Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 26. август 2023.

Должност на Заедницата

„Не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“ (Евреите 10:25).

„Секој погрешен чекор што ќе го направат Божјите деца, е знак на недостиг на вера“. – Патријарси и пророци, 657.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Christian Service, pp. 211–214. 

Недела 20. август

1. БАРАЊА

а. Од каде знаеме дека на луѓето, на денот на очистувањето во симболичната служба, не им било судено како група, туку поединечно? Левитска 23:29,30.

б. Како можеме да учествуваме во оваа служба кога Христос ја извршува Својата служба во небесното светилиште? Евреите 11:6; 1 Јованово 5:4.

в. Што треба да се случи со ваквата вера? Римјаните 3:31; Јаков 2:17.

„Бог бара преданост од посветената душа, која со делотворна вера, проникната со љубов, е подготвена да му служи. Тој ни укажува на највозвишениот идеал - потполно совршенство. Христос бара од нас безусловно и целосно да се залагаме за неговото дело во овој свет во онаа мера во која Тој се залага за нас пред Бога“. – Делата на апостолите, 566.

„Многумина можат да се обратат и да станат полезни во животот, преку чудото на Божјата благодат. Презрените и заборавените би можеле сосема да се обесхрабрат и да ѝ се препуштат на тапата рамнодушност; но под влијанието на Светиот Дух, малодушноста, која нивната положба ја прави толку безнадежна, едноставно ќе исчезне. Ослабениот и заматен разум ќе се разбуди. Робот на гревот ќе биде ослободен. Порокот ќе исчезне и незнаењето ќе биде победено. Верата, која работи преку љубовта, ќе го исчисти срцето и просветли разумот“. – Здравје и среќа, 169.

г. Наведете ги конкретни работи што требаше да се направат на денот на помирувањето. Левитска 23:27-30.


Понеделник 21. август

2. ЧИСТЕЊЕ

а. Бидејќи нашиот Првосвештеник врши активна служба на небото (Евреите 10:21; 3:1), какви луѓе се потребни сега на земјата? Евреите 10:22; Тит 2:14.

„Оние што ќе живеат на земјата во времето кога Христовото посредување во небесното Светилиште ќе заврши, ќе мораат да стојат пред светиот Бог без посредник. Нивната облека ќе мора да биде беспрекорна, а нивниот карактер очистен од гревовите со Неговата крв. Со Божја милост и со трудољубиво настојување, мора да бидат победници во борбата со злото. Додека на небото се врши истражен суд и додека од Светилиштето се отстрануваат гревовите на покајаните верни, меѓу Божјиот народ на земјата мора да се изврши посебно дело на чистење и отстранување на гревот“. – Големата борба, 425.

б. Која е нашата природна склоност кога сме без црковно дружење? Второзаконие 12:8; Судии 17:6; Изреки 12:15.

„Ако нашите браќа намерно не доаѓаат на нашите состаноци, ако не мислат на Бога и ако не Го почитуваат, ако не Го прифаќаат како советник и тврдина, наскоро со нив ќе завладеат земни сили и неверство, и суетната доверба во филозофијата ќе стапи на местото на понизната и доверлива вера“. – 5 Сведоштво, 426,427.

„Никогаш не се занимавајте со мислата дека можете да бидете христијани, а сепак да се повлечете во себе. Секој поединец е дел од големата мрежа на човештвото и природата и квалитетот на вашето искуство во голема мерка зависат од искуствата на оние со кои се дружите“. – 7 Сведоштво, 190.

в. Како се чистиме и зошто ова средство за чистење е толку моќно? Јован 15:3. Објаснете како се случува ова. Откровение 1:5; 7:14.

„На небото владее совршен ред, совршена послушност, совршен мир и хармонија. Оние кои не ги почитуваат редот и дисциплината во овој живот не би го почитувале ниту поредокот кој владее на небото. Тие никогаш не можат да бидат примени на небо, бидејќи сите кои ќе се удостојат да влезат во небото уште овде го почитуваат редот и дисциплината. Карактерот формиран во овој живот ќе ја одлучи идната судбина. При Своето доаѓање, Христос нема да го менува карактерот на било кој поединец. Драгоценото време на милост и проба ни е дадено сега за на време да ги испереме облеките на својот карактер и да ги обелиме во крвта на Јагнето. Делото на каење и победа на гревот е доживотна задача. Потребно е секој ден да вложуваме нови напори во поглед на воздржување и самооткажување“. – 4 Сведоштво, 429.


Вторник 22. август

3. СВЕТ СОБИР

а. Која е целта на верските собири? Евреите 10:23,24.

„Изгубивте многу со тоа што не се вклучивте во верските собири, ставајќи се себеси под најздрави влијанија, во каналот на светлината. Скапоцените можности да се сведочи за Христа никогаш не треба да се сметаат за неважни. Дали знаете дека кога припадниците на Божјиот народ се собираат да Му се поклонат, како искрени, активни сведоци, добиваат богат благослов? Тие се Христови претставници и Тој е меѓу нив да ги благослови“. – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 1683.

„Мислете на Господ Исус, Неговите заслуги и Неговата љубов, но немојте да барате недостатоци или да се задржувате на грешките што ги направиле другите. Повикајте ги на ум нештата достојни за ваше признание и ваша пофалба; и ако брзо ги забележувате грешките на другите, бидете уште побрзи да го препознаете доброто и да го пофалите доброто. Ако се критикувате себеси, можеби ќе најдете работи кои заслужуваат подеднаква осуда како што ги забележувате кај другите. Затоа, да работиме постојано да се зацврстуваме меѓусобно во најсветата вера“. – Our High Calling, p. 232.

б. Кога се најпотребни собирите на верниците кои исто веруваат? Евреите 10:25.

„Работете за оние кои стојат без работа, постигнувајќи само половина од она што можат за Господа. Настојувајте да ги освестите за нивната одговорност. Молете се и поттикнувајте еден со друг, и дотолку повеќе како што се наближува денот. Нека брат му рече на брат и сестра на сестра: ‘Дојди, колега мој, да се фатиме сериозно за работа, зашто доаѓа ноќта кога никој нема да може да работи.’ Никој не треба да губи минути во разговор кога би требало да работи“. – Evangelism, p. 653.

в. Со кого треба да се сретнеме и со каква цел? Матеј 18:19,20; Јуда 3.

„Оние на кои им се изнесува веста на вистината ретко се прашуваат: ‘Дали е тоа вистина’; туку прашуваат: ‘Кој станува во нејзина одбрана?’ Повеќето ја ценат според тоа колку луѓе ја прифатиле, но Сепак го поставуваат прашањето: ‘Дали некој од учените луѓе или верските водачи поверувал?’ Денес луѓето не сѐ повеќе наклонети кон вистинската побожност, отколку што биле во Христово време. Тие на ист начин желно копнеат по земни добра, запоставувајќи го вечното богатство. Затоа не е никаков доказ против вистината тоа што повеќето луѓе не сакаат да ја прифатат или што не ја прифатиле големите луѓе на овој свет, па дури ни верските водачи“. – Копнежот на вековите, 459,460.


Среда 23. август

4. МАЧЕЊЕ НА ДУШАТА

а. Кој е единствениот начин на кој можеме да ги издржиме неволјите на овој свет? Евреите 12:2; 3:1.

„’Во ред’, некој ќе рече, ‘ќе го препуштам тоа на другите. Јас ќе се повлечам, а некој друг може да дојде на мое место.‘ Подобро немој да го правиш тоа освен ако целосно не си одлучил дека нема да имаш близок однос со Бога. Ако оставите простор сатаната да дојде меѓу вас и Исуса, тој ќе биде плоден во предлозите. Ќе има изобилство на формално однесување и потпирање на механички дејства, но ќе ви недостасува Оној кој може да ве исполни со Светиот Дух и во време на опасност да ви подигне знаме против непријателот. Потпирањето на вашата земна мудрост нема да ви донесе ништо добро, бидејќи во најдобар случај имате ограничено искуство и не знаете половина од она што мислите дека знаете за безбедно и мудро да управувате со делото што ви е доверено“. – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 932.

б. Како знаеме дека мачењето на душата во Левитска 23 е всушност ден на пост на денот на помирувањето? Левитска 23:28,29; Неемија 9:1,2; Естира 4:3; Јоил 2:12,13.

„Целиот обред бил одреден со цел на Израелците да им всади во срцето свест за светоста на Бога и за Неговата одвратност кон гревот и да им покаже дека не можат да дојдат во допир со гревот а да не се осквернат со него. Додека се вршела оваа служба на помирување, секоја душа морала да се кае. Сите работи морале да се остават настрана, а целиот израелски народ овој ден морал да го поминува во свечено каење пред Бога, во молитва, во пост и во длабоко испитување на срцето“. – Големата борба, 419.

в. Колку е важно да се држи телото под контрола, дури и со такви методи како што е постот? Јаков 3:2; Римјаните 6:12; 1 Коринтјаните 9:27.

„Апостолот себеси се споредил со човек кој трча во трката и кој настојува со сите сили да добие награда... За да не трча несигурно или бесцелно во христијанската трка, Павле се подложил себеси на строга дисциплина. Зборовите ‘го совладувам своето тело’ буквално значат совладување на желбите, на нагоните и страстите со строга дисциплина“. – Делата на апостолите, 314.

„Ние имаме свечена обврска пред Бога да го сочуваме својот дух чист, а телото здраво, за да бидеме на благодат на човештвото, а на Бога да му послужиме за совршена служба“. – Адвентен дом, 123.


Четврток 24. август

5. ПОСТОТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

а. Опишете ја големата потреба на Божјата црква во последните денови. Матеј 17:19-21; Јоил 2:15.

„Нивната вера (на учениците) мора да биде зајакната со сесрдна молитва и со понижување на срцето. Морале да бидат лишени од своето ’јас’ и да бидат исполнети со Дух и со Божја сила. Срдечното, истрајно обраќање на Бога со вера, вера која доведува до потполна зависност од Бога и до безрезервна посветеност на Неговото дело единствено може да им обезбеди на луѓето помош од Светиот Дух во борбата против началствата и властите, против светските управители на темнината и против поднебесните духови на злобата“. – Копнежот на вековите, 431.

„Божја волја е сите темели и принципи на вистината да бидат темелно и истрајно истражени, со молитва и пост. Верниците не треба да се потпираат на претпоставки и нејасни идеи за тоа што претставува вистина. Нивната вера секогаш мора да се темели на Божјата реч, така што кога ќе дојде времето на искушение и ќе бидат изведени пред судовите за да одговараат поради својата вера, да бидат подготвени со кротост и стравопочит да одговорат на секој што ќе ги праша за нивната надеж“. – Gospel Workers, p. 299.

б. За кој ден конкретно зборува Јоил? Јоил 2:28-32. Иако делумно е исполнето во деновите на апостолите, како ова се однесува на последното време? Дела 2:17,20.

„Деветнаесетти мај 1780. година е познат во историјата како ‘мрачен ден’. Од времето на Мојсеј не е забележан случај на толку густа темнина, на толкаво пространство, и да траело толку долго. Описот на овој настан, како што ни го даваат очевидците, е само одглас на Господовите зборови што ги објавил пророкот Јоил две илјади и петстотини години пред да се исполнат: (Јоил 2:31 цитирано)“. – Големата борба, 308.


Петок 25. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е потребно лично искуство додека се приближуваме до конечниот крај?

2. Додека се врши чистење на светилиштето на небото, кое соодветно дело се врши меѓу вистинскиот Божји народ на земјата?

3. Зошто собирањето на верници кои се истомисленици е важно додека се приближуваме кон крајот?

4. Зошто контролата над телото е поврзана со христијанскиот раст?

5. Зошто соодветниот пост треба да го поврзуваме со молитвата?

 <<    >>