Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Повеќето од нас се визуелни ученици. Кога гледаме шема или табела за нешто, обично е полесно да се сфати и запомни концептот за тоа. Бог го знаел ова кога им ја дал службата во светилиштето на нашите древни предци. Службата и нејзините симболи ни помагаат да го разбираме свеченото дело што Христос, нашиот голем Првосвештеник, го врши во наше име на небото токму во овој момент.

Затоа, во следните три месеци, учениците од саботните училишта ширум светот ќе ја проучуваат оваа исклучително важна тема, Симболи од службата во светилиштето. Ова е трет дел од едногодишната серија со наслов Ризници на вистината, која треба да ни помогне да се подготвиме за вечноста.

„Состојбата на неверните Евреи ја илустрира состојбата на безгрижните и неверните меѓу оние што се изјаснуваат како христијани, кои намерно го игнорираат делото на нашиот милостив Првосвештеник. Во симболичната служба, кога првосвештеникот влегувал во Светињата над светињите, од сите Израелци се барало да се соберат околу светилиштето и на најсвечен начин да ги понизат своите души пред Бога, за да добијат простување за своите гревови и да не бидат исклучени од собранието. Колку е тогаш поважно во овој вистински Ден на помирување да ја разбереме службата на нашиот Првосвештеник и да знаеме какви должности се бараат од нас!“ - Христос во неговото светилиште, 161.

Кога би можела да се тргне завесата што го дели видливиот од невидливиот свет и кога човечките синови би можеле да ги видат ангелите што го бележат секој збор и секое дело со кое ќе мораат да се сретнат на судот, колку зборови што ги изговараме секој ден не би ги изговориле и колку дела не би направиле!...

Жалосен е извештајот што го носат ангелите на небото. Разумните созданија, божемните Христови следбеници, потполно се обземени со желба за стекнување на богатство или со уживање во земните задоволства. Парите, времето и силите се употребуваат за украсување и угодување; малку време се посветува за молитва, за истражување на Светото писмо, за понизување на душата и за исповедање на гревот.

Сатаната измислува безброј планови со цел да ги окупира нашите мисли за да не се занимаваме со она што би требало најдобро да го познаваме. Стариот измамник ги мрази големите вистини што ни укажуваат на жртвата на помирување и на силниот Посредник. Тој знае дека успехот му зависи од тоа колку ќе успее да ги одврати мислите од Исуса и од Неговата вистина“ – Големата борба, 487,488.

„Потребно е секој ден да вложуваме нови напори во поглед на воздржување и самооткажување. Секој ден мораат да се водат нови борби и да се стекнуваат нови победи. Секој ден во душата мораме најсесрдно да се молиме на Бога и да се залагаме за силни победи на крстот“ – 4 Сведоштво, 429.

Наша молитва е сите да бидеме зајакнати со Библиските лекции за ова тримесечје, гледајќи со очите на верата кон нашиот Првосвештеник во небесното светилиште.

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>