Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 16. декември 2023.

Додека смртта не нѐ раздели

„Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува“ (Матеј 19:6).

„Секоја одлука за стапување во брак треба внимателно да се разгледа, затоа што тоа е чекор кој се прави за цел живот. И мажот и жената треба внимателно да размислат дали во животната променливост ќе останат верни еден на друг до крај“. – Адвентен дом, 340.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 433–450. 

Недела 10. декември

1. СТАНУВАЊЕ ЕДНО ТЕЛО

а. Како фарисеите се обиделе да го измамат Исуса во врска со развод и повторното стапување во брак? Матеј 19:1–3.

б. Кое морално начело го користел Исус за да ја објасни Својата позиција? Матеј 19:4.

„Централната тема на Библијата, темата околу која се вртат сите останати во целата книга, е планот на откупувањето, обновувањето на Божјиот лик во човечката душа. Од првото навестување на надеж во судот изречен во Едем, до последното славно ветување во Откровението: ‘И ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нивни’ (Откровение 22:4), тежината на секоја книга и секој пасус од Библијата е развојот на оваа прекрасна тема – воздигнувањето на човекот – моќта Божја, ‘Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос’“. – Lift Him Up, p. 56.

в. Како Исус покажал дека кога еден пар е во брак, заедницата е доживотна? Матеј 19:5,6.


Понеделник 11. декември

2. ЗАВЕТ СО БОГА

а. Како Бог гледа на разводот, покажувајќи дека целовитоста на семејната заедница е важен дел од Божјиот план? Малахија 2:16.

„Божествената љубов, која произлегува од Христа, никогаш не ја уништува човечката љубов, туку ја вклучува во себе таа човечка љубов, усовршена и прочистена. Со него човечката љубов се издигнува и облагородува. Преку неа човечката љубов се издигнува и облагородува. Човечката љубов никогаш не може да ги донесе своите скапоцени плодови додека не се соедини со божествената природа и не се обучи да расте кон небото. Исус сака да види среќни бракови, среќни огништа. Топлината на вистинското пријателство и љубовта што ги врзува срцата на мажот и жената се предвкус на небото“. – In Heavenly Places, p. 202.

б. Како законското ветување при бракот дека ќе биде вистинска семејна заедница, влијае на брачниот другар дури и по разводот, и кого вклучува ова ветување освен парот? Малахија 2:13–15; Дела 2:16,17.

„Семејните врски се најсилни, најнежни и најсвети од сите на Земјата. Семејството е замислено да биде благослов за човештвото. И навистина е благослов секаде, каде што во брачниот завет се влегува разумно, со страв кон Бога и вистинско разбирање за неговите должности“. – Здравје и среќа, 356.

в. Како Евреите одеднаш тврделе дека им веруваат на пророците? Матеј 19:7.

„Фарисеите тврделе дека Христовото учење е спротивно на законот што Бог им го дал преку Мојсеј. Тоа обвинување го негирало упатството кое Тој му го дал на излекуваниот губавец да принесе дар според законот. Тоа било доволно сведоштво за секој што сакал да се осведочи“. – Копнежот на вековите, 265.

„Бог или ја поучува црквата, ги укорува и осудува нејзините престапи и ја јакне нејзината вера, или не. Ова е Божје дело, или не е. Бог не работи во партнерство со сатаната. Мојата работа во последните триесет години го носи Божјиот печат, или печатот на непријателот. Овде нема ништо половично, никаква спогодба. Сведоштвата се дело на Божјиот Дух, или пак дело на непријателот. Ти или работиш за Бога или за ѓаволот. ‘По нивните родови ќе ги познаете’. Каков или чиј печат носи твоето дело? Резултатите на твојата работа треба навистина критички да се разгледаат“. – 4 Сведоштво, 230.


Вторник 12. декември

3. ДОЗВОЛАТА

а. Што всушност напишал Мојсеј за разводот и повторното стапување во брак – и како знаеме дека оваа нечистотија не се однесува на блуд пред брак или на прељуба? Второзаконие 24:1–4; 22:20,21; Левитска 20:10.

б. По добивањето на писмото за развод, жената не може од која било причина повторно да се омажи за првиот сопруг откако се омажила за друг. Како зборот „оскверниш“ покажува дека тоа сè уште се сметало за грев? Левитска 18:20.

в. Зошто Бог им дозволил вакво нешто на Израелците кога тоа не била Негова волја? Езекиел 20:24,25; 14:1–5; Матеј 19:8.

„Од моментот кога беше отфрлена првата порака, се случи тажна промена во црквите. Вистината е отфрлена, заблудата се прима и негува. Љубовта кон Бога и вербата во Неговото слово станаа ладни. Црквите го ожалостиле Господовиот Дух и Тој во голема мера се повлече од нив. Зборовите на пророкот Езекиел се ужасно применливи: ‘Сине човечки, овие луѓе дозволија своите идоли да си ги стават во срцата свои, се соблазнија со своето бесчестие: можам ли да им одговорам?... Па зар Јас, Господ, можам ли, при толку многу идоли, да му дадам одговор“ (Езекиел 14:3,4). Луѓето не смеат да им се поклонуваат на дрвените и камени идоли, но сите што ги сакаат световните работи и уживаат во неправедноста, подигаат идоли во своите срца. Повеќето од оние што се изјаснуваат како христијани им служат и на други богови освен на Бога. Се негуваат гордоста и раскошот, во светилиштето се поставуваат идоли, а неговите свети простории се осквернети.

Од дамнина, Господ им рекол на Своите слуги во врска со Израел: ‘Водачите на овој народ ќе го доведат во заблуда, а водените од нив ќе загинат’ (Исаија 9:16). ‘Пророците пророкуваат лага, свештениците господарат преку нив – и Мојот народ го сака тоа. Но што ќе правите на крајот?’ (Еремија 5:31)“. – The Spirit of Proph¬ecy, vol. 4, pp. 237, 238.

„Ако го љубиме светот и уживаме во неговите неправди, или пак учествуваме во бесплодните дела на мракот, пред себе сме ставиле нешто на кое ќе се сопнеме и во своето срце сме поставиле идоли. И доколку не ги искорениме со одлучни напори никогаш нема да бидеме признати како вистински синови и ќерки на Бога“. – 5 Сведоштво, 164.


Среда 13. декември

4. ВТОРИОТ БРАК Е ПРЕЉУБА

а. Како Исус покажува дека кога некое лице се разведува поради други причини освен неверство на брачниот завет, лицето што се разведува е всушност одговорно за прељубата што може да следи? Матеј 5:31,32.

б. Како се доаѓа до истиот заклучок во горната дискусија со фарисеите кога се фокусираме на последниот дел од стихот? Матеј 19:9 (последен дел).

в. Како знаеме дека Исус не вовел дозвола за развод и повторна венчавка кога брачниот другар е сè уште жив, и како треба да гледаме на доказите? 1 Коринтјаните 7:10,11.

„Многумина со страв и сомневање ја примаат Господовата реч упатена преку Неговите слуги. А многумина повторно одложуваат да ги послушаат дадените опомени и укори сè додека од нивните мисли и сфаќања не исчезне и последната сенка на неизвесност. Неверството кое бара некое посовршено спознавање, никогаш нема да ги усвојат доказите кои Бог толку очевидно ги дава. Тој од припадниците на Својот народ очекува да ја засноваат својата вера врз основа на тежината на доказите, а не на некое совршено знаење. Прифаќајќи ја светлината која Бог им ја испраќа, Христовите следбеници се покоруваат на гласот кој Бог им го упатува и тогаш кога мноштвото гласови викаат спротивно на тоа. Потребна е духовна остроумност за да се препознае Божјиот глас.

Оние кои не преземаат никаква активност тогаш кога Бог ги повикува на тоа, туку очекуваат појасни докази и поповолни прилики, ќе продолжат да одат во темнина, бидејќи Бог ќе ја повлече Својата светлина. Ако се отфрлат очевидните докази еден ден, можеби веќе никогаш нема да се повторат“. – 3 Сведоштво, 258.

„Во однос на разводот, не сум подготвена да кажам ништо. Таа ја има сета светлина што можев да и ја дадам, и бескорисно е постојано да го поставувам ова прашање пред неа, кога таа е цврсто решена да го следи сопствениот суд. Ме праша дали мислам, ако те остави жена ти, дека треба повторно да се ожениш. Јас би рекла дека ако некој кој ги разбира сите околности реши да се омажи за тебе, нема да имам никакви замерки, ако не си бил во брак. Меѓутоа, не сум целосно подготвена да проценам дали, од библиска гледна точка, би можел повторно да се омажиш. (Човекот на кој му беше упатено писмото беше евнух.) Мојот ум е толку целосно зафатен што не можам да размислувам за ова мачно прашање за бракот и разводите. Посакувам да можам да ти помогнам, но тоа, се плашам, не е можно“. – Manuscript Releases, vol. 13, p. 296.


Четврток 14. декември

5. ДОЖИВОТНА ВРСКА

а. За оние кои го знаат законот, колку долго парот останува во брак и зошто брачниот завет е толку цврст? Римјаните 7:1–3; Второзаконие 23:21,22.

„Во мислите на младите, бракот обично е завиткан со романтика и многу е тешко да се симне од него тој волшебен превез со кој го обвиткува фантазијата и да им се предочат реално тешките одговорности кои брачниот завет ги донесува со себе. Тој завет ја поврзува судбината на двете личности со такви врски кои ништо не би смеело да ги раскине до самата смрт“. – 4 Сведоштво, 506.

б. Како реакцијата на учениците ја зацврстува идејата дека бракот е доживотен – и зошто треба да заземеме таква позиција денес? Матеј 19:10–12.

в. Што е потребно за да се задржи семејството заедно? Римјаните 5:20.

„Христовата милост, и само таа, може да направи оваа институција да биде она што Бог одредил да биде — средство за благослов и издигање на човечкиот род. И така, семејствата на земјата, во своето единство, мир и љубов, можат да го претставуваат небесното семејство.

Денес, како и во деновите на Христа, состојбата во општеството претставува тажна спротивност во однос на небесниот идеал за оваа света врска. Но, дури и на оние кои вкусиле само горчина и разочарување, таму каде очекувале пријателство и радост, Христовото Евангелие им нуди утеха. Трпението и нежноста, која може да ја всади Неговиот Дух, ќе ја засладат горчливата судбина. Срцето во кое живее Христос ќе биде толку исполнето и толку задоволно од Неговата љубов така што нема да обземено со желба да привлече сочувство и внимание на себе. Кога душата ќе му се предаде на Бога, Неговата мудрост ќе го направи она што човечката мудрост не успеала. Срцата кои некогаш биле рамнодушни или отуѓени, можат преку откривањето на Неговата милост да се поврзат со златни врски на љубов, поцврсти и потрајни од секоја земна врска, која ќе одолее на сите искушенија“. – Мисли од гората, 65.


Петок 15. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто брачниот завет е доживотен завет?

2. Зошто Бог го мрази разводот?

3. Зошто Бог сепак дозволува одредени работи откако тој експлицитно го објавил Својот закон?

4. Зошто прељубата се смета за прељуба додека двете страни сѐ уште се живи?

5. Зошто и како треба да го одржуваме семејството заедно?

 <<    >>