Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 
  Сабота, 1. јули 2023.

Дар во првата сабота за мисионерско училиште во Јужноафриканскиот регион

Мисијата на Унијата на Замбија на РДАСД беше организирана во 2012 година. Наскоро после тоа беше поставена важна цел, во хармонија со следните зборови на вдахновението:

„Одлучно треба да се направат одредени подобрувања во обуката и подготовката на младите за работа. Во сите наши конференции, треба да се подготват темелни планови за обука и подготовка на оние кои сакаат да се посветат на Божјото дело. Нашите мисии по градовите даваат поволни можности за обука за мисионерска работа, но тоа не е доволно. Нашите училишта треба да ги имаат на располагање најдобрите можни услови за обука на работници и за домашни и за странски полиња“ - Gospel Workers, p. 75.

Со Божја милост, во 2021. година, Одделот за образование на Генералната конференција дојде да помогне во изградбата на мисионерски центар за обука во Лусака, Замбија. Овој центар ги опслужува сите источноафрикански земји, бидејќи Замбија е централно лоцирана.

Во 2022. година, мисијата на Унијата на Замбија купи парцела од 16,2 хектари за да изгради црква и мисионерско училиште. Земјиштето е целосно исплатено и е во сопственост на мисијата на Унијата на Замбија. Бидејќи ние имаме училиште на тоа земјиште, учениците ќе имаат доволно земја на располагање за да одгледуваат сопствен зеленчук.

„Учениците во нашите училишта примаат едно посебно образование. Тие треба да се запознаат со сите гранки на делото, за кога ќе излезат од училиштето како мисионери, да можат да бидат самостојни и способни со стекнатото знаење да си ги обезбедат за себеси сите неопходни погодности и потребни работи... Треба да бидат упатени во земјоделието и разни други занаети“ – 6 Сведоштво, 208.

Веќе се подготвени градежни планови за училиштето кое би се состоело од две училници, библиотека, директорска канцеларија, кујна, трпезарија, домови за 20 ученици, перални и сместување за наставници. Сепак, мисијата на Унијата нема доволно пари да продолжи со градежниот проект. Се проценува дека трошоците за завршување на овој проект ќе бидат околу 236.000 американски долари. Затоа, апелираме до вас, нашите браќа и сестри ширум светот, да ни помогнете да го реализираме овој проект. Се молиме Бог богато да ве благослови додека великодушно давате за Проектот за училиште за мисијата на Унијата на Замбија.

Вашите браќа и сестри од Јужноафриканскиот регион

 <<    >>