Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 4. ноември 2023.

Поблажено е да се дава отколку да се прими

„Тогаш Господ рече: ‘Кој е тој верен и разборит управител, кого го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им ја дава потребната храна навреме? Блазе на тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, ќе го затекне така да постапува! Вистина ви велам дека тој ќе го постави него над целиот свој имот’“ (Лука 12:42–44).

„Покрај овие систематски и редовни давања, имало и посебни потфати кои биле помагани со доброволни прилози, како што се подигнување на скинијата во пустината и изградба на храмот во Ерусалим. Сето тоа Бог го барал од Израелците поради нивно добро, а и поради одржување на Неговата служба“. ¬– 4 Сведоштво, 467.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Counsels on Stewardship, pp. 65–68. 

Недела 29. октомври

1. РАБОТА ПОД ПРОКЛЕТСТВО

а. Што им се случило на Евреите додека го граделе храмот? Агеј 1:2–11.

б. Како Бог гледа на задржувањето на десетоците и приносите, кои се резултатите — и зошто тоа завршува како проклетство? Излез 20:15; Малахија 3:8,9; Второзаконие 8:18; Изреки 10:22.

„Оние кои себично ги задржуваат своите средства, не треба да бидат изненадени ако Божјата рака го расфрла нивниот имот. Она што требаше да биде посветено на унапредување и ширење на Неговото дело, но беше задржано, може да се одземе на различни начини. Господ ќе ги посети таквите со Своите казни. Многумина континуирано ќе имаат само загуби. Бог може да ги растури средствата што им ги позајмил на Своите управители, ако тие одбијат да ги искористат за Негова слава. Некои можеби никогаш нема да имаат такви загуби за да ги потсетат на нивната неисполнета должност; но нивните случаи може да биде побезнадежни“. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1183.

в. Што е неопходно за да се дојде до промена? Агеј 1:7; Малахија 3:7.


Понеделник 30. октомври

2. ПОРАКАТА НА ИЛИЈА

а. Зошто треба да го проучуваме животот на Илија? Малахија 4:5,6.

„Оние кои треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање се претставени како верниот Илија, како што и Јован дошол во Илиин дух за да го подготви патот за првото Христово доаѓање“. ¬– 3 Сведоштво, 62.

б. Како давањето претставува суштински дел од животворната порака? 1 Царевите 17:13–16.

„Не може да се замисли поголемо испитување на верата од ова. Вдовицата и до тогаш била љубезна и дарежлива кон сите странци. А сега без разлика на страдањата кои би можеле да произлезат за неа и за нејзиниот син, надевајќи се на Бога, ја прифатила оваа најголема проба. ‘Таа отиде и направи како што и рече Илија’...

Вдовицата од Сарепта ја поделила со Илија последната корка леб и со тоа Бог го сочувал нејзиниот и животот на нејзиниот син“. ¬– Пророци и цареви, 130,131.

в. Зошто Бог им дава имот на луѓето — вклучувајќи ги и сиромашните? Марко 10:21,22; Лука 21:1–4.

„Бог им дава за да им дадат на другите“. ¬– The Signs of the Times, October 31, 1900.

„Господ понекогаш ги испитува припадниците на Својот народ, давајќи им напредок во земните добра. Нивниот имот, нивното време, нивната сила и нивните предности — сето тоа се Негови дарови. За сето тоа тие ќе мораат да полагаат сметка на Оној кој им го дарувал сето тоа. Ускратувајќи ја очевидно неопходната помош на загрозените браќа, кога веќе сме ги задоволиле своите потреби, ние ја занемаруваме должноста која јасно е откриена во Божјата реч. Тој постојано ни дава великодушно за и ние да даваме на другите. Дарежливоста ја победува себичноста, а душата ја облагородува и ја чисти од грев. Затворајќи ги своите очи да не ги видат потребите на Божјото дело и занемарувајќи го гласот на должноста да ги нахранат гладните и да ги облечат голите, многумина ги злоупотребуваат своите од Бога дадени таленти. Додека тврдат дека се Божји деца, тие едвај чекаат да ги вложат своите средства во некои земски потфати за да имаат изговор што во дарови и приноси не му ги враќаат на својот Дародавец. Тие забораваат на својата од Бога одредена мисија, и доколку и понатаму продолжат да се раководат според желбите на своето себично срце, трошејќи го драгоценото време и пари на задоволување на својата горделивост, Бог ќе дозволи да доживеат неуспех во своите планови и тие ќе ги почувствуваат ударите на немаштија поради својата неблагодарност. Своите таленти Тој ќе им ги довери на поверни повереници, кои ќе ги признаваат Неговите барања и Неговите права“. ¬– 4 Сведоштво, 619.


Вторник 31. октомври

3. ПРЕИНАЧУВАЊЕ НА ПРОКЛЕТСТВОТО

а. Дали постои начин да се смени проклетството? Малахија 3:10–12.

„Некои што не постапувале чесно со своите ближни, и ги признаа своите гревови и ја надоместија штетата. Во следните неколку седмици некои што не беа исправни во своите должности кон Бога заради што се одвоиле од Него, почнаа да го надоместуваат она што го задржале. Еден брат не давал десеток две години. Тој на секретарот на Областа му дал чек за десетокот што го задржувал и за каматата во износ од 571,50 долари. Му благодарам на Господа што тој брат имаше храброст да го направи тоа. Другиот брат даде чек од 300 долари. Еден човек кој толку отпадна од Бога што имаше малку надеж дека повторно ќе тргне по исправниот пат, даде чек од 1.000 долари“. ¬– 5 Сведоштво, 643.

б. Какви ќе бидат последиците ако десетокот не оди таму каде што треба? Неемија 13:10.

„Некои беа незадоволни и кажаа: ‘Нема повеќе да давам десеток бидејќи немам доверба во луѓето кои се наоѓаат во срцето на делото и ракуваат со тој десеток’. Но, треба ли да го крадете Бога затоа што сметате дека со делото не се управува добро? Причините за своето незадоволство треба отворено, јасно и во христијански дух да ги изнесете на оние на кои тоа се однесува. Барајте работите да се исправат и да се стават на свое место, но немојте да крадете од Божјиот дел и да се покажете неверни затоа што други не постапуваат правилно“. ¬– 9 Сведоштво, 249.

в. Што е Божја ризница и кој бил задолжен за неа? Неемија 13:10–13.

„Десетокот е свет и Бог го задржува за Себе. Десетокот треба да се донесе во Божјата ризница, со него да се издржуваат евангелските работници во својата работа. Веќе долго време од Господа се краде десетокот затоа што има луѓе кои не сфаќаат дека тоа е дел кој му припаѓа Нему.

Меѓутоа, голема грешка се прави ако десетокот не се употребува за тоа за што е неменет — за издржување на проповедниците. Денес би требало да има стотина способни работници во полето во кое работи само еден“. ¬– 9 Сведоштво, 248.


Среда 1. ноември

4. СОПСТВЕНОСТ

а. Како го гледаме принципот на давање како признавање за Божјата сопственост во историјата на Едемската градина? Создавање 2:15–17; Левитска 27:30.

„Господ во Едем создал секакви дрва пријатни за гледање и добри за јадење и им заповедал на Адам и Ева слободно да ги уживаат Неговите дарови. Сепак, направил еден исклучок. Не смееле да јадат од дрвото на познавање на добро и зло. Тоа дрво Бог го издвоил како постојан потсетник дека Тој е сопственик на сè. Со тоа им дал прилика да ја покажат својата вера и доверба во Него со совршена послушност кон Неговите заповеди”. ¬– 6 Сведоштво, 386.

б. За кого бил издвоен десетокот – и иако морале да научат занает, зошто немале време да го развијат? Второзаконие 18:1,2; Броеви 18:20–24.

„Десетокот му припаѓа на Господ и оние кои неповикани ракуваат со него ќе бидат казнети со губење на небесните богатства, освен ако не се покаат. Не дозволувајте Господовото дело да продолжи да се ограничува со злоупотреба на десетокот за други цели од она што самиот Бог го одредил. Средствата за другите гранки на делото треба да се обезбедат на друг начин. И тие треба да бидат поддржани, но не од десетокот. Бог не се променил; десетокот сѐ уште треба да се користи за издржување на проповедниците и библиските работници. Отворањето нови полиња бара значително повеќе проповеднички сили отколку што имаме сега, и затоа потребните средства мора да се најдат во ризницата”. ¬– Gospel Workers, pp. 227,228.

„Тој (Бог) го предава Своето богатство во рацете на луѓето, но бара од тоа верно да се одвојува десеток за Неговото дело. Тој бара овој дел да се стави во Неговата ризница. Тоа треба да Му се предаде Нему како Негова своина; тоа е свето и треба да се користи на свети цели за издржување на оние кои ја носат веста на спасение во сите делови на светот. Тој го резервирал овој дел за себе за да може постојано да дотекуваат средства во Неговата ризница и за да може светлината на вистината да се однесе на оние кои се близу и на оние кои се далеку. Извршувајќи го верно ова барање, ние признаваме дека сè Му припаѓа на Бога”. ¬– 6 Сведоштво, 386.

„На Мене ми е дадена една мошне јасна и одредена вест за нашиот народ. Наложено ми е да им кажам на луѓето дека е грев да се троши десетокот во некои други цели кои, иако се добри сами по себе, не се тие за кои Господ предвидел да се троши десетокот.

Тие што така го трошат десетокот се оддалечуваат од Господовиот план. Бог ќе им суди заради тоа”. ¬– 9 Сведоштво, 248.


Четврток 2. ноември

5. СЛУЖБА

а. Кој требаше да биде со левитите при собирањето на средствата? Неемија 10:38.

б. Како десетокот од локалното богослужение ја поддржува работата во Ерусалим? Броеви 18:26–28.

„Тој (Бог) го предава Своето богатство во рацете на луѓето, но бара од тоа верно да се одвојува десеток за Неговото дело...

Зар Господ нема право ова да го бара од нас? Зар не го дал Својот Единороден Син затоа што нè љубел и сакал да нè спаси од смртта? И зар нашите благодарни жртви не треба да пристигнуваат во Неговата ризница, за на тој начин да се унапредува Неговото царство на земјата. Бидејќи на Бога Му припаѓа сè што имаме, не треба ли нашата благодарност кон Него да нè мотивира да Му принесуваме доброволни дарови и дарови на благодарност, признавајќи со тоа дека Тој е сопственик на нашата душа, тело, дух и имот? Ако се постапувало според Божји план, денес средства би се приливале во Неговата ризница со што на проповедниците би им било овозможено да отвораат нови полиња и работници би им се придружиле на проповедниците во напорите знамето на вистината да се издигне во мрачните делови на Земјата”. ¬– 6 Сведоштво, 386.

в. Како се применува ова начело во христијанската ера и каков ќе биде резултатот ако сме верни во давањето? 1 Коринтјаните 9:11–14; 2 Коринтјаните 9:6,7.

„Прилозите што се барале од Евреите за верски и доброволни цели

изнесувале полна четвртина од целокупните нивни приходи. Можело да се очекува толку високите дажбини да го осиромашат народот; но напротив, верното исполнување на овие прописи всушност претставувало еден од условите на нивниот напредок и благосостојба”. ¬– Патријарси и пророци, 527.


Петок 3. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што предизвикува задржувањето на десетокот и приносите во животот на поединецот?

2. Што можеме да научиме од животот на Илија во врска со важноста на давањето?

3. Како може проклетството да се измени?

4. За кого десетокот бил посебно резервиран?

5. Дали десетокот и приносите биле наменети само за локалните богослужби?

 <<    >>