Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 8. јули 2023.

Грев: Неговата појава и искоренување

„Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив“ (Излез 25:8).

„Со текот на долгиот заеднички живот и со мешањето со многубошците, израелскиот народ многу нивни обичаи внел во своето богослужение. Затоа Господ на Синај им дал одредени упатства во врска со жртвената служба“. – Патријарси и пророци, 364.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 343-358. 

Недела 2. јули

1. ВО ПОЧЕТОКОТ

а. Каков свет создал Бог на самиот почеток? Создавање 1:31; Проповедник 7:29.

б. Иако Бог имал намера човечкиот род да живее вечно, зошто биле поставени две дрвја во едемската градина? Создавање 2:9.

„Кога нашите прародители биле сместени во прекрасната едемска градина, тие биле испитани во поглед на нивната лојалност кон Бога. Тие можеле слободно да изберат или да му служат на Бога или преку непослушност да се здружат со непријателот на Бога и човекот. Кога би се воздржале од она што Бог го забранил, тие можеле да го задржат својот убав дом во Едем и да уживаат во Божјата наклонетост, но доколку ги занемарат Божјите заповеди и го послушаат гласот на сатаната кој зборувал преку змијата, тие не само што ќе го изгубат своето право на Едем, туку и на самиот живот. Ним им била прикажана казната за гревот и тие биле информирани за судбоносните последици во зависност од тоа дали тие со своите постапки ќе покажат послушност или непослушност на Божјите барања“. – The Signs of the Times, May 12, 1890.

в. Кога човештвото не го послушало, како се покажало дека тоа е грев? Римјаните 5:12,19.

„Господ и денес го бара токму она што го барал од Адам во Едем - совршена послушност на Божјиот закон“. – Faith and Works, p. 89.


Понеделник 3. јули

2. ПО ГРЕВОТ

а. Зошто немаше начин да се избегне смртната казна? Создавање 2:17; Римјаните 6:23; 7:5.

„Последицата од јадењето од дрвото за познавање на доброто и злото се гледа во искуството на секој човек. Во човечката природа постои тенденција кон злото, сила на која човекот не може сам да и се спротивстави“. – Воспитување, 29.

б. Зошто смртта е природна последица на гревот? Езекиел 18:20 (прв дел); 1 Јованово 5:12.

„Бунтот на сатаната требало да биде поука за целата вселена во сите времиња и вечно сведоштво за природата и за страшните последици на гревот. Начелата на сатаната и нивното влијание врз луѓето и врз ангелите требало да покажат какви се плодовите на отстранувањето на божествениот авторитет и да посведочат дека со постоењето на божественото владеење и со Неговиот закон е поврзана благосостојбата на сите суштества што Бог ги создал. Така историјата на овој страшен бунт требало да биде постојана заштита за сите свети суштества, да ги сочува од погрешно сфаќање за тоа што значи престапот и да ги заштити од гревот и од неговата казна“. – Големата борба, 499.

в. Која е причината за одвојувањето од Бога, т.е. одвојување од животот? Исаија 59:2.

„Гревот го одвоил човекот од Бога. Без планот на спасението судбината на човекот би бил вечното одвојување од Бога и темнината на бескрајната ноќ. Спасителот со Својата жртва повторно ја овозможил врската со Бога. Ние не можеме лично да дојдеме во близината Божја; поради својот грев не можеме да го гледаме Неговото лице; но, можеме да Го набљудуваме и да разговараме со Него во Исуса, Спасителот“. – Воспитување, 28.

„Оние кои размислуваат за последиците од забрзувањето или попречувањето на Евангелието обично мислат на последиците што тоа ги остава врз нив или врз светот. Ретки се оние кои размислуваат како тоа се одразува врз Бога. Ретки се оние кои мислат на страдањата што гревот ги предизвикал на нашиот Создател. Целото небо страдало во Христовата претсмртна борба; но тоа страдање ниту почнало ниту завршило со Неговото појавување во човечки облик. Крстот на нашите затапени сетила им ја открива болката што гревот уште од самиот почеток му го нанесувал на Божјото срце. Секое оддалечување од праведноста, секое сурово дело, секој неуспех на човекот да го достигне божествениот идеал, му нанесува болка на Бога“. – Воспитување, 263.

г. Што е грев и дали некој бил изземен од него? 1 Јованово 3:4; Римјаните 3:23.


Вторник 4. јули

3. ИЗЛЕЗ ОД ИСКУШЕНИЕТО

а. Која била вистинската змија и што му направи на целиот свет? Откровение 12:9; 2 Петрово 2:19; Римјаните 8:22.

„Во човечката природа, кога е одвоена од Изворот на вистината, постои постојано противење на Божјата волја и патишта. Физичкото, менталното и моралното суштество е целосно под контрола на непромислените импулси. Сетилата се изопачени, а секоја способност што му е доверена на човекот за да расте во мудрост е деградирана. Човекот е мртов во престапи и гревови. Склоноста го движи, страстите владеат со него, а неговите желби се контролирани од силата за која тој не е свесен. Тој зборува за слободата, за слободата на дејствување, додека се наоѓа во најпонизувачко ропство. Тој не е свој. Нему не му е дозволено да ја види убавината на вистината; зашто телесниот ум е непријателски настроен кон Бога и не го почитува Неговиот закон. Тој ја гледа вистината како лага, а лагата како вистина. Умот контролиран од сатаната е слаб во моралната сила“. – The Review and Herald, February 17, 1891.

б. Што нѐ држи во ропство? Римјаните 6:16; 8:5.

в. Како планот за откуп за првпат бил воведен во вселената, и кој е семето на жената? Создавање 3:14,15; 22:18; Галатјаните 3:8,16,29.

„Во моментот кога Адам попуштил на искушението на сатаната и го направил токму она што Бог му рекол да не го прави, Христос, Божјиот Син, застанал меѓу живите и мртвите, велејќи: ‘Нека падне казната врз Мене. Јас ќе застанам на местото на човекот. Дајте му уште една шанса.’ Престапот го ставил целиот свет под смртна казна. Но, на небото се слушна глас кој вели: ‘Најдов откуп’“. – The Signs of the Times, June 27, 1900.

г. Како Павле го опишува тоа „непријателство“ (Создавање 3:15) што е всадено во секој верник? Римјаните 12:2.

„Ништо не може толку брзо да ја вдахнува верата како вежбањето на верата“. – Пророци и цареви, 351.

„Верата што ни овозможува да ги примиме Божјите дарови, и самата е дар, од кој една извесна мерка е всадена во секое човечко суштество. Таа расте кога се вежба во примањето на Божјата Реч. За да ја зајакнеме верата, мораме често да ја доведуваме во допир со Речта“. – Воспитување, 253,254.


Среда 5. јули

4. КРВНА ЖРТВА

а. Зошто проучувањето на Библијата е од витално значење за планот на спасението? Римјаните 10:17; 2 Тимотеј 4:2.

б. Кога и зошто Христос избрал да дојде да му ја каснат петицата (Создавање 3:14,15)? Евреите 2:14,15; Римјаните 8:2,3; 16:25,26; Откровение 13:8.

„Заветот на милоста не претставува некоја нова вистина; тој постоел во Божјиот ум од вечноста. Затоа се нарекува вечен завет“. – The Faith I Live By, p. 77.

„Христовата смрт на крстот овозможи да се уништи оној што ја има ‘власта над смртта’, кој е и зачетник на гревот. Кога сатаната ќе биде уништен, нема да има кој да искушува на злото. Помирувањето никогаш повеќе нема да има потреба да се повтори, и нема да има ризик од нов бунт во Божјата вселена. Единственото нешто што може успешно да го спречи гревот во овој мрачен свет, ќе го спречи гревот на небото. Значењето на Христовата смрт ќе го видат сите спасени и сите ангели. Паднатите луѓе не би можеле да имаат дом во Божјиот рај без Јагнето заклано од постанокот на светот. Зарем тогаш нема да го величаме Христовиот крст? Ангелите му оддаваат чест и слава на Христа, бидејќи и тие не се сигурни, освен ако гледаат на страдањата на Божјиот Син. Со успехот постигнат на крстот, дури и небесните ангели се заштитени од отпадништво. Без крстот тие не би биле посигурни од злото отколку што биле ангелите пред падот на сатаната. Ангелското совршенство не успеа на небото. Човечкото совршенство не успеа во Едем, блажениот рај. Сите што сакаат сигурност на земјата или на небото мора да гледаат на Божјото Јагне“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, p. 1132.

в. Зошто била неопходна крвната жртва? Евреите 9:22.

„Паднатиот човек, поради својата вина, повеќе не можел директно да се обрати кон Бога со своите молитви; бидејќи неговото престапување на божествениот закон поставило непремостлива бариера меѓу светиот Бог и престапникот. Но, беше смислен план според кој смртната казна требало да ја понесе Заменикот. Во планот на спасението мора има крвопролевање, бидејќи смртта мора да дојде како резултат на човечкиот грев. Животното што се користело како жртвено животно требало да го претстава Христа. Во закланата жртва, човекот требаше да го види непосредното исполнување на Божјата изјава: ‘Ќе умреш’. Крвта што течеше од жртвата исто така значеше и помирување. Немаше доблест во крвта на животните; но пролевањето на крвта на животните требаше да укаже на Искупителот кој еден ден ќе дојде на светот и ќе умре за гревовите на луѓето. На тој начин Христос целосно ќе го оправда законот на својот Отец“. – Confrontation, pp. 21, 22.


Четврток 6. јули

5. СИМБОЛИ

а. Зошто е воведено жртвувањето на животните? Создавање 3:21; Евреите 2:14,15.

„За Адама принесувањето на првата жртва било исклучително болна и мачна церемонија. Морал да ја подигне својата рака за да одземе живот кој само Бог можел да го подари. Тогаш првпат видел смрт, а знаел дека ниту човекот ниту животното не би морале да умрат кога тој би му останал послушен на Бога. Кога го заклал невиното животно на жртва, затреперил при помислата дека поради неговиот грев мора да се пролее крвта на пречистото и невино Божјо Јагне. Таа сцена му помогнала подлабоко и поживо да ја сфати големината на својот престап што можел да биде отстранет само со страдањето и со смртта на саканиот Божји Син. И тој се восхитувал на неизмерната Добрина што можела да даде таков откуп за спасение на грешникот. Заблескотела ѕвезда на надеж којашто ја осветлила темната и страшна иднина и го спасила од целосен очај“. – Патријарси и пророци, 68.

б. Зошто се жртвувало јагне, и како ова се претворило во целокупна церемонијална служба? Создавање 4:2-4; Јован 1:29; Излез 25:8.

„Додека престојувал на гората, Мојсеј примил упатство за градење на светиња во која Божјото присуство требало да се открие на посебен начин...

Од тогаш народот требало да биде почестен со постојано присуство на својот Цар“. – Патријарси и пророци, 313,314.

в. Зошто светилиштето се користело како симбол на Божјото присуство? Откровение 21:3,4.


Петок 7. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто биле поставени две дрвја во едемската градина?

2. Зошто смртта е природна последица на престапувањето на Божјата волја и патишта?

3. Какво е всушност непријателството што на чудесен начин е воведено во човечкото семејство?

4. Колку е важна правилната крвна жртва за обновувањето на човештвото?

5. Зошто јагнето е централен симбол на спасението и во сите церемонијални служби?

 <<    >>