Back to top

Sabbath Bible Lessons

Да се живее Христијански живот - Ризници на Вистината (IV)

 <<    >> 
13. лекција Сабота, 30. декември 2023.

Развивање на чиста совест

„Тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог“ (Евреите 9:14).

„Искушенијата често се чинат неодоливи затоа што се занемарува молитвата и проучувањето на Библијата и тогаш оној што се искушува не може веднаш да се сети на Божјите ветувања и на сатаната да му се спротивстави со библиско оружје“. – Големата борба, 599.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 197–210. 

Недела 24. декември

1. ТЕМЕЛ НА ВЕРАТА

а. Кој е темелот на христијанската вера? 2 Тимотеј 3:16,17.

„Христос го повикува Својот народ да верува во Неговото Слово и да живее според него. Оние кои ќе го примат и усвојат тоа Слово, така што тоа ќе стане составен дел на секој нивна активност и на целото нивно суштество, ќе станат силни во Божјата сила. Ќе се види дека нивната вера е со небесно потекло. Тие нема да скршнуваат на погрешен пат. Нивниот дух нема да скршне во некоја религија на сентименталност и возбудливост. Тие пред ангелите и пред луѓето ќе стојат како оние кои имаат цврст и постојан христијански карактер.

Во златната кадилница на вистината, како што е претставено во Христовото учење, го имаме тоа што ќе ги осведочи и обрати душите. Вистината изложувајте ја во Христова едноставност заради чие објавување Тој дошол на овој свет и силата на вашата порака ќе се почувствува сама од себе. Немојте да изнесувате теории и докази кои Христос никогаш не ги споменал и кои немаат темел во Библијата. Ние имаме големи и свети вистини и тоа треба да го објавуваме. „Пишано е“ — тоа е доказот кој треба да ја убеди и да ја осведочи секоја душа“. – 8 Сведоштво, 300.

б. Што е потребно во врска со вредното проучување на Библијата? Матеј 26:41; 1 Солунјаните 5:18 (прв дел).


Понеделник 25. декември

2. ПРЕДАНОСТ

а. Што е потребно за да се има вистинско христијанско искуство? Јаков 4:7 (прв дел); Лука 9:23.

„Борбата против самиот себе е најголемата борба што кога и да е се водела. Откажувањето од самиот себе, комплетното прифаќање на Божјата волја, не оди без борба; но душата мора да му се покори на Бога пред да може да се препороди и да стане света“. – Патот кон Христа, 43.

„Ние треба да водиме борби секој ден. Помеѓу кнезот на темнината и Кнезот на животот се води голема борба за секоја душа“. – The Review and Herald, July 19, 1892.

„Кога душата ќе му се предаде на Христа, тогаш со новото срце владее нова сила. Се извршува промена која човекот со свои сили никогаш не може да ја оствари. Тоа е целосно натприродно дело, кое внесува еден натприроден елемент во човечката природа... Но ако не се предадеме под контрола на Христа, над нас ќе владее злиот. Неминовно мораме да бидеме под власт на едната или на другата голема сила, кои се борат за превласт во светот. Не е неопходно да избереме служба на царството на темнината за да потпаднеме под нејзина власт. Доволно е само да занемариме да се соединиме со царството на светлината. Ако не соработуваме со небесните сили, сатаната ќе го заземе срцето и ќе го направи свое живеалиште. Единствена одбрана против злото е Христос да престојува во срцето преку вера во Неговата праведност“. – Копнежот на вековите, 324.

б. До кој степен треба да се одржи оваа посветеност? Откровение 2:10.

„Еден друг кнез, земајќи го перото во рацете, рекол: ‘Кога се работи за честа на мојот Господ Исус Христос подготвен сум да го дадам... животот и имотот’. ‘Побргу ќе се откажам од моите поданици и мојата положба, со задоволство ќе ја напуштам мојата татковина со стап в рака’, продолжил тој, ‘отколку да се согласам да прифатам поинаква наука од онаа што ја содржи оваа изјава’ (Исто, b. 14, ch. 6). Таква била верата и бестрашноста на овие Божји луѓе“. – Големата борба, 207.

„Дури една погрешна црта на карактерот, една негувана грешна желба може по одредено време да ја неутрализира сета сила на евангелието. Преовладувањето на грешната желба ја покажува измаменоста на душа. Секое попуштање на таа желба ја засилува душата во нејзината одбивност кон Бога. Неволите во вршењето на должноста и задоволствата на гревот се јажиња со кои сатаната ги врзува луѓето во своите стапици. Како верни ќе се покажат само тие што попрво би умреле отколку да направат некое погрешно дело“. – 5 Сведоштво, 53.


Вторник 26. декември

3. ПОЧИТУВАЊЕ НА АВТОРИТЕТОТ

а. Како треба да се однесуваме кон владините власти и зошто? Евреите 13:17; Римјаните 13:1–7; Даниел 2:20,21.

б. Што треба да прават со таа одговорност сите оние што имаат овластување да владеат? 1 Коринтјаните 11:1.

„Давид својата власт ја добил од Бога и требало да ја користи само

во согласност со Божјите закони. И кога наредил нешто што не било во согласност со Божјиот закон, тогаш било грев да се послуша. ‘Зашто

нема власт што не е дадена од Бога’ (Римјаните 13:1), но ако се налага

нешто што е противно на Божјиот закон, тоа не треба да го слушаме.Апостол Павле во своето послание до Коринтјаните ги изнесува начелатана кои треба да се придржуваме. Тој кажува: ‘Угледајте се на мене,како и јас на Христос’ (1 Коринтјаните 11:1)“. – Патријарси и пророци, 719.

в. Дали тој авторитет се однесува и на совеста на поединецот – односно, на неговиот однос со Бога? Дела 5:28,29; 23:1; 24:16.

„(Кога сведочел во Вормс, Мартин Лутер) реформаторот одговорил: ‘Бидејќи вашето царско височество и кнезовите бараат јасен, едноставен и прецизен одговор, јас ќе го дадам, а тоа е: Не можам својата вера да му ја потчинам ниту на папата, ниту на соборот, бидејќи е јасно како ден дека тие честопати грешеле и противречеле едни на други. Значи, ако не ме убедат со сведоштвото на Библијата, или со јасни образложувања, ако не ме убедат со цитатите кои ги наведов, и ако на тој начин не ја потчинат мојата совест на Божјото слово, јас не можам и не сакам да се откажам, зашто христијанинот се изложува на опасност, ако зборува против својата совест. Овде стојам, и не можам поинаку! Бог нека ми помогне. Амин’“. – Големата борба, 160.

„Кога е во прашање совеста мнозинството нема никаква власт... Должност на државата е да ја штити слободата на совеста, и тука е границата на нејзиниот авторитет кога се во прашање религиозните работи. Секое општествено уредување кое со помош на граѓанските власти се обидува да ги регулира или принудно наметнува верските прописи, го жртвува токму она начело за кое евангелистичките христијани толку благородно се бореле“. – Големата борба, 201.

„Наместо овие злоупотреби, протестантизмот ја издигнува моќта на совеста над световната власт и авторитетот на Божјото слово над

авторитетот на црквата“. – Големата борба, 204.

„Совеста е глас Божји кој го слушаме среде судирот на човечките страсти. Спротивставувајќи ѝ се на истата, ние го жалостиме Божјиот Дух“. – 5 Сведоштво, 120.


Среда 27. декември

4. СОВЕСТА

а. Можеме ли секогаш да и веруваме на нашата совест? Тит 1:15; 2 Тимотеј 4:1,2.

„Но некој може ќе рече: ‘Мојата совест не ме осудува за непридржување на Божјите заповеди’. Но во Божјата Реч читаме дека постои добра и лоша совест, и фактот дека совеста не ве осудува во недржењето на Божјите закони не докажува дека не сте под осуда во Неговите очи“. – Ум, карактер и личност 1, 323.

„Брате мој, твојата душа мора да оживее и твојата вера мора да зацврсне. Ти долго време на различни начини бараше изговор за својата непослушност, така што твојата совест е потполно заспана и повеќе не те предупредува на твоите заблуди и гревови. Саботата веќе толку долго ја празнуваш само тогаш кога тоа одговара на твоите земни интереси и на твојата удобност, така што во својата свест веќе воопшто и не увидуваш дека тоа е погрешно; сепак тоа ниту малку не ја намалува твојата одговорност пред Бога, бидејќи сам си се довел во таква положба. Почни веднаш безусловно да се покоруваш на божествената заповед, а за своите животни потреби потпри се на Него. Не го предизвикувај Неговиот гнев, за да не те стигне ужасна казна. Врати Му се додека не биде предоцна и побарај простување за своите престапи. Тој е богат со добрина и милост и ќе ти го врати Своето одобрување и Својот мир ако Му се обратиш во вера и понизност“. – 4 Сведоштво, 254.

б. Што всадил Бог на чудесен начин за да и помогне на нашата совест? Создавање 3:15; Јован 1:9.

„Кога Адам и Ева биле сместени во едемската градина, тие биле невини и безгрешни, во совршена хармонија со Бога. Во нивните срца немаше вродено непријателство. Меѓутоа, кога тие направиле престап, нивната природа повеќе не била безгрешна. Тие станаа злобни; зашто тие се ставија на страната на паднатиот непријател, правејќи го токму она што Бог наредил да не го прават. Да немаше интервенција од страна на Бога, човекот ќе склучеше цврст сојуз со сатаната против небото...

Сатаната знаел дека, иако успеал да ги натера човечките суштества да згрешат, иако ги навел да поверуваат во неговата лага и да се посомневаат во Бога, иако успеал да ја изопачи човечката природа, сатаната знаел дека е постигнат одреден договор со кој паднатите суштества сè уште ќе бидат способни да дојдат до поволна положба и дека нивната природа ќе се обнови во побожност...

Во изјавата: ‘И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин’, Бог ветил дека ќе воведе ново начело во срцата на луѓето – омраза кон гревот, измамата, изговорите, кон сè она што носи траги од сатаниските лукавства“. – Special Testimonies, Series B, No. 2, p. 6.


Четврток 28. декември

5. СОВЕСТА ТРЕБА ДА СЕ ОБРАЗУВА

а. Дали е можно да се има чиста совест? 1 Тимотеј 1:18,19; 3:9.

„Со отворена Библијата пред вас, консултирајте се со вашиот посветен разум и чистата совест. Вашето срце мора да биде трогнато, вашата душа допрена, вашиот разум и интелект да бидат разбудени од Светиот Дух; светите начела поставени во Неговото слово ќе ја просветлат душата. Ви велам, браќа мои, нашиот вистински извор на мудроста, доблест и моќ е во крстот на Голгота. Христос е Автор и Завршувач на нашата вера. Тој вели: ‘Без мене не можете да направите ништо.’ Исус е единствената сигурна гаранција за интелектуален успех и напредок“. – Medical Ministry, p. 99.

б. Како да се добие чиста совест? Евреите 9:14.

„Предајте и ја својата совест на Божјата Реч и видете дали вашиот живот и карактер се во склад со стандардите на праведноста што Бог ги има откриено преку неа. Тогаш ќе можете да одредите дали имате или немате разумна вера и каква ви е совеста. На човековата совест не може да и се верува доколку не е под влијание на божествената благодат. Сатаната ја користи предноста на непросветлената совест, и со тоа ги води луѓето во секојдневни заблуди, затоа што од Божјата Реч не направиле свој советник. Мнозина измислиле сопствено евангелие на истиот начин како што Божјиот закон го замениле со свој.

Не е доволно човекот сам да мисли дека е сигурен само ако ги следи налозите на својата совест... Прашањето кое треба да се постави е: дали таа совест е во склад со Божјата Реч? Ако не е, не може со сигурност да се следи, бидејќи ќе измами. Совеста мора да биде просветлена од Бога. Мора да се одвои време за проучување на Светото Писмо и да се има време за молитва. Така умот ќе се утврди, ќе зајакне и ќе биде постојан“. – Ум, карактер и личност 1, 323,324.


Петок 29. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како ја утврдуваме христијанската вера во нашите животи?

2. Зошто потчинувањето е сржта на христијанството?

3. Кои се границите на владините и верските власти?

4. Што е потребно за правилно да ја насочиме нашата совест?

5. Како да развиеме чиста совест?

 <<    >>