Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
  Сабота, 4. ноември 2023.

Дар во првата сабота за Библиски лекции за мисиите

Можете ли да замислите да присуствувате на саботно училиште каде што никој од присутните нема Библиска лекција? Иако денес може да се пристапи до лекциите на различни начини –електронски уреди, интернет и така натаму – некои од овие опции се недостапни во многу мисии и до многу ученици од саботните училишта во неколку земји.

Годините на глобалната пандемија предизвикаа огромни тешкотии во дистрибуцијата на Библиските лекции во многу земји поради трошоците за печатење на лекциите како и транспортот на материјалите преку границите. На пример, има места каде што поштенските услуги се целосно укинати на долго време, па некои Пацифички острови не можат да ги добијат лекциите повеќе од две години.

Исто така, во многу земји на африканскиот континент, границите беа затворени, па изгледаше невозможно да се испратат лекции во повеќето од тие земји. Бог беше милостив кон нашите браќа и ги отвори прозорци кога вратите беа затворени. Сите поштенски услуги беа укинати, но имаше меѓународни експресни услуги како што е DHL и други специјализирани услуги за испорака беа во функција. Иако цената на поштарината драстично се зголеми, ние сме благодарни што можеме да ги испратиме лекциите на повеќето наши браќа во африканските земји.

Ние сме му благодарни на Господ што многу граници почнаа да се отвораат минатата година. Сега имаме можност да им помогнеме на мисиите повторно да ги добијат своите Библиски лекции.

„Единството е сила, неслогата е слабост. Ако тие што ја исповедаат сегашната вистина бидат сложни, тие ќе имаат успешно влијание“ – 5 Сведоштво, 236.

Бидејќи сите заедно ги учиме истите лекции, полесно ќе ја оствариме оваа цел.

Ве молиме земете ја во предвид оваа работа и дарувајте великодушно за да може секоја душа во мисиите да има пристап до Библиските лекции и да можеме да учиме заедно, за да растеме духовно и да бидеме подготвени за брзото доаѓање на Господ.

Бог богато да ве благослови вас и вашиот дар исто како што ја благословил вдовицата и нејзините две лепти дадени за Господовото дело!

Одделот за издавачка дејност на Генералната конференција

 <<    >>