дете, Тој ги примил последиците од влијанието на големиот закон на наследството. Какви биле тие последици тоа го покажува историјата на Неговите земни предци. Со такво наследство Тој дошол да учествува во нашите страдања и искушенија и да ни даде пример на безгрешен живот“. – Копнежот на вековите, 49.

„Да не беше целосно човек, Христос не можеше да биде наша замена. Тој не можеше да го постигне во човечката природа она совршенство на карактерот што е привилегија на сите нас да го постигнеме. Тој беше светлината и животот на светот. Тој дојде на оваа земја за да работи во корист на луѓето, за тие повеќе да не бидат под контрола на сатанските орудија. Но, додека ја носеше човечката природа, Тој зависеше од Семоќниот за својот живот. Во Својата човечка природа, Тој цврсто се држеше за божествената природа на Бога; и тоа секој член на човечкото семејство има привилегија да го стори истото. Христос не направи ништо што човечката природа не може да го направи ако земе учество во божествената природа“. – The Signs of the Times, June 17, 1897.

б. Зошто било потребно Исус да ја земе на Себе нашата човечка природа? Евреите 2:10; 7:26.

„Христос беше вистински човек и даде доказ за Својата понизност кога стана човек. Но, Тој беше и Бог во тело“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 904.

„Христос, по неизмерна цена и по таинствена постапка за ангелите и за луѓето, ја зеде на Себе човечката природа. Сокривајќи ја Својата божественост, оставајќи ја настрана Својата слава, Тој се роди како бебе во Витлеем. Во човечко тело Тој живееше според Божјиот закон, за да може да го осуди гревот во телото и да им посведочи на небесните суштества дека законот е даден за живот, за да се осигура среќата, мирот и вечното добро на сите што се покоруваат“. – The Youth’s Instructor, July 20, 1899.


Среда 29. ноември

4. СОВРШЕНСТВО

а. Опишете го Исусовиот живот додека бил на земјата. Филипјаните 2:5–8; Лука 2:51,52.

„Господовото мерило за праведност останува цврсто како и Неговиот вечен престол. Тоа е Неговиот свет закон, и бидејќи ниту еден пропис од овој закон не можел да се смени за да се прилагоди на човекот во неговата падната состојба, Отецот се согласил да му даде на Својот единороден Син да умре. Да се укине законот? – Не; туку да се спаси грешникот. Крстот на Голгота е непобитен аргумент за вечноста на Јеховиниот закон. Кога големиот Учител ја одржал Својата проповед на гората, покажувајќи ја непроменливоста на Божјиот закон, Тој го објаснуваше законот што Самиот го дал“. – The Review and Herald, March 21, 1893.

„Како што жртвата принесена заради нас била целосна, така и ние мораме целосно да се исчистиме од нечистотијата на гревот. Нема ниедно безбожно дело кое законот нема да го осуди; нема ниедна неправда која ќе ја избегне неговата осуда. Христовиот живот е совршено исполнување на сите прописи на законот. Тој рекол: ‘Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец’ (Јован 15:10). Неговиот живот за нас претставува пример за покорност и служба“. – 8 Сведоштво, 312.

„Непријателството помеѓу семето на змијата и семето на жената било натприродно. Во Христа тоа непријателство беше во една смисла природно; во друга смисла тоа беше натприродно, бидејќи човештвото и божественоста беа комбинирани. И тоа непријателство никогаш не достигнало толкав степен како кога Христос стана жител на оваа земја. Никогаш порано немало суштество на земјата кое го мрази гревот толку длабоко како Христос. Тој ја видел неговата измамничка, влијателна моќ врз светите ангели и сите Негови сили биле ангажирани против гревот“. – Selected Messages, bk. 1, p. 254.

б. Опишете го нивото на Христовото совршенство. Евреите 4:14–16; 1 Петрово 2:21–24.

„Никој не е лишен од можноста во својот делокруг да постигне совршенство на христијанскиот карактер. Со Христовата жртва на секој верник му е овозможено да прими ‘сè што му е потребно за животот и побожноста’. Бог нè повикува да го постигнеме високото мерило на совршенството, а како пример за тоа ни го дава Христовиот карактер. Во својата човечка природа, усовршена со живот на постојано противставување на злото, Спасителот покажал дека човечките суштества можат и во овој живот, соработувајќи со божествената сила, да постигнат совршенство на карактерот. Тоа е Божја гаранција за нас дека и ние исто така можеме да се здобиеме со целосна победа“. – Делата на апостолите, 531.


Четврток 30. ноември

5. ТРАНСФОРМАЦИЈА

а. Што се случува кога ќе ја прифатиме Христовата смрт заради нас во нашата грешна човечка природа? 2 Коринтјаните 5:17.

„Неискажаните страдања низ кои минувал тогаш биле предизвикани не само од мачното чувство и од последиците на четериесетдневното гладување; најмногу од сè го притискала вината за гревовите на светот која ја презел на Себе“. – 3 Сведоштво, 372.

„На човекот му е потребна сила, надвор и над неговите можности, која ќе го обнови во него Божјиот лик; но бидејќи му треба божествена помош, тоа не ја прави човечката активност неважна. Од наша страна се бара вера, бидејќи верата делува преку љубовта и ја прочистува душата. Верата се држи за Христовата доблест. Господ не сака човечката сила да биде умртвена; но соработувајќи со Бога, силата на човекот може да биде делотворна на добро. Бог не планирал нашата волја да биде уништена; затоа што токму преку оваа особина треба да ја вршиме работата што Тој сака да ја вршиме и дома и во странство“. – Selected Messages, bk. 1, pp. 375, 376.

б. Што се случува со човечкото срце при оваа промена? Езекиел 36:26,27.

„Откупнината што ја плати Христос е доволна за спасение на сите луѓе; но ќе им користи само на оние кои стануваат нови созданија во Исуса Христа, лојални поданици на вечното Божјо царство. Неговото страдање нема да го заштити од казна непокајаниот, непослушниот грешник. Човекот мора да соработува со божествената сила и да го вложи својот човечки напор да го покори гревот и да стои ‘совршен во Христа’. Христовото дело било да го обнови човекот во неговата првобитна состојба, да го исцели преку божествената сила. Човечкиот дел е со вера да се држи за Христовите заслуги и да соработува со божествените орудија во формирање на праведен карактер“. – North Pacific Union Gleaner, February 17, 1909.


Петок 1. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е толку важно да се одржува валидноста на Божјиот закон?

2. Зошто Исус мораше да стане грев (првиот маж) за да обезбеди спасение за човечкиот род?

3. Опишете ја Христовата човечка природа.

4. Каков живот живеел Христос во грешната човечка природа?

5. Како се преобразува грешното човечко срце?

 <<    >>