Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
  Сабота, 3. јуни 2023.

Дар во првата сабота за црквата во Хосана, Етиопија

Етиопија, земја позната по својата античка цивилизација, се граничи со Јужен Судан, Судан, Кенија, Еритреја, Џибути и Сомалија. Меѓу населението од речиси 120 милиони, жителите на Етиопија исповедаат голем број религии - главно Аврамски - каде членовите на етиопското православие, религијата P’ent’ay (евангелски протестантизам) и римокатоличката вера сочинуваат 67,3% од населението, а потоа следат верниците од Исламот со 31,3%. Исто така постои и мала еврејска заедница, плус некои членови на религијата Бахаи.

Пораката на РДАСД дојде во Етиопија пред околу 20 години кога некои браќа и сестри, под влијание на Светиот Дух, почнаа да читаат и да се молат во врска со сегашната вистина. Набргу потоа нѐ посетија браќата од РДАСД и нѐ организираа како мисија.

Хосана (исто така познат и како Осеана) е голем град, 225 километри оддалечен од Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Во Хосана планираме да изградиме седиште на мисијата на северната унија на Етиопија.

Оваа мисија на Унијата е основана во 2020. година, кога етиопската мисија се подели на три одделни мисии на Унијата на југ – на подрачје на кое живеат околу 40 милиони луѓе. Нашите ресурси се ограничени, но делото се шири. Во моментов во мисијата на Северната Унија на Етиопија има повеќе од 26 локални цркви. Тие опфаќаат огормен регион од градот Хосана па сè до границата со Кенија.

Во Хосана имаме членови на црквата – и тие повеќе од 20 години немаат свој молитвен дом. Меѓутоа, ние сега го славиме Господа затоа што веруваме дека нашите членови ширум светот ќе ја променат оваа историја и ќе ни помогнат да изградиме црква и седиште кои ќе служат како центар на нашата Унија.

Нашата цел е да го шириме вечното евангелие од ова место не само во Хосана, туку и во соседните градови до границата со Кенија. Овој споменик на Господ треба да биде светилник за целата оваа област - и за ова ни е потребна вашата помош. Затоа, ние срдечно апелираме до нашите браќа, сестри и младите ширум светот великодушно да донираат за овој проект, „па во сè да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога“ (2 Коринтјаните 9:11). За вашата дарежлива помош сакаме да ја изразиме нашата најдлабока благодарност и срдечни поздрави.

Вашите браќа од мисијата на северната унија на Етиопија, Хосана

 <<    >>