Back to top

Sabbath Bible Lessons

Симболи од службата во светилиштето - Ризници на Вистината (III)

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 15. јули 2023.

Нов и жив пат

„Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле“ (Римјаните 5:10).

„Гледајќи постојано на Исуса со окото на верата ние стануваме посилни. Бог ќе му даде најдрагоцени откровенија на Својот гладен и жеден народ. Таквиот ќе увиди дека Христос е личен Спасител. Кога се хранат со Неговата Реч, луѓето увидуваат дека таа е дух и живот. Речта ја уништува вродената земна природа и дава нов живот во Исуса Христа. Светиот Дух Доаѓа како Утешител на душата. Со помош на Неговата благодат што преобразува, во ученикот се репродуцира Божјиот лик и тој станува ново создание. – Копнежот на вековите, 391.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Копнежот на вековите, 383-394. 

Недела 9. јули

1. КАРПАТА НЕ ВЕКОВИТЕ

а. Која илустрација се користи за да се опише силата на темелот на христијанската вера? Излез 17:5,6; Второзаконие 32:4; 1 Коринтјаните 3:11; 10:4.

„Таа карпа била симбол на Оној, Кој со Својата смрт ќе отвори жив извор на спасение, кој ќе потече кон сите оние кои се жедни. Христовите зборови биле водата на животот... Биејќи го Христа, сатаната имал намера да го уништи Кнезот на животот, но од удрената карпа потекла жива вода“. – Копнежот на вековите, 454.

б. Како Исус избрал да дојде на овој свет — и зошто? Лука 2:9-12.

„За Божјиот Син би било скоро бескрајно понижување да ја земе на Себе човечката природа, дури и тогаш, кога Адам сѐ уште бил невин во Едем. Меѓутоа, Исус примил на Себе човечки облик во времето кога човечкиот род бил ослабнат од гревот, кој постоел веќе четири илјади години. Како секое Адамово дете, Тој ги примил последиците од влијанието на големиот закон на наследството. Какви биле тие последици тоа го покажува историјата на Неговите земни предци. Со такво наследство Тој дошол да учествува во нашите страдања и искушенија и да ни даде пример на безгрешен живот“. – Копнежот на вековите, 48,49.


Понеделник 10. јули

2. ПРАВЕЈЌИ ЧУДА

а. Што треба да сфатиме за оној што требало да го подготви патот за Месијата — и како неговото дело било поврзано со чудата? Малахија 4:5; Матеј 11:14; Лука 7:28; Јован 10:41.

„Јован (Крстител) се одвоил од пријателите и од животните удобности. Едноставноста на неговото облекување, облеките исткаени од влакно од камила биле постојан прекор за претерувањето и раскошноста на еврејските свештеници и на народот воопшто. Неговата чиста вегетаријанска исхрана - рогач и див мед - била прекор за попуштањето на апетитот и алчноста која преовладувала насекаде... Оние кои треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање се претставени како верниот Илија, како што и Јован дошол во Илиин дух за да го подготви патот за првото Христово доаѓање. Големото прашање за значењето на реформата треба да го поттикне и пробуди јавното мислење“. – 3 Сведоштво, 62.

б. Кои Христови дела често ги наведувале луѓето да веруваат дека Тој е Месијата? Јован 6:2,26,30.

в. Во каква опасност ќе западнеме ако се потпреме на чудата како темел на нашата вера? Матеј 24:24; Откровение 16:13,14; 13:11-14.

„Невозможно е да се замислат искуствата на Божјиот народ кој ќе се затекне жив на земјата кога во исто време ќе се појави небесната слава (доцниот дожд) и ќе се повторат прогонствата од минатото. Тие ќе чекорат во светлина која ќе доаѓа од Божјиот престол. Со посредство на ангелите ќе се одржува нераскинлива врска помеѓу небото и земјата. А сатаната, опкружен со злите ангели, ќе тврди дека тој е Бог, и ќе прави чуда од секаков вид за, ако е можно, да ги прелаже дури и избраните. Божјиот народ нема да наоѓа сигурност во правење на чуда, бидејќи сатаната ќе ги имитира чудата кои ќе се прават“. – 9 Сведоштво, 16.

„Мнозина ќе се соочат со ѓаволските духови што ќе им се појават како нивни мили роднини и пријатели објавувајќи им најопасни заблуди. Овие посетители ќе влијаат врз нашите најнежни чувства и ќе прават чуда за да ги поткрепат своите тврдења. Мораме да бидеме подготвени да им се спротивставиме со библиската вистина дека мртвите не знаат ништо и дека тие што се јавуваат така всушност се ѓаволски духови“. – Големата борба, 560.

„Овде не станува збор за обични измами. Луѓето ќе бидат измамени со чудата кои сатанските орудија ќе можат да ги прават, а не само да ги имитираат“. – Големата борба, 553.


Вторник 11. јули

3. ГОЛГОТА

а. Која криза на верата на крајот ќе го одведе Исуса на крстот? Јован 6:51-53; Матеј 27:22.

„Предрасудите на фарисеите биле вкоренети подлабоко, отколку што тоа го покажувале нивните прашања; коренот на тоа се наоѓал во изопаченоста на нивното срце. Секој Исусов збор и секоја Негова постапка предизвикувале непријателство во нив, зашто духот што тие го негувале не можел да пронајде во Него никаков одѕив“. – Копнежот на вековите, 387.

„Евреите што не верувале ја виделе само буквалната смисла во зборовите на Спасителот. Церемонијалниот закон им забранувал да вкусат крв и затоа тие ги протолкувале Христовите зборови како светогрдие и се расправале меѓу себе околу тоа“. – Копнежот на вековите, 390.

б. Поради која причина Исус избрал да умре? Евреите 9:22; Откровение 7:14.

„Можноста да се испереме е пружена на сите нас. Изворот е подготвен со неизмерна цена. И нам, кои сме толку несовршени пред Бога задача ни е да се испереме. Господ нема намера да ги отстранува тие наши дамки и недостатоци, ако ние не сакаме да направиме ништо од своја страна. Ние мораме да ги испереме своите облеки во крвта на Јагнето. Мораме со вера да се фатиме за заслугите на Христовата крв, за со Неговата благодат да можеме да ги совладаме сите свои заблуди, гревови и несовршености на својот карактер и да излеземе како победници, перејќи ги своите облеки во крвта на Јагнето“. – 3 Сведоштво, 183.

в. Дали Христовата смрт ги навела луѓето да веруваат дека Тој е Спасителот? Лука 24:2,3,21.

„Изгледало како неволјите да доаѓаат една по друга. Шестиот ден од седмицата виделе како нивниот Учител умрел; првиот ден од седмицата биле лишени од Неговото тело, обвинети дека го украле за да го измамат народот. Тие изгубиле надеж дека некогаш ќе успеат да ги исправат лажните впечатоци кои сѐ повеќе се зацврстувале против нив“. – Копнежот на вековите, 794.

„По Христовата смрт, учениците речиси наполно ги совладало обесхрабрување. Нивниот Учител бил отфрлен, осуден и распнат. Свештениците и поглаварите подбивно велеле: ‘Други спасуваше, а самиот себеси не може да се спаси. Тој е царот на Израел! Нека слезе сега од крстот па ќе му веруваме!’ (Матеј 27:42). Сонцето на надежта за Христовите ученици зашло и врз нивните срца паднала ноќ. Често ги повторувале зборовите: ‘А ние се надевавме дека Тој е Оној што ќе го избави Израел’ (Лука 24:21)“. – Делата на апостолите, 25.


Среда 12. јули

4. ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Каков вид на темел е Исус за верникот? Матеј 16:18; Ефесјаните 2:19,20; 1 Петрово 2:5,6.

б. Колку е важен живиот Спасител за нашата вера? 1 Коринтјаните 15:12-20.

в. Христовата смрт донесува помирување; што донесува Неговото воскресение? Римјаните 5:8-10; Јован 11:25,26.

„Валденжаните копнееле на овие гладни души да им го понудат лебот на животот, да им ја откријат пораката на мирот преку Божјите ветувања, и да ги насочат кон Христа како нивна единствена надеж на спасение. Учењето дека со добри дела може да се искупат за престапот на Божјиот закон го сметале за лажно. Потпирањето на човечките заслуги ја засолнува од погледот на грешникот неизмерната Христова љубов. Исус умрел како жртва за човекот, бидејќи паднатиот човечки род не можел да стори ништо за да се препорача на Бога. Темел на христијанската вера претставуваат заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител. Зависноста на душата од Христа е толку реална, и мораме со Него да бидеме толку блиску и неразделно поврзани, како екстремитетите со телото или прачката со лозата“. – Големата борба, 73.

„Над отворениот Јосифов гроб, Христос победоносно изјавил: ‘Јас сум воскресение и живот’. Тие зборови можело да ги изговори само Божеството. Сите создадени суштества живеат благодарение на Божјата сила и волја. Тие се зависни приматели на живот од Бога. Сите, од највисокиот серафим до најпримитивното живо суштество, се напојуваат од Изворот на животот. Само Оној, Кој е едно со Бога може да каже: ‘Имам власт да Го положам Својот живот и имам власт повторно да го земам’. Во Својата божествена сила, Христос имал сила да ги раскине оковите на смртта“. – Копнежот на вековите, 785.

„Христовото божество е уверување на верникот за вечен живот (Јован 11:25,26 цитирано). Овде Христос мисли на времето на Своето второ доаѓање. Тогаш мртвите праведници ќе воскреснат како нераспадливи, а живите праведници ќе се преобразат и вознесат на Небото, не вкусувајќи смрт. Чудото што Христос наскоро требало да го направи, воскреснувајќи го Лазара од мртвите, го претставува воскресението на сите мртви праведници. Со Своите зборови и дела Тој рекол дека е Творец на воскресението. Тој, Кој и самиот набргу ќе умре на крстот, ги држел клучевите на смртта, како победник на гробот и го потврдил Своето право и сила да даде вечен живот“. – Копнежот на вековите, 530.

„Со Својата човечка природа Христос го допрел човештвото; со Своето божество, Тој се држел за Божјиот престол. Како Син Човечки, Тој ни пружил пример на послушност; како Божји Син, Тој ни дава сила да бидеме послушни“. – Копнежот на вековите, 24.


Четврток 13. јули

5. НЕБЕСНА СЛУЖБА

а. До што нѐ води верата во живиот Спасител? Римјаните 5:11; Евреите 8:1,2,6,9-11; 1 Петрово 1:3,4.

„Кога учениците се вратиле во Ерусалим, луѓето ги набљудувале со вчудовидување. По судењето на Христа и по Неговото воскресение, се сметало дека тие ќе изгледаат потиштени и посрамени. Нивните непријатели очекувале на нивното лице да видат израз на тага и пораз. Наместо тоа, на нивното лице сега се одразувало само радост и триумф. Биле озарени од среќа која не потекнувала од Земјата. Тие не ги оплакувале неостварените надежи, туку биле исполнети со оддавање слава и благодарност на Бога. Со радост раскажувале за чудесните настани за Христовото воскресение и вознесување на небото и многумина го прифатиле нивното сведоштво.

Учениците веќе не гледале со недоверба во иднината. Знаеле дека Исус е на небото и дека Неговата љубов кон нив не се изменила. Знаеле дека имаат пријател крај Божјиот престол и желно сакале да ги упатат своите молитви кон Таткото во Христово име“. – Копнежот на вековите, 832,833.

б. Што треба да направиме за да ја исчистиме нашата совест од сеќавањето на гревот? Матеј 21:42,44; Евреите 10:16,19,20.

„Штом ќе направите грев, треба да се приближите до престолот на благодатта и да му кажете на Исус за тоа. Треба да бидете исполнети со жалење за гревот, бидејќи преку гревот сте ја ослабнале вашата духовност, ги ожалостивте небесните ангели, го ранивте и го повредивте љубезното срце на Откупителот. Кога ќе побарате од Исус прошка со скрушеност во душата, верувајте дека Тој ви простил. Не се сомневајте во Неговата божествена милост, не отфрлајте ја утехата на Неговата бескрајна љубов“. – Selected Messages, bk. 3, p. 196.

в. Зошто беше потребно нашиот жив Спасител да живее на земјата најпрвин како човек? Евреите 2:17,18; 4:14-16; Римјаните 8:34.


Петок 14. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Христовото раѓање во јасли е недоволно за да се спаси човечкиот род?

2. Зошто Христовите чуда се недоволни за спасение?

3. Колку е важна Христовата смрт за нашето помирување со Бога?

4. Зошто воскресението е клучот за спасението?

5. Каде го упатува живиот Спасител верникот?

 <<    >>