Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 
  Сабота, 5. август 2023.

Дар во првата сабота за образовниот оддел на ГК

Сега, повеќе од кога било е неопходно да инвестираме во образованието на нашите деца. Бидејќи тие се бомбардирани со работи од овој свет, станува сè потешко да се заштитат од непријателските махинации. Она за што пристапот некогаш беше ограничен, сега е буквално приврзан за нашите деца преку нивните „паметни“ телефони и други уреди. Како можеме да бидеме оспособени да работиме како мисионери кога дури ниту нашите деца не се заштитени од злите влијанија?

„Вистинското образование е обука на мисионерите. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер; ние сме повикани да му служиме на Бога и на нашите ближни; а целта на нашето образование е да се оспособиме за оваа служба“ – Здравје и среќа, 395.

Образовните институции се повеќе се оддалечуваат од учењето на основните принципи и стануваат центри на световна индоктринација, па и полошо од тоа. Многу загрижени родители сфатија колку образованието влијае на нивните деца и се обраќаат кај нас за совет како можат да дојдат до материјали кои ќе им помогнат да ги едуцираат своите деца во чест и слава на Бога. Како резултат на тоа, одделот за образование на Генералната конференција е во процес на создавање на целосна наставна програма фокусирајќи се на оваа цел. Во соработка со нашите едукатори и со помош на разни унии и полски конференции, се работи на создавање на наставна програма за деца од предучилишна возраст до дванаесетто одделение. Развојот на наставната програма е веќе во напредната фаза.

Во исто време, проектот е поголем од сумата што ја имаме на располагање. Потребен ни е вашиот дарежлив придонес за да направиме три работи: да ги подготвиме материјалите од луѓе кои се компетентни, да ги преведеме и да ги направиме достапни дури и за оние што живеат во сиромашни области.

Вашата поддршка ќе ни овозможи да подготвиме материјали со највисок стандард, така што учениците што ги користат во нашата црква и во домашните училишта ќе бидат „квалификувани за корисност во овој и за служба на Бога во текот на вечноста“. - Совети за родителите, учителите и студентите, 495.

Свесни сме дека ова е голем проект, но исто така и вреден за трудот. Знаеме и дека со вашите великодушни дарови ќе направиме материјал кој ќе содржи предмети како што се математика, јазици и општествени науки, и кои ќе ја подготват нашата младина да ја однесе пораката на евангелието до светот.

Однапред ви благодариме, а Господ да ги благослови даровите и дарителите.

Одделот за образование на Генералната конференција

 <<    >>