Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 9. септември 2023.

Исхраната низ историјата

„Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сè да ти биде добро, како што и е добро на душата твоја“ (3 Јованово 2).

„Кога луѓето ги предаваат своите срца на неверување, тие се ставаат под контрола на сатаната и никој не може да знае до каде тој ќе ги води“. – The Review and Herald, October 29, 1903.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 293-297, 377-382. 

Недела 3. септември

1. ОБНОВА

а. Како знаеме дека пред Христовото доаѓање мора да дојде до обновување на начелата дадени на почетокот? Дела 3:20,21; Еремија 6:16.

б. Која била првобитната исхрана и зошто билките станале неопходни? Создавање 1:29; 3:17,18; Псалм 104:14.

„За да дознаеме која храна е најдобра, мораме да го проучиме првичниот Божји план за исхраната на луѓето. Оној, Кој го создал човекот и Кој ги разбира неговите потреби, му ја одредил храната на Адам. ‘Еве’ - рекол Бог, ‘Ви дадов секаков вид растение, што дава семе... и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид. Тоа да ви биде за храна!’ (Создавање 1:20) Кога го напуштил Едем и тргнал да си обезбеди живот, обработувајќи ја Земјата под проклетството на гревот, на човекот му било дозволено да јаде и ‘полска трева’. (Создавање 3:18)

Житарките, овошките, зеленчукот и зрнестите плодови ја претставуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, подготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана“. – Здравје и среќа, 295,296.

в. Како знаеме дека не била Божја волја да ни дозволи месна исхрана? Езекиел 20:24,25; Второзаконие 12:20; Псалм 106:14,15; Римјаните 7:7.

„Израелците претрпеле големи загуби оддалечувајќи се од планот за исхрана на кој им укажал Бог“. – Здравје и среќа, 312.

г. Зошто Бог забранил да се јаде лој (маст) и крв? Левитска 3:17; 17:11; Дела 15:20.


Понеделник 4. септември

2. ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ИСУС?

а. Зошто толку многу Евреи биле убиени во пустината? 1 Коринтјаните 10:5-10; Евреите 3:19.

„Стражарите на ѕидовите на Сион требало први да ја прифатат радосната вест за доаѓањето на Спасителот; требало први да го објават Неговото доаѓање и да го предупредат народот да се подготви за Неговото доаѓање. Но тие биле рамнодушни, сонувале за мир и сигурност, а народот спиел во своите гревови. Исус Својата црква ја видел како неродна смоква, покриена со обилни лисја, но без драгоцен плод. Таа имала изглед на побожност, религиозна форма, но ѝ недостигала вистинска понизност, покајание и вера, без што нема вистинска служба на Бога. Наместо родови на Божјиот Дух, тука се покажувал дух на горделивост, формализам, празна слава, себичност и насилство. Црквата, која сѐ повеќе се оддалечувала од Бога, ги затворила очите пред знаците на времето. Бог не ја оставил; Тој не отстапил од Својата верност, туку таа отстапила од Него и се одвоила од Неговата љубов. Бидејќи одбила да ги исполни условите, Бог не можел да ги исполни Своите ветувања“. – Големата борба, 315.

„Да не заборавиме дека времето е кратко. Кажете им на луѓето дека ги занемаруваат драгоцените можности за служба. Сите народи треба да бидат предупредени и поучени да го бараат Господа без одлагање; зашто тој моќен ангел, кој измамил толку многу од ангелската војска, неуморно се труди да ги стави во функција своите заводливи лукавства, со кои измамил милиони и со кои сака да го измами целиот свет. Делото за кое пишува пророкот Захарија е слика на духовната обнова што треба да се изврши за Израел пред крајот на времето“. – Manuscript Releases, vol. 1, p. 315.

б. Како ова се однесува на нас додека се подготвуваме за доаѓањето? 1 Коринтјаните 10:11.

„Треба да се спроведе голема реформа за да се подготви еден народ кој ќе може да се одржи во Божјиот ден. Бог видел дека мнозина, кои тврдат дека се Негов народ, не градат за вечност и во Својата милост Тој им испраќа порака на предупредување за да ги разбуди од нивното мртвило и да ги наведе да се подготват за Христовото доаѓање“. – Големата борба, 311.

„Историјата на стариот Израел претставува највпечатливата илустрација за искуствата низ кои поминаа адвентистите. Бог го водеше Својот народ во адвентното движење како што ги водел и Израелците од Египет. За време на големото разочарување беше проверена нивната вера како што била проверена верата на Евреите пред Црвеното Море. Кога и понатаму би се држеле за раката што ги водеше во нивните поранешни искуства, би го виделе Божјото спасение“. – Големата борба, 457,458.


Вторник 5. септември

3. САДОТ СО МАНА

а. По напуштањето на Египет, за што Евреите набрзо почнале да викаат, и што направил Бог по тој повод? Излез 16:3,13-15.

„За време на робувањето во Египет, Израелците биле присилени да се одржуваат со најпроста и наједноставна храна, но силниот апетит, предизвикан со скудноста и со тешките работи, сторил таа храна да им биде пријатна и истата дури сега им се чинела мошне вкусна. Покрај тоа, меѓу нив имало и доста Египќани кои навикнале на раскошна храна и тие биле први кои почнале да се жалат. Непосредно пред да пристигнат на Синај, Господ, покрај маната, на нивно инсистирање им дал и месо, но само за еден ден.

Бог можел да ги снабдува и со месо исто толку лесно како и со маната, но тоа им било скусено заради нивно добро. Тој имал намера да им даде храна која подобро одговарала на нивните потреби отколку трескавично надразливата храна на која навикнале во Египет. Изопачениот апетит морал да се доведе во здрава состојба за да им биде пријатна првобитната човекова исхрана - земните плодови што им ги дал Бог на Адама и Ева уште во Едем. Од таа причина Израелците во голема мера морале да се откажат од храната од животинско потекло“. – Патријарси и пророци, 377,378.

б. Како ангелите им подготвувале подобра храна? Псалм 78:25.

„Во текот на четириесет години тие со ова чудесно снабдување секој ден биле потсетувани на постојаната Божја грижа и љубов. Според зборовите на псалмистот, Бог им давал ‘леб небесен... Леб ангелски јадеше човекот’ (Псалм 78:24,25). Тоа била храна што ја приготвувале за нив ангелите“. – Патријарси и пророци, 297.

в. Како беше зачуван споменот на оваа храна? Излез 16:32,33; Евреите 9:4.

„Во светињата над светињите го здогледав ковчегот на заветот чии страни, горната и бочната, беа од најчисто злато. И на едниот и на другиот крај од ковчегот се наоѓаше по еден прекрасен херувим со раширени крилја. Со лицата беа свртени еден кон друг, со погледите спуштени кон ковчегот. Помеѓу нив се наоѓаше златната кадилница. Над ковчегот, каде што стоеја ангелите се издигаше извонредно блескава слава, која беше слична на Божјиот престол. Покрај ковчегот стоеше Исус и кога молитвите на светиите ќе се издигнаа до него, Тој ги принесуваше кај Отецот заедно со мирисот на темјан кој согоруваше во златната кадилница. Во ковчегот се наоѓаше златниот сад со мана, Ароновата расцутена палка и камените плочи склопени како книга. Исус ги отвори и јас ги здогледав десетте заповеди испишани на нив со Божјиот прст“. – Рани списи, 32.


Среда 6. септември

4. ЕГИПЕТСКИ ЛОНЦИ СО МЕСО

а. Кои биле првите што се пожалиле на својата исрана? Кој вид на месо конкретно се споменува овде, и како знаеме дека не сакале само придружни јадења што се готвеле со месото? Броеви 11:4-6,9-13.

„(Евреите) се умориле од храната што ангелите им ја подготвувале и ја испраќале од небото. Тие знаеле дека токму таква храна сака Бог да јадат и дека е здрава за нив и нивните деца. Без оглед на нивните тешкотии во пустината, немаше ниту еден слаб во сите нивни племиња. Сатаната, авторот на болеста и страдањето, ќе му пристапи на Божјиот народ таму каде што ќе може да има најголем успех. Тој во голема мера го контролирал апетитот уште од времето на неговиот успешен експеримент со Ева, наведувајќи ја да јаде од забранетиот плод. Тој со своите искушенија дошол најпрвин до измешаното мноштво, египетските верници, и ги поттикнал на бунтовни мрморења. Тие не биле задоволни со здравата храна што Бог им ја дал. Нивните изопачени апетити барале поголема разновидност, особено храна од животинско потекло“. – The Spirit of Prophecy, vol. 1, p. 281.

б. Како Бог го исполнил нивното барање и каков бил резултатот овојпат, бидејќи тие сега имале повеќе знаење отколку кога за првпат го напуштиле Египет? Броеви 11:18-20,33; Псалм 78:27-31.

„Во овој случај Бог им дава на луѓето она што не е за нивно добро затоа што народот го бараше. Тие не го послушаа за да го добијат од Господа само она што ќе се покаже за нивно добро. Тие се оддадоа на бунтовнички мрморења против Мојсеј и против Господа, бидејќи не ги добиле оние работи што ќе се покажат како штетни за нив. Тие биле под власта на изопачениот апетит, а Бог им дал месо како што барале, и ги оставил да ги сносат последиците од задоволувањето на нивниот алчен апетит. Тешка треска покоси голем број луѓе. Оние кои беа најмногу виновни за мрморењето беа убиени веднаш штом го пробаа месото што го посакуваа. Да се покореа на Господовиот избор за нивна храна, да беа благодарни и задоволни со храната што можеле слободно да ја јадат без штетни последици, немаше да ја изгубат Божјата наклоност и да бидат казнети за нивното бунтовно мрморење, бидејќи голем број од нив беа убиени“. – The Spirit of Prophecy, vol. 1, p. 284,285.

в. Како да го наречеме овој намерен чин на бунт? Псалм 78:17,32.


Четврток 7. септември

5. НАПИШАНО ЗА НАШЕ ВРЕМЕ

а. Како знаеме дека ова предупредување за духовните последици е напишано особено за нас денес? 1 Коринтјаните 10:11; Псалм 106:14,15.

„Треба да внимаваме да не ја доживееме истата судбина како древниот Израел. Историјата на нивната непослушност и изопаченост е запишана за наша поука, за да избегнеме да го правиме она што тие го направија. Напишано е ‘нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите.’ Ако ги игнорираме овие предупредувања и опомени, и ги формираме истите карактерни црти што ги развиле Израелците, каков изговор можеме да имаме?“ – The Review and Herald, July 10, 1900.

б. Во подготовката за влегување во земниот Ханан, желбата на Израелците за месна храна претставувала грев. Споредете го ова со животот на новата земја. Исаија 11:6; 65:25.

в. Каква можност им дал Бог на Израелците на границата на ветената земја и колку од нив всушност влегле во неа? Второзаконие 30:19; Броеви 26:63-65.

„Бог, Кој во пустината им дал на Израелевите деца мана од небото, живее и владее и денес... Ние треба секогаш да гледаме со вера кон небото. Не треба да бидеме обесхрабрени ако наидеме на привиден неуспех, ниту разочарани, кога нешто нема да ни појде од рака. Треба да работиме бодро, со надеж и благодарност, верувајќи дека земјата во нејзината утроба крие богати ризници за верните работници, залихи што вредат повеќе од сребро и злато. Планините и ритчињата се менуваат; земјата сè повеќе и повеќе старее и ветвее како облека, но благословите на Оној, Кој на Својот народ му подготвил трпеза во пустината, нема никогаш да пресушат“. – Здравје и среќа, 200.


Петок 8. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Бог сакал животот на припадниците на Неговиот народ да биде обновен според моделот на животот во Едем?

2. Како искуството на Евреите во пустината можеме да го поврземе со нас денес?

3. Зошто Бог го зачувал споменот на мана во ковчегот на заветот?

4. Што се случува кога намерно одиме против Божјата откриена волја?

5. Како знаеме дека е грев да се инсистира да се јаде месна храна во овие последни денови?

 <<    >>