Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 5. август 2023.

Небесната служба засенета

„Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето - Човекот Христос Исус“ (1 Тимотеј 2:5).

„Христовото посредување за нас се огледа во тоа што Тој ги нуди своите божествени заслуги во жртвувањето на Самиот Себе на Отецот, како наша замена и гарант; зашто Тој се вознел на небото за да нè откупи од нашите престапи“. – Faith and Works, p. 105.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Faith and Works, pp. 105–108. 

Недела 30. јули

1. ПОРАКИ ПРЕКУ ПРОРОЦИТЕ

а. Како Бог му ја открива Својата волја на човештвото, и која порака е специјално наменета за последните денови? Броеви 12:6; Даниел 8:1,2.

„Читајте ја книгата на Даниел. Разгледајте ја историјата на царствата претставени таму, точка по точка. Погледнете ги државниците, советите, моќните војски и видете како Бог работел за да ја сруши човечката гордост и да ја положи човечката слава во прав. Само Бог е прикажан како голем. Пророкот во визија гледа како Бог ги соборува најмоќните владетели од престолот и поставува други. Тој се открива како владетел на вселената, кој треба да го воспостави Своето вечно царство - како Старец на престолот, живиот Бог, изворот на сета мудрост, сегашен владетел, откривач на иднината. Прочитајте и разберете колку е беден, безвреден, краткотраен, погрешлив и виновен човекот кој се крева во својата ништожност“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1166.

„Проповедниците и народот изјавуваа дека Даниеловите пророштва и Откровението се несфатливи тајни. Но сам Христос своите ученици ги упатил на Книгата на пророкот Даниел во врска со настаните што требало да се случат во нивните денови и рекол: ‘Кој чита нека разбере’ (Матеј 24:15). А тврдењето дека Откровението е тајна што не може да се разбере го негира и самиот наслов ‘Откровение на Исус Христос, кое Му го даде Бог, за да им го покаже на слугите Свои она што треба да стане скоро... Блажен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску’ (Откровение 1:1-3)“. – Големата борба, 341.


Понеделник 31. јули

2. ОВНОТ И КОЗЕЛОТ

а. Кого го симболизира овенот и како тоа пророштвото се исполнило? Даниел 8:3,4,20; Естира 1:1.

„На секој народ кој се појавил на сцената на настаните му било дозволено да го заземе своето место на Земјата за да може да се види дали ќе ја исполни намерата на ‘Стражарот и Светецот’ (Даниел 4:13). Пророштвото го најавило подемот и падот на големите светски царства - Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим. Со секое од нив, како и со народите чија што моќ била помала, историјата се повторувала. Секое царство поминало низ период на проба, секое изневерило, славата му избледела, моќта исчезнала, а неговото место го зазело друго царство.

Иако народите ги отфрлувале Божјите принципи, и со тоа отфрлување ја предизвикувале својата сопствена пропаст, сепак било очигледно дека божествената семоќна намера се исполнувала во сите нивни движења“. – Воспитување, 176,177.

б. Кого го симболизира силниот козел и како тоа се исполнило? Даниел 8:5-8,21,22.

„На Александар му било многу полесно да ги покори царствата отколку да владее со својот дух. Откако ги освоил нациите, овој таканаречен великан паднал поради попуштањата на апетитот, како жртва на неумереноста“. – Christian Temperance and Bible Hygiene, p. 29.

в. Иако Библијата ја прикажува историјата на светските царства со непогрешлива точност, кои Христови зборови треба секогаш да ги имаме на ум? Јован 18:36.

„Запознавањето буди сочувство, а сочувството е извор на успешната служба. За да разбудиме кај децата и младите сочувство и дух на пожртвуваност кон страдните милиони во далечните краишта, треба да ги запознаеме со тие земји и нивните народи. Во тој поглед може да се стори многу во нашите училишта. Наместо да се занимаваат со освојувањата на Александар и Наполеон во минатото, учениците треба да ги проучуваат животите на луѓе како што се апостол Павле и Мартин Лутер, Мофат и Ливингстон и Кери, како и она што сега се случува на подрачјето на евангелската работа. Наместо да ја оптоваруваат својата меморија со низа измени и теории, кои немаат никакво влијание врз нивниот живот и на кои, кога ќе излезат од училиштето, многу ретко ќе помислуваат, треба да ги проучуваат земјите во светлината на евангелските напори и да се запознаат со народите и нивните потреби“. – Воспитување, 269.


Вторник 1. август

3. МОЌНИОТ МАЛ РОГ

а. Што претставува моќниот мал рог и како се исполнило тоа? Даниел 8:9-12.

„Круната земена од Израелот последователно преминувала низ царствата на Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим. Бог вели: ‘И веќе нема да ја има, додека нѐ дојде Оној чија што треба да биде; и Нему ќе Му ја дадам’“. – Воспитување, 179.

„На Александар и Цезар им било полесно да го потчинат светот отколку да се потчинат себеси“. – Совети за детето, 96.

б. Како се користат зборовите „голем“, „многу голем“ и „огромен“ (во македонскиот превод „осили“, „засили“ и „нарасна многу“) за да се прикажат огромните споредбите на секое од царствата? Даниел 8:4,8,9. Што значи па се издигна до небесната војска и ѕвездите? Даниел 8:10; Битие 37:9-11.

„’Ова го зборува Оној кој ги држи седумте ѕвезди во својата десница’ (Откровение 2:1). Тие зборови се наменети за учителите на црквата - за оние на кои Бог им доверил големи одговорности. Позитивното влијание со кое треба црквата да обилува е поврзано со службениците на црквата кои треба да ја откријат Христовата љубов. Небесните ѕвезди се под негова власт. Тој ги опсипува со светлина. Тој управува и раководи со нивните движења. Кога не би постапувал така, тие не би се одржале во својата положба. Така е исто и со неговите проповедници. Тие се само инструменти во неговите раце и сето добро што ќе го сторат, сторено е само со негова сила. Преку нив треба да блескоти Неговата светлина. Спасителот е нивна сила и извор на нивниот успех. Кога тие секогаш би гледале во него како Тој што гледа во својот Отец, навистина би биле во состојба да го извршуваат неговото дело. Ако исцело се потпрат врз Бога, Тој ќе ги стори канали на својата светлина“. – Делата на апостолите, 586.

„Јован се сеќавал на оние прекрасни и чудесни случувања на кои бил очевидец во Христовиот живот. Во своите мисли (фантазија) повторно им се радувал на можностите со кои еднаш бил опкружен и многу утешен. Наеднаш нешто го прекинало неговото размислување: тој бил повикан со јасен и определен глас. Се свртел да види од каде доаѓа гласот, кога Го видел својот Господ, Кого го сакал, со Кого чекорел и зборувал, и на чие страдање на крстот бил сведок. Но како се променила Христовата појава. Тој веќе не е ‘Маж на болки, свикнат на страдања’ (Исаија 53:3), и не ги носел повеќе знаците на Своето понижување. Неговите очи биле како огнен пламен, Неговите нозе како избрусен месинг, или растопен бакар. Тонот на Неговиот глас е како музички глас на многу води. Неговото лице светело како сонце во пладневниот сјај. Во Неговите раце се седум ѕвезди кои ги преставуваат проповедниците на црквите. Од устата Негова излегувал меч со две острици, како симбол на силата на Неговите зборови“. – Посветен живот, 77.


Среда 2. август

4. ИЗМАНИК КАКО СВЕШТЕНИК

а. Кој е Водачот на војската и како малиот рог се воздигнува против Него? Даниел 8:11,25; Откровение 19:16; 17:14.

„Пророчкиот синџир во кој се наоѓаат сите овие симболи започнува во Откровение 12. глава со змевот кој сакал да го убие Христа кога се родил. Сатаната е змев (Откровение 12:9), зашто тој го поттикнал Ирода да го убие Спасителот. Но, главен претставник на сатаната во војната против Христа и Неговиот народ во првите векови на христијанската ера било Римското царство со неговата претежно паганска религија. И додека змевот првенствено го претставува сатаната, тој, во преносна смисла е симбол на паганскиот Рим“. – Големата борба, 438.

б. Бидејќи Христос не го завршил конечното дело на помирување на крстот (Римјаните 5:8-11), со кое дело на чистење продолжил во небесното светилиште? Евреите 3:1; 8:1,2; 9:8,9,21-26.

„Нашиот голем Првосвештеник ја принел својата жртва кога пострадал надвор од портата. Тогаш било направено совршеното помирување за гревовите на луѓето. Христос е наш Застапник, наш Првосвештеник и Посредник“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 913.

в. По падот на царскиот Рим, како папството ја пренело посредничката служба од небесното светилиште на своите земни институции? 2 Солунјаните 2:3,4; 1 Тимотеј 2:5.

„Темјанот што луѓето го принесуваат сега и мисите кои служат за избавување на душите од чистилиштето немаат никаква вредност пред Бога. Сите олтари и жртви, традиции и измислици со кои луѓето се надеваат дека ќе заработат спасение се само голема заблуда. Повеќе не треба да се принесуваат никакви жртви на земјата, зашто нашиот голем Првосвештеник го врши своето дело во небесното светилиште...

„На Христос и на Неговата посредничка служба за нас не им се потребни никакви човечки заслуги, ничие посредување. Христос е единствениот носител на гревот, единствената жртва за гревот. Молитвите и покајничките исповеди треба да се упатуваат само до Оној кој еднаш засекогаш влегол за сите нас во небесното светилиште...

Таканареченото застапништво на светците е најголемата лага што луѓето можеле да ја измислат. Свештениците и владетелите немаат право да застанат меѓу Христа и душите за кои Тој умрел, припишувајќи си ги својствата на Спасителот и способни да ги простуваат гревовите. Тие самите се грешници“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 913.


Четврток 3. август

5. НЕБЕСНОТО СВЕТИЛИШТЕ ОЧИСТЕНО

а. Како пророштвото на Даниел претскажува дека Христовата секојдневна служба во небесното светилиште ќе биде скриена и нарушена? Даниел 8:11,12.

б. До кога овој бунт — истиот бунтовнички дух кој првично се обидувал да биде еднаков со Бога на небото (Исаија 14:12-14) — ќе продолжи да ја засенува Христовата служба на помирување во небесното светилиште? Даниел 8:13,14.

„Луцифер сакал на небото да биде највисок по сила и авторитет; сакал да биде Бог, да владее на небото; и за таа цел придобил многу од ангелите на своја страна. Кога со својата бунтовничка војска бил исфрлен од Божјите дворови, неговото дело на бунт и самољубие продолжило на земјата“. – Reflecting Christ, p. 51.

„Спасителот ги собрал своите ученици околу Себе и им рекол: ‘Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и слуга на сите’... Расправата околу првенството била последица на делувањето на истиот оној дух, кој претставува почеток на големата борба во вселената, поради што Христос морал да се симне од Небото и да умре... Кога навистина би сакал да биде како Севишниот, Луцифер никогаш не би го напуштил местото што му било одредено, бидејќи духот на Севишниот се манифестира во несебична служба. Луцифер ја посакувал Божјата власт, но не и Неговиот карактер. Тој сакал да го заземе највозвишеното место и секое суштество што го поттикнува неговиот дух постапува исто така. Поради тоа неизбежно настануваат отуѓеност, кавги и неслога. Власта станува награда за најсилниот. Царството на сатаната е царство на силата; секој поединец го смета другиот како пречка на патот на сопствениот напредок или скалило по кое ќе се искачи себеси на некое повисоко место“. – Копнежот на вековите, 435,436.

в. Што ќе разбереме кога ќе го дознаеме крајот на 2300-те денови? Исаија 43:25; Откровение 14:6, 7.


Петок 4. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На какво самоодрекување треба да бидеме подготвени за да ги разбереме важните пророштва за нашето време?

2. Како знаеме дека пророштвата од Даниел 9 се јасно поврзани со Даниел 8, особено со објаснувањето на 14. стих?

3. Додека ги проучуваме пророштвата, што треба да разбереме за временските периоди?

4. Наведи некои од работите што треба да се исполнат во текот на периодот од 70 седмици?

5. Што требало да се случи пред Исус да ја започне својата небесна служба?

 <<    >>